@eli25 Јас вчера кога гледав забележав дека кај некои поефтини колички не се вади делот за седење и нема опција како да се намести транспортерот, тука вака некако како седнат на количката му идеше. А на поскапата опција од истата марка на пример се вадеше и си се местеше најнормално. @monik55 Најубаво да си провериш дали е случај тоа и со оваа количка, или едноставно така е наместен на сликата. И не залетувај да купиш без да ја видиш во живо. И јас си имав некоја замисла да одберам од нет се што ми треба, и на крај само да купам или да пуштам маж. Ама не било така, во живо се многу поинако изгледа.
Количкава не е во два дела, само се вади кровчето и се реди транспортерот. А може да треба и плус да се доплати за механизмот. Мене глуп ми е моментов и лошо ми е на око, како нешто да не е во ред ми личи, плус ќе се направи лом седиштето, сори Мони @monik55
На овие колички така стои транспортерот сестра ми има слична а и ова ја имам видено низ град така се става над неа и не е баш стабилно
Ве молам за препорака и мислење, во дилема сум за количка. Живеам во зграда каде имам пристап со лифт од врата до излез на зграда па и до паркинг, што значи не ми е фактор тежина. Е сега, најмногу око ми фаќа Kiddo Cruze 3in1 (http://www.bebehome.mk/Kiddo-Cruze-Mocha/), ама во дилема сум бидејќи термин ми е јануари, дали имам потреба од троделна количка со корпа или можам да поминам со дводелна, со седиште кое се прави корпа и транспортер. Вакви варијанти ми се Tornado T4 (https://www.encimenci.com.mk/kolichka-t4-2-vo-1-blue-tornado-h510602) или евентуално некоја на Kiddo со 2 дела, како на пр. Kiddo Jazz 2in1 (http://www.bebehome.mk/kiddo-jazz-2во1-deluxe-sand) Ве молам споделете искуства со тоа кој дел најмногу сте го искористиле или доколку имате искуство со овие колички, дали се океј или да барам други П.С. Знам дека можда ми е рано ама сакам да го истражам пазарот и да слушнам повеќе мислења пред да се пуштам на купување
Јас имам кидо јук. Се е супер до моментот додека не треба да ја спакуваш во кола. Ќе ка спакуваш некако и нема да имаш место за ништо друго. И уште еден момент што не ми се допаѓа кај 3во1е позицијата за спиење. Лежиштето се спушта со ротација и ноџињата одат нагоре. Значи бебе не спие убаво исптавено. Кај тие 2 во 1 овој проблем е решен зошто количката се прави корпа.
Ja imam prvata kiddo cruze nikako znaci od iskustvo Delot za sonce streata e prekratok materijal nikakov krs e kolickata jas ja preplativ bas me interesira koja cena e sega ... dole delot za nosenje isto mal... tesna e bas e bebeska nekako a i tretiot del osven za doma sto go koristev nadvor niednas ne izlegov so nego zosto e komplicirano za vo kola ... nema edna pozitivna rabota kolickava iskreno jas ja koristev 3 meseci i ne izdrzav si kupiv nova .. dzabe parite... ovaa vtorava mi izgleda ok
Не оној делот што треба да се користи најдолго како количка. Наместо да се спушта само наслонот со копчиња се ротира целиот дел. Грпчето кога оди надолу, ноџињата нагоре. Се надевам ти доловив кој е проблемот.
Да да те разбрав сега. Фала ти. Се обидувам да ја избегнам 3во1 варијантата, ем да заштедам колку толку ем да не трупам корпи кои најверојатно нема да ги искористам целосно. Некој друг што купил 2во1 количка да сподели дали вршат работа?
За кидо конкретно ќе ти кажам, 2 во 1 ќе ти го избегне овој момент со ноџињата, ама па таа корпа нема да можеш да ја користиш индивидуално од рамката како посебната корпа од 3 во 1. За друга количка незнам.
На чиполино етрото е добра мојата е од кунер презадоволна сум 3 во 1 е се ми е користено најмногу транспортерот и сега 3дел се пушта до долу и удобно спие мана му е само покривот не е споен ама изгледа тоа е за да може да се мести за од сонце и што ми го зафаќа цел багаж а лесна е сама ја вадам од кола со дете во рака а и е широка има места каде не ја собира да помине
Јас ја имам оваа количка И сум презадоволна. Се прави и корпа за бебе и седиште од кога ќе почне детето да седи. Настрешницата за сонце е голема и има голема корпа за пазарење. Рачката се подесува висински. Е сега не е некоја позната и скапа марка.