Овие 2 во 1 околу 1200€. Зависи боја и кој модел. Ова е Stokke V5,а сега има и V6. Мене повеќе V5 ми се допаѓа.
Немај гајле,не мора да значи ако е скапа дека е добра. Таа на Hot Mom што ја вратив за никаде беше ужас,не можам да замислам дека некој би купил такво нешто. Пластика,тврдо,неудобно,никакво.
Здравје на пролет @emkaemka ќе си купиме да се прчиме трите...зимово со крнтијава ќе пројдеме. @monik55 што ако ја земав 23.000 кога не ја бива.Да во споредба не е нешто прескапо но за таа цена бар да е квалитетна.Ставиле обложен со најлон фолија пресовам картон на наслонот да неможам да си ја исперам 3дена нерви искинав...Ако ме видите со најпрљавата количка Киддо Круз таа сум Работава дал да плачам ил да се смеам
За 23 илјади ќе му купам количка креветче и релаксатор Не сакав јас ништо лошо да кажам повише на шала беше. Нормално сите гледаме како ни одговара на џебот а и нас селење не чека и купување од виљушка до тенџере па ќе се стиснам малце
Лелееее срамотилуци Па земи во најтоплото на сонце влажна крпа и пребришувај, колку толку ќе ја зачистиш. Оваа е топ за перење, се се вади на нитни и копчиња со ластичиња, има и две пластики за грбчето кои се вадат и во машина, јас два пати ја светнав
И јас имам кидо круз мислам дека е најгрда и најглупа непрактична количка... и си купив друга не можев да го гледам бебе како седи во таа
Има бебиња што не сакаат да се возат во количка па и најскапа да е. Нашата е лорели со се транспортер 12000. Дете изнавозено најмалку двапати дневно,товарена од маркети и пазар,материјалот се погоди квалитетен многу лесно се чисти. Не е се до цената.
@monik55 ние ја имаме торнадото две години веќе душа и изадив од маркет е била секогаш фул натоварена одмори и секаде е со нас носена кај и да појдеме со неа сме мн добра се покажа а само 12 000 денари ја зедов.
Ме збуни сега.Ние ја имаме киддо круз ја перам во машина ги вадам цели делчиња и се во машина.Немај гајле не е мрдната.Слободно ставај во машина.На 30 степени.Минимум 5 пати ми е перена за година и пол две.Е сега малку е мачна за расклопување и склопување има милион штрафчиња ама маж е задолжен за тоа.Инаку делам мислење дека е глупава количката а пола Скопје и Косово ја имаат купено.Еве сега за второто ќе си купувам нов транспортер.
Сивата е уште поубава. Тогаш ја немаше на залиха сивата па ја зедов оваа на акција беше. Искрено предобра ми се покажа значи по какви хаос улици ја возам @manako1 знае како ево нашиот град супер издржа.
И јас сум во слична состојба месец и пол пред да се роди беба треба да се вселиме во нашиот спрат, и нормално следува купивање на мн работи за домот, работите за бебето дел купи свекрвата дел моите родители и мн беше од помош тоа за нас, и благодарна сум му и на едните и на другите, кога купував гледав цени да се прифатливи не да ги банкротирам луѓето, одбрав количка со транспортер 2 во 1 на Лорели од 230е, креветче, душече и постелнина вкупно беа околу 250е, релаксатор од золвата за 50е, даска од свекрвата за 20е остана нешто од парите на свекрвата со ги планирала па ни зеде и хранилка од 70е. Значи вкупно околу 620-630е па скоро се купивме и сите работи беа ок. Не е битна цената битно е што можиш да си дозволиш и најбитно е бебенцето. Сп лесно мила и верувам дека ќе израснеме среќни дечиња ако можеби со поефтини работи кои сепак јас ценам што некој ми ги овозможил, затоа што гледајќи во околината мн сиромашни луге кои ни толку неможат да си овозможат, благодарна сум и со толку и среќна па ја одвај чекам да поминат уште 2 и пол месеци, 3 можеби и да си ја родам ќеркичката
Потполно се согласувам со тебе. Ние од денот кога останав трудна почнавме симболично да тргаме пари на страна секој месец за количка и креветче со цел се сами да си купиме. Но како се наближува денот од моја страна сакаат да купат количка, а свеки креветче. Јас бендисав количка до кај 15/16000 иако татко ми ми дава дупло повеќе за таа намена. Плус и нашиот бебе фонд во овие месеци прилично нарасна и можам да си дозволам поскапа и марка некоја, ама не сакам. Што ако бебе воопшто и не сака да се вози во неа. Пре тие пари ќе ги искористам за нешто друго. И креветче не сакам скапо (кој ќе се кара со свеки не знам оти таа си пати од синдром се да е скапо) ама па затоа на душече и постелнини не сакам да штедам. Тие ми изгледаат како поважни, особено душечето. Секој како сака и како може да си дозволи. На крај краева родителството не се мери по скапите работи кои сме ги купиле. Љубовта и среќните мигови се тие кои ќе ги паметат нашите малечки, а не скапите колички и релаксатори. Но немам нишш против и оние кои избрале љубовта да му ја покажат со Мима Хари на пример.
Гледам некој имаше пишано за stokke , од мое лично искуство. Преубава е количката стварно , се заљубив во неа ама си има некои недостатоци. Ако си во зграда без лифт мачно е симнувањето , ти треба кола со поголем багажник и еве скоро кнап му е на бебе мое а сме година и три месеца. Спортскиот дел што го викаат го стаивме некаде на 8 месеца кога беше , пошо во другиот веќе не го собираше . Немаш многу работи да ставиш , пример кесиња од пазарување итн. Летово за на одмор моравме да земеме количка чадор систем за да можеме да се однесеме на одмор. Ама и покрај сите овие работи уште ми е преубава и елегантна ми е многу и се . Го извив мм додека ја купивме . Мислам дека колку можев помогнав со ова
А која е разликата помеѓу pushchairs и strollers? Уште не можам да си дефинирам што ми треба, па после да гледам што сакам
^^ ептен сте ја забегале темава, мислам имаше една таква па најдете ја и искажетесе. @Aneta92 како бе мала е веќе Не ми изгледаа мали, ниту нешто тесни, иако за разлика од Тенков се беше мало и тесно Која сакаш битно да е цврста и лесна и за носење и за склопување @monik55 таа што ти ја пратив не чини??