Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Те разбирам и јас исто така мислев а сега со бебе дома сфатив дека за количка се фрлени парите... ти треба да е практична а не убава на лик. Овие анекс се огромни и гломазни... мој совет е количка со 2 а не со 3 дела зошто корпата мн малце се користи... поважна и поискориатена ти е количката откако ќе потпорасне бебе , а тогаш ти треба лесна чадор систем и практична... едно е мерак друго е во пракса
     
    На Mimmi39, Dina911 и pile30 им се допаѓа ова.
  2. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    109.291
    Пол:
    Женски
    Пак јас и мојата практичност :tmi:

    Првата е преубава, немам збор, елегантна, цврста, ама големи тркала, тешка, гломазна, имај на ум ако ја купиш ќе ти треба и летна, колку и да одбиваш кад тад ќе купиш :D
    Јас би втората и ич не би се мислела, практична, лесна, ниту летна или било каква ќе ти треба.
    Имам obit+ пре презадоволна сум од неа, како авионче ми е, можам и со бебе и неа да баратам :)
     
    На kukla21, Dina911, didisi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Да така е, фала ти. Затоа сте вие тука поискусните да не советувате нас новите во оваа работа. Знам дека отпосле ке сватиме многу работи, и ние ке делиме совети на други што и како треба и за што вреди да се дават пари на што не :)
    Вака по вас што ве слушам со советите изгледа ГБ ке ја земам, здравје ке се пофалам кога конечно ке одлучам :)

    Фала за совет, секако сакам ако земам поскапа количка да не се замарам со летна - зимна :)
     
    Последна измена од модератор: 1 октомври 2018
    На pile30, emkaemka и didisi им се допаѓа ова.
  4. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Обично овие гломазни колички се за помало бебе, после кога ќе почне да оди да ја бутка и само да ја користиш најмаксимално што се вика жал ќе ти биде да си ја трошиш скапата и пак ќе завршиш со летна ефтина а и мн се попрактични за во кола со поголемо дете кога си
     
    На Dina911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    34.010
    Пол:
    Женски
    Акција во ЛокоКроко. Screenshot_2018-10-01-15-54-09.png
     
    На didisi, mamaJana, babydust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Што мислите за количкава?
    20181003_103351.png
     
    На elcezelce, Mimmi39 и Bella* им се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам, задоволна сум од нејзе, поготово корпата синко обожаваше да си спие во нејзе додека беше бебе, а и количката си ја користиме максимално сега, малку е тешка конструкцијата ама доста е практично што е чадор систем и сегде ја собира.
     
    На Autumn_ и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот, денес ја видов и сакам да одам во продавница, затоа сакав и мислење од некој што ја користел ;)
     
    На Autumn_ и elcezelce им се допаѓа ова.
  9. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Јас одамна се мислам за оваа, а мм пак е збеснат по неа. Ама на групава тука ме предомислуваа заради рачките. Јас лично ја пробав во продавница и ок ми беше и со 1 рака да ја возам. Во реалност можеби е поинаку.
     
    На Autumn_ и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мислам дека седиштето не се врти во двете насоки, може само како на сликата. А возењето може да е потешко со бебе внатре - за со една рака. Инаку и мене многу ми се допаѓа, а и понудава е одлична
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Мене мм за рачката ми вика дека ќе ми направи додаток како што има на чико лове количката и ќе ми ги спои. Толку што е запнат за неа. Да не се врти спортското седиште и има и др мани. Мене не ми се допаѓаат и тркалата. Ама има и предности. Лесна е, се збира како чадор и може да помини и како летна.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мене мм ме зезна со количката наша, а оваа си ја имав на ум. Ниедна не е совршена, гледај во рамки на буџетот - ако имате одредено. За цената количкава е одлична. На рачките кога ќе се навикнеш нема да приметуваш. Мене дополнително ми се свиѓа зашто ми е класика, секогаш модерна.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Познаничка ја има оваа количка и јас се зачудив дека корпата има безбедносен систем за да се котисти во автомобил. Има специјални држачи за да се зацврсти со каишите. Мене ми личеше гломазна, ама напротив многу е практучна за пакување. Само пак ќе кажам, раздвоени рачки за мене се големо не. Имам и со споена рачка и со раздвоени и разликата во уптавување е огромна (инаку таа со раздвоени е поскапа, ама џабе, мене не ми е удобна за управување, особено ако треба да држам дете во една и со друга да буткам количка).
     
    На Belabelinakinder, kukla21 и mariz им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.331
    Пол:
    Женски
    Едвај чекав да ја продадам и конечно ја продадов и си купив нова со споени рачки, покрив кој што се спушта до доле и кога е во 0+ спушена позиција количката (Оваа многу краток покрив има!), плус оваа за повисоки од 175/180 никако не е :) Ја утепав од шутирање во возење и згрбавена ја возев. За квалитет немам збор, возена беше 3+ години и немаше ништо скршено, излижано.
    Може убаво изгледа и корпата и транспортерот на неа, ама јас корпата до 4,5м ја користев, а транспортерот до 6м, обичниот дел највеќе се користи, така да тој гледајте го највеќе. Може краткиот покрив да се реши со чадорче + додаток, ако на некој само тоа му смета... за мене повеќе мани имаше количката. Ни тркалата не ми се свиѓаа, на порапава улица ги растресуваше децава многу..
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Има некој услов за да се купи таа картичка или не?
    Ако нема тогаш е исплатливо јас ја глеам количката 390еур а фемили цена е 298еур. А сигурно ќе купиш и други работи и кога ќе си вратиш ддв на крај мислам е исплатливо.
     
  16. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    MaDa, бев викендов во Солун, не мора да се купи картичката. Ја даваат таа фемили цена и без неа. Јас ја одбрав Jazz со седиште и транспортер, 259е е фемили цена и плус враќаат 19% данок. Искача 210е, ама за данокот мора да отидеш пак кај нив да ти го вратат. Сеа чекам да ми пишат дека ја добиле и идам право да ја купам. 5000 ден. е поевтина вака отколку тука кај нас во Бебе хоум (18000 е тука).
     
  17. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Па тоа е супер. Јас се мислам за Juke ама рано ми е уште да купувам само 21 недела сум. Која е разликата од меѓу jazz и juke освен во тркалата? И кажи ми треба да одам да ја порачам па да идам после да ја земам или можам телефонски да ја порачам? И после колку време стигаат од прилика? Jazz и juke не се 3 во 1? Те бомбардирав со прашања :)
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    32.258
    Пол:
    Женски
    Добро ти е размислувањето за количката. Ние купивме количка што ептен ни направи мерак зашто беше ем практична ем супер лесна беше за возење. Немавме потреба потоа од чадор систем количка. И ние чекавме 5 години и на крај се помкнавме до Солун по количката зашто кај нас го снема брендот.

    Мој совет за бирање количка: лесно да се управува со товар во неа (има многу што се лесни за возење празни ама со дете внатре е друга приказна), да се склопува во еден дел ( односно да не мора да вадиш седиште за да ја склопиш), ако може да се склопува со една рака, да има голема корпа долу (ова мене ми беше важно и се покажа како супер опција за шопинг со дете, акање по плажи со количка и слично). голема тенда, и ако ти е тоа битно седиштето лесно да се врти кон мајката и кон надвор.

    Со среќа и со лесно.
     
    На lackygirl и Dina911 им се допаѓа ова.
  19. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Вака, Juke-от ја имаа на залиха, не сум сигурно само од кои бои. Само од Jazz-от немаше ништо, беше распродадена скроз.
    Според мене, тркалата и не е така мала разлика, баш овде во темава читав дека мајкиве препорачуваат да не е количката со едно тркало напред ради рамнотежа и сл. Можеш да ги побараш мислењата поназад. Друга разлика е во димензиите, Juke склопена, конструкцијата е поширока а пократка. А Jazz-от е потесна а подолга. Некои 20см. е разлика. Не знам дали ќе ме разбереш :D разгледај слики и ќе ја увидиш разликата.
    Инаку и двете колички имаат седиште кое се прави корпа, што според мене е супер и ми заштедува некои 50е бидејќи немам потреба да ја купувам и корпата. Особено бидејќи мене термин ми е 8ми јануари, па од тие 6 месеци во кои може да се користи корпата, 3 би ме фатиле зима :D


    А за нарачување, мислам дека немаш потреба, можеш да ги исконтактираш на мејл за да ти потврдат дека ја имаат на залиха таа што ја сакаш па да отидеш да ја купиш.
    Мене ми кажаа дека очекуваат залиха од Jazz оваа или најдоцна наредната недела, им дадов мејл да ми пишат штом ја добијат. Се надевам ти помогнав.
     
  20. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Супер. Ти благодарам многу на советите и информациите. Мене пошто ми е крај на февруар термин планирам да почекам и да идам околу католичкиот божиќ па би требало да имаат и некој попуст плус тогаш. Фала ти уште еднаш :*