@saramila09 колку беше оваа количка? Јас сум уште на мисла дали да купувам сега количка. Бебето ќе ми е доцно есенско или рано зимско со термин крај на ноември. Не верувам дека би шетала со количка во тој ладен период, па сега сум повеќе за опцијата да купам на пролет. Што мислите?
Во ред јас само кажав дека може да се начека и тука. Ако правиме до толку прецизна математика стави го бо трошок и патот и времето. Во секој случај јас споделив искуство, а не се убедував. Јас шетав лани цела зима во периоди кога не беше загадено. Дете во скафандрерче си спиеше, а јас на воздух уживав.
И јас имам Ноември термин, па купив. Транспортер секако ти треба. И планирам да шетам бебе, ако не одма по некој месец секако. Корпата планирам да ја користам за преспивање во дневна ако ја сака и да почекам со купување на монтажно кое бев со план да го купам од сега. Вака прво ќе видам дали ќе сака да спие во дрвеното, да не се редм само креветчиња.Така да мислам ќе се искористи. Ако не здравје. Да е се во ред со бебушки.
Јас имам термин јануари па ќе купувам количка со транспортер. Имам слушнато дека бебе не го даваат од болница без транспортер, не знам колку е точно не ме држете за збор. Инаку и ја планирам секоја прилика шо ќе ја имам да ја вадам надвор на воздух, барем на пола саат.
И јас сум со термин исто време, уште немам купено, ама секако ке купам и количка и транспортер. А и јас како @Milaaa991 бев у план да купам плус и монтажно креветче за во дневна, ама оставив да видам како ке биде ситуација со спиење
Само да ти кажам дека на количката што ја гледаш (и грнерално) корпата што се прави количка не може да се користи индивидуално како корпа. Ќе мора да ти стои на тркалата. Ова бидејќи спомна за по дома дека сакаш да ја користиш.
Ја немам јас оваа, 3 во едно купив со посебна корпа. Инаку да, тоа е добра информација дека кај количките 2 во 1 корпата не се користи посебно.
Од сите колички кој ги гледав и го видов во живо највеќе ми остави впечаток оваа и изгледа и она ќе биде. Има адаптери за транспортерот не виси како што изгледа на вакви колички а транспортерот ми се виде многу удобен и широк За парите е повеќе од одлична ја свртев малце во крш,уште маж да оди да ја види,само кај нас има само црна и црно црвена па се мислам каква боја.
Супер тогаш. Во секој случај инфо плус за тие што гледаат колички од тој тип. А вие со здравје да си ја возите. Ние до кај 6 месеци и на пат кога одевме дете спиеше во корпа, па ич не влечевме монтажно креветче.
И јас сум таму некаде со термин не се знае ноември или декември јас ради транспортерот го купувам после ќе треба све ново џабе пари да се фрлат па ќе си купам подобро нека си седи.. 280€ беше 3во1
Јас сум породена крај ноември после 40ден.веќе јас искочив и шетав бебе во корпа (количка 3во 1) и ја користев до 4месеци дека и бевме ситно и кога му омале во должина тогаш ја спакував...а и си спиеше бебе преку ден во корпата и уживаше... Транспортерот го користев за до лекар/контрола и назад а после 5ти месец го возев и во транспортерот се до моментот кога веќе бебе седеше го ставивме и во употреба третиот дел. Зимата со скафандер и кевенце си уживаше бебе.До -5°С Педијатарот ми рече дека 30мин.можам да прошетам бебе кога е чист воздухот нормално и кога не дува. А количката ја купивме еден месец пред да се породам и максимално сите делови ги искористив иако е зимско бебе
Тоа е единствената причина, заради загадениот воздух и Скопје во зима. Ние корпа добивме на подарок. Од таа причина барам не барам количка со корпа. Креветче купив дрвено. Монтирано и е и ја чека. Јас транспортер посебно купив. Може и избрзав, ама не се каам за бебето за ништо. Веќе ме предомислувате.. Да купам и да си ја имам кога ќе се роди бебка.
И вака и така треба да купиш а ќе ти треба од прв ден, прво ти треба транспортер за да го изнесеш за да одиш на контрола на лекар... за било каде на почеток мозе и да спие дома во количка преку ден практично е
Како ги перите навлаките и зимските прекривки на количката. Се мислам утре да ги пуштам во машина ама се мислам дали на програма за рачно перење или и на обична програма немаат мака? И на колку вртежи на центрифуга?
Јас во машина на нормална центрифуга. Сум пробала и на рачно перење и така ми беше цела гланц. Следно само така ќе ја перам.
PegPerego офуцана? Баш ме зачуди. Што е офуцано. единствено што ми текнува е ако го купило Тексас платното па тоа да е избелено. Друго не знам. Јас од тие што ги знам што имаат Pegperego извозеа 4 деца во количката и уште не се дава. Нашата е уште топ. Малку на едно место по вина на аеродромските служби е крзната ама тоа на тој лет сите колички беа оштетени така што до друго ќе беше а не до количката. Платното воошто не се оштети, избеле, исфлека (а постојано се переше со средство за флеки), тркалата се како нови. Јас сум лично скроз презадоволна и најтопло ја препорачувам. Се вози по песок на плажа без мака, стабилна е цврста (единствена каде што седиштето се мести на пластична подлога па не се клати и кога го вртиш со бебе внатре ако се подлизне нема на земја да тресне), се врти со една рака 360 степени со дете од 15 кила, има огромна тенда итн итн.... Не знам секој со свое мислење и искуство.