Ај просветлете ме и мене . Кај враќаат и за каква роба враќаат ? Само за бебешка ,или ? Сум слушнала многу пати за такс фрее ,ама поима си немам што и како
За се што ќе купиш повеќе од 50 еур. На дуќанот треба да има лепенка такс фри даваш пасош и викаш сакам такс фри. На граница одиш кај чичо грк цариник, даваш листовите што ти ги дале во дуќан, става печат и одиш во фри шопот да си земеш парите.
А ова за Лидл и аптеки важи ? Не ни знам како изгледа тоа знакче такс фри . Вака ,едноставно ми личи . Икеа ,ваљда имаат . Фала . Да земам нешто назад , бар за еден ручок да извадам
Плаво знакче е . Пишува Такс Фри. Главно сите големи ланци на брендови даваат. На вашата граница во Гев има шалтер таму прво подаваш документите да ти стави печат. После на фри шоп ги подигаш парите, треба успат и да купиш нешто. Ние ретко одиме преку Гевгелија па ако нема нешто многу за земање не ни барам. Икеа враќаат мислам таму на лице место.
За храна не важи сигурно а за лекови мислам дека исто не важи ама не сум сигурна. Во продавницата прашај си дали враќаат и ќе ти кажат. Само да знаеш дека една сметка треба да ти биде повисока од 50еур а не збир од од повеќе. Е сега они имаат некоја скала која не ја знам точно како е од 50-90еур враќаат еден процент од 90 до незнам колку друг процент за тоа прашувам дали е потврдено од продавницата
Па сега како што стојат работите поефтини се таму за околу 40еур и такс фри кога ќе вратат ќе извадиш да му купиш на бебо уште нешто. Јас планирам да идам околу католичкиот божиќ кога имаат и попусти така да ќе излезе и нешто плус. Здравје има време ќе видам тогаш како ќе стојат работите. Ако стварно даваат 19% такс фри тогаш е исплатливо и те како
Да, они ми кажаа дека ќе ми вратат околу 40е, не рачунаа точно, ама поучена од други продавници кај шо сум купувала, израчунав дека е 19%. Инаку провизија нема да ти земат, бидејќи парите ќе ти ги вратат директно во продавница, на наредно доаѓање, не на фри шоп. Како и да е, количкава е посекако 2 илјади поевтина кај нив, па секако се исплати од таму да ја купиш
Се мислам за количка дали да купувам сега или на пролет здравје. Терминот ми е 25.12, па не знам колку би ја искористила првиот месец/два? Што ми препорачувате? Не дека планирам да се затворам со бебо дома, ама страв ми е од студот Транспортер добив на подарок, така да за одење до болница или било каде во кола, имам. Гледав некои модели во Либерта, ама некако скапи, околу 25000ден. Нели е тоа многу за количка? Ако имате некој предлог или искуство со модел и попристапна цена, кажете ми.
Разгледај на Енцименци, Локо Кроко , Лотус М. Имаш различни цени и модели. Колку мислиш дека треба толку ќе дадеш за количка. За возење зимата зависи времето и воздухот.
Оваа ја има братучетка ми. Многу е стабилна, цврста, лесно се вози ама тешка ептен и гломазна. За Киддо не знам ништо. Најдобро да ги видиш во живо и двете и да споредиш. Зависно што бараш ќе процениш која повеќе ти одговара.