Во потрага сум по лесна и практична количка, овие две ми фаќаат око. Добро би ми дошол некој совет ако некоја од вас ја има да сподели искуство или дадете предлог за некоја слична
http://bebesupermarket.mk/?p=21574 Ја гледам оваа количка, а и доста евтина е? Да не имала некоја искуство со истата или ја познава марката?
Како што читав твојата ја зема од Крш на попуст во Веро ама на страната на крш не најдов таква количка, ако сакаш подетално да ми кажеш зошто баш денес ќе одам накај city mall за да искористам некој попуст за количка, па ако има како твојата би земала, ми се виде доста квалитетна. Фала
Ја нема на страната но ја има во Крш,лесна е ептен комотна,транспортерот исто така комотен со анатомска обвивка. Оди во сити мол пишува дека има намаление на цел асортиман.
Во енци менци ја видовме cangaroo stefanie и ни се допадна и мене и на сопругот, убаво и лесно се возеше, со транспортер и некој попуст доаѓа околу 12300 Некој да ја има, искуство со неа, или искуство со cangaroo?
Првата е најверојатно чадор систем, а вторава не е. Немам искуство со првата, за втората ти треба голем гепек зашто зафаќа доста место и не ја собира во секој. Има долг покрив кој се спушта до напред до доле (додатно патент има), лесно се вози дека е со споена рачка, има голема корпа доле. Ако бараш лесна + практична оваа не е таква. Тешка е и за по скали да ја носиш.
Јас ја имам истата презадоволна сум. до 6 месеци возевме со транспортер, потоа со седиштето. Од кога почнавме со големиот дел кога ќе си заспиеше и го спуштаме како корпа. Прелесна е за возење и за управување, по секакви терени ја имам возено И рсчката има повеќе нивоа си местиш како сакаш. Корпата долу е доста голема, таман за пазарење можиш многу работида ставиш. И торбата што ја даваат со количката е голема и практична. За склопување е прелесна и за носење. Јас сама ја носев од 4 спрат и до 4 спрат назад ја качував. И за одржување е лесна се вади платнотои в машина. Се вадат тркалата и под чешма. Досега максимално ја искористивме.
Од локо кроко ја знам, ова кика бу е марка или? Просветлете ме дами. Искуство со оваа и кунерт силвер 3во1?
Ајде мајкички една мала помош, денес гледавме колички, ни се свиѓаат две, Lorelli Alexa и Lorelli Rimini.... Се двоумам меѓу двете цената на Римини-то е малку повисока зашто оди 1+2(корпа, транспортер и седиште за во автомобил) а Алекса-та е корпа + транспортер.... Некоја што ги имате користено па да ми кажете искуство... Поединечно ви благодарам однапред П. С. Еве слики од двете