Девојки здраво, дали некоја имала искуство со количкава, како се покажала во пракса, колку е квалитетна..? Гледам дека имаат доста попуст па да знам дали да ја имам во предвид.
Искуства со stokke? Дали ја имате со транспортер + делот за 6+месеци или со корпа ? И дали во mothercare во рамстор ги носат сеуште или од други држави ги земате?
Имаме многу слична на оваа количка, и е одлична. НО, само ако бебето сака да се вози. Моево бебе седеше во транспортер до 4 месеци, потоа не сакаше, плачеше. Почнавме да ја ставаме во седиштето, и таму кратко се возеше. Корпата кратко ја користевме, главно за спиење дома, преку ден, и тоа до вториот месец. Едноставно, моето бебе (сега е 7+) не сака во количка. Се надевам ќе смени и ќе си ја возиме.
Заклучок - количката си е добра уште само да му се допадне на бебе од мали се главни значи, нема многу по наше. Thanks
Ако веруваш и сега си го викам така - ако е неродено гледам како ме ,,опоменува" со клоци уште сега ако нешто не му е по кеиф, можам да замислам во иднина. да се знае кој е кој во куќата!
Викаат ако е немирко во стомак ќе биде мирно кога ќе се роди. Не дека е вистина ама за забава го кажувам. Кај мене испадна точно. Моја другарка често идеше да види дали е се ок зашто не го осеќаше да клоца, ѕверка невидена е сега. Just for fun.
Охоо, ова е верување што ми одговара, се прифаќа! значи уште 2-3 месеци клоци после уживанција, спремам кафето за уживање уште од сега
Кај мене 24/7 праеше салта мисл у стомак , мн активна беше , и сега е исто таква од 1ден до 19м како моторче у гз има
Госпожава моја на "центрифуга беше укључена" в стомак, како растит се зголемвит обртајот на центрифугирање
Некако осеќам дека и кај нас ќе биде вака ама ајде, ќе си живеам во одрекување до март живи и здрави само да ни се, секако срцето ќе ни биде полно љубов, и мирни и немирни
девојкии од тетово сум...34+ сум и планирам да одам за скопје да гледам количка и креветче...кажете ми каде можам да најдам најквалитетни ии адреси како да стигнам до тие продавници...искуства од продавниците на Chicco и каде се наоѓаат?
денес тукушто купив...убаво изгледа ии е многуу гломазна..едвај во кола не собра а имаме цитроен ц3...практична е некако...
И ние имаме ваков модел количка и транспортер, транспортерот го користиме и засега го прифати бебето, количката само низ дома што ја возам ама ја сака заспива во неа, бебето е мало уште надвор ја немаме возено но низ дома мн убаво се врти со количката и мн е лесна ако изгледа мн гломазно
здраво мамички, ќе сака некоја да ми каже, освен во бебе хоме, либерта, чарли, локо кроко и енци менци каде на друго место може да се најдат бебешки колички? и кои се попрактични, и дали да се земе 2во1 или 3во1? фала ви најмногу однапред
Јас ја имам од истата на Лорели само моделот Луна, моделот на транспортерот и корпата се исти само мојата има амортизери, бебе го сака транспортерот и сака во него да седи и да гледа цртани, корпата уште ја немаме пробано, а контролата врз количката е многу лесна.
Во Крш продавниците. 3во 1 е со корпа, транспортер и седиштето. 2 во 1 се обично транспортер и корпа што се трансформира во седиште. Исто доаѓа само што за многу кратко време корпа не ти треба и ти е вишок. Ама зависи што преферираш. Корпите па, на убави квалитетни колички, можат да послужат и како креветче за некое време.
Имаш и на пластичарската, во неколку дуќани, кон крајот на редот со дуќани се во наскока накај Ѓорче. Сега не знам каква сакаш, има некои брендови за мене непознати, не знам ни за квалитет какви се, на око изгледаат многу убаво, ама јас само ги гледав, и сепак си се одлучив за таа количка што си ја бендисав во Бебе хоум. И си ја купивме, односно ни ја купија, и баш сум среќна.