Не после семафорите, пред семафорите и од десно и од лево има дуќани. Не знам за чиполоно, зависи што бараш од количката, јас барав амортизери да има, гумени тркала, 4да бидат, рачката за буткање да се подесува, лесно склопува, лесна, и да можам со една рака да ја монтирам, Седиштето да биде и за поголемко дете и да се спушта и за лежење.
Па истото го бараме и ние, т.е јас, премногу се мислиме од кои да земеме.. па мислев да не има некоја друга продавница за колички, има премногу брендови, но повеќето се со пластични..до бг тешко дека ќе можеме да отидеме.. Фала ти сепак
Повторно да си ја пробам срејќата Тие што ја имате од грција ли е поисплатливо да се купи или ја има сеуште во mothercare во рамстор? Или други продавници каде ја има? И дали да се земе со корпата за новороденче,или со транспортер? Фалааа Искуства
Само по нарачка од mothercare. Јас затоа и се предомислив. Ич не сакам од каталог да бирам вака крупни работи.
Баш што викаш не е мала работа па по каталог ќе ја нарачам,и во солун така иделе само по нарачка ми спомнаа,ќе поминам до mothercare фала ти
Така е,па плус треба некој да обајсни како иде не ќе гледам туторијали на youtube како да си ја склопам количката,па и за 100евра да се работи не би ризикувала
Во Космос ја гледав изложена низ дуќаните за бебешки тракатанции. Сигурна сум оти ја гледав. Е во кој точно не знам. Ама во делот на Космос за бебиња беше. Барем лани зимата ја имаше.
Еве за истите пари чисто види ја Cybex priam во Крш, јас ја имам и сум многу задовволна сега за сега. Многу лесна и за возење и за управување и мислам дека помалку место би фатила во кола од оваа. А ако си решена за Стоке земи си ја со транспортер, од корпа мислам дека немаш потреба. Позз
@lady.h количката ја добивме за поклон, но мислам дека е околу 25000 со попуст. Не е со транспортер. Брендот е Maxi Cosi Транспортерот си го купивме посебно.
Пријатели ја купија од Солун не по нарачка туку си отидоа во продавница и си ја видоја и си ја платија ама пред неколку години. Лани имаше една изложена и во Mothercare тука. Е сега ако ептен ти се допаѓа купи ја ама јас понепрактично непто од оваа количка немам видено. Во легната положба детето е со колениците свиткани на седиштето и како повисоко од главата му се. Тешко се управува, тешко се мести и подесува, не се склопува скоро ич, нема никаква корпа за ствари. Затоа прво види ја во живо и пробај ја па потоа купи ја. Инаку далеку поевтино е во Солун да ја купиш.
Од Charli Baby Tетово има земено некоја количка? Гледам на фб мн убави понуди имаат само ме интересира за квалитетот.. Секако прво ке појдам да видам, ама да слушнам и искуство
Ние ја земавме од Белград , одма , добра е не е лоша количката , фенси е многу , ама за оваа количка ти треба поголем багажник во колата . Јас ја купив со корпа ама не ја користев многу.
Фала Затоа се мислам дали со транспортер да си ја земам сепак до 3 месеци мислам поискористен ќе биде него ли корпата. Багажот ми е стандарден немам џип ама тоа е,незнам не гледам други колички останав на оваа. Ќе видам во солун следниот викенд прво дали одма се зема,ако не ќе пратам некој за белград на вејќе виден,одбран модел
Јас ја имам истава и сум презадоволна. Ја зедов од Солун ја имаше на лагер таа боја што ја сакав си вратиб таксфри и ми дојде поефтино. Во врска со корпа или транспортер, зависи која верзија ќе ја земиш. Мојата количка има специјален додаток со што седиштето се прави соодветно за новороденче.