И еден грајфер да расчистува тоа колиштата испопаркирани по тротоари да нема место каде човек да помине
Знам дека ми е мн рано за количка да прашувам ама ете си разгледувам низ интернет ме интересира дали некој има искуство со количкиве Cosatto за 0+? Ми се гледаат лесни , лесно се склопуваат и мислам не зафаќаат мн место во кола поготово оваа за близнаци
Абе ти за близнаци почна да гледаш колички? Да не има нешто нова потврда од лекар те немам прочитано Инаку првата со диносауриси ептен е интересна
Хахах не , за гинеколог другата недела здравје , сега само разгледувам со оглед на тоа што за ќерка ми имавме гломазна количка, си викам можеби овој вид на колички се подобри било да е единечна или за близнаци. А сите ми се интересни верувам дека ќе не можам да се одлучам кога ќе дојде време
@Emma2 @koritsaki близначиња носите? Количкиве се многу интересни, немаше вакви пред три години јас кога барав, многу ретко се наоѓаа за близнаци. Втората розево сина е многу убава, нежна. Машко-женско ви се на двете?
А која недела си? Уште не си отишла на ултразвук да потврдат бременост? Јас одма отидов откако направив тест и се видоа двете срценца како пулсираат. Дури го прашав да не има и трето
Бев пред 2 недели (тогаш бев 4 недели) и само се видоа 2 г.ќеси и ми рече на почеток на март да дојдам за да слушнеме с.реакција сега сум 6+3 Едит-да не сум оф топик сега видов минатата страна пишувале за количкиве , се извинувам.
Каде може да се најдат колички за близнаци една позади друга ? Некако мн малку избор гледам во Мк и тие што ги има се прескапи, па дури и тие една до друга што се но со нив би ми било проблематично движењето затоа тие во втор план ќе ги ставам....па би сакала да ми препорачате некои страни од околните соседи каде би можело да имаат било да е Грција, Бугарија или сл??
ИлиОд која летна количка сте задоволни? Некоја така полесна, сама да можам да ја симнувам по скали? Разгледував, ама некако не можам да се одлучам. Се двоумам меѓу овие: Pockit XSS Quinny Yezz 3 Recaro Easylife Elite Easywalker Или ако имате некој друг прелдог од која сте задоволни споделете.
Близу Благоевград е bambino.bg Ако ве носи пат натака, или ако сакате да прошетате ѕирни си, избор има, солидни цени http://www.bambino.bg/kolichki-za-bliznaci.html Имаше уште една, мислам Касида се викаше, таа е во Софија. А пишав погоре, другарка зема од Либерта, една позади друга на Graco, ама нз што цена беше.. Оваа на Чиполино што е, едно до друго бебе, не изгледа тешка за управување дека има две тркала напред само и не е преширока.. И во Бг гледам поефтина е за 5000ден. http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kolichki-za-bliznaci Кај нас 20.000 е.
Фала ти на предлозите ќе ги разгледам обавезно, а инаку некако не бев една до друга да се ради тоа што влезот до зградата ни е мн тесен патот, а и вратите на зградата и лифтот...само од тие причини си викам не за нив, али секако да видам димензии убаво па ќе размислам што е најпаметно
Ништо Еве и Касида ја најдов, тука поголем избор имаш. http://kasida.bg/category/kolichki_za_bliznaci-44.html?page=2&ProductSort=1
Кукла лесна е количката? За сам да ја симнеш по скали на пример со дете во рака? Колку можев да разгледам пишува дека е 7 кила. Онака ептен ми се свиѓа. И дали и транспортерот оди со неа? Милион колички изгледав, некој од по 3-4 кила, ама се си мислам да не е само телото толку. Некако ми нема логика цела количка 4 кила.
Најлесна количка што може да постои е GB pockit. Ко играчка е дури. Мене количкава ми е топ! Лесна за маневрирање, комотна за бебе, мекичко за седење (не е само платно, туку баш мекичко), голема сенка, се спушта до доле, ножињата може кренати/може спуштени, корпата е пристојна. Се отвора, затвора за секунда. Еве и @emkaemka ја има, па и она нека сподели (мислам веќе има пишувано). Едит. Транспоетер не знам, мислам посебно се купува. Јас имам само количка.