Фала ти многу Кукла. Таа најверојатно ќе биде. Само кажи ми ги носат овде? Дали може да се нарача или мора да барам по сосетството? Ја има во Софија видов.
ГБ покит ја има кај нас во Крш, мене ми ја дадоа поклон кога ја купив Cybex количката. Убава е стварно е мала и мноооогу лесна, ама како што ја гледав на видеото ГБ qbit plus ми личи попрактична, прашај би требало и таа да ја има во крш, они ги држат ГБ. Поздрав
И таа да биде, утка нема да направиш! Јас маневрирам со бебе во рака и количката, можам да ја носам, можам да ја склопам, расклопам, вадам/ставам во кола, како ја купив зимската ја кренав на таван. Ептен е практична, убаво изработена, лесно се управува, лесно се вади цела навлака и се пере и суши во машина, материјалот е супер. Ма авионче е има и перниче за главата на бебе Од твоите приложени и Рекарото е убава, практична, цврста, но ГБ има поголема натстрешница. А транспортер зошто ти е? Инаку тука немаш никаков плус додаток за неа, ниту има опција да нарачаш да ти донесат Крш, значи баш се КРШ
Не ми треба транспортер, големо е бебе веќе, баш затоа прашав да не случајно оди задолжително со транспортер, што ќе му правам и онака неможам да се расчистам од реквизити за бебе. Вака супер Фала ви многу @emkaemka @kukla21 и @Dina911
Мене бебе ми е малецко, уште ја немам користено, здравје да потпорасне па ке кажувам искуство. Инаку и јас мислам дека попрактично нешто нема, посебно ако одиш некаде со кола
И тие безобразни плус е малтене иста како обичната, само наслонот се спушта да му е удобно на бебе кога ќе заспие. Има и qbit обична. И таа не би ја зела. @BoaVista внимавај да не земеш без "плус". Има qbit i qbit+.
Да на овие без + не се спушта, ако купувате обавезно гледајте тоа. Мене дека гратис ми беше па дај шта даш
@Emma2 Јас купив на Косато со најголем кеив за 0+ али без кутијата за новородено бебе ( оној дел исправено да лежи ). За седум дена купив нова количка на jole за новородено Јас сум многу задоволна од оваа и за склопување и за манипулирање. Косато ако земате обавезно и со овој дел со кутија. Најубави на цел свет се и најлесни. Плус нема во зима да се породите, иначе се потенки и колички за пролет и лето. За поголемко бебе сигурно и посоодветни.
Мене овие на Косато ми се убави на око, ама сите користени што сум ги видела низ Скопје/парк се ептен офуцани. Ич не се за нашиве улици. Пластичнк тркалца што одма се "абат".
Се согласувам, на тие дупки и нерамнини со пластичните тркала ќе имате многу нервози. Подобро некои со добра амортизација.
И јас си земав на Косато, Giggle 2 моделот. За изглед нема коментар, ја обожавам ♥️ А и бебп многу ја сака дека шаренило околу него, очи не трга. Вака лесно се склопува и лесна за возење. Али до сеа само транспортерот сум го употребила и еднаш прошетавме со корпата што е рамна за лежење. Да се стопли па ќе видиме како ќе биде со секојдневното користење
Исти се само пали ќе ја платиш поскапо ништо повеќе.Плус секогаш бирај колички што напред имаат единечно тркало.Дуплите многу кочат после некое време.
Јас барам ваква количка, каде можам да ја најдам оваа на фри он и колку пари е? Ќе ја тагнам и @simona_baby да пише
Фри он ги држат во Бебе хоум. Ги имаше барем додека работев јас до пред некој месец,би требало и сега да ги има. http://www.bebehome.mk/количка-city-црно/крем-freeon