Бев да ја видам оваа на фри он ама ја немаа веќе, само во струга имало една....дали ја имаш ти веќе да ми кажеш како си задоволна?
Дали знаете каде во Скопје има колички на Бебетто освен во либерта(неготино и велес)? Ми треба за близнаци ...и ако може да ми сподели некоја што има искуство со оваа марка на колички, дали се квалитетни и сл ?
Ако сакаш да видиш Бебетто Мурано во живо, повели ќе се сретнеме, во Скопје сме . Квалитетна е и ние сме задоволни, само да знаеш дека имаат гуми на пумпање и сметај на тоа да си купиш и мала пумпа која ќе си ја носиш во количката стално, препумпување никако, на нас ни експлодираше тркалото па среќа брзо ни порачаа ново . Исто така возење по плажи и сличен терен не препорачувам, две гуми ни се дупнаа летоска, па среќа по некои продавнички за делови разноразни најдовме внатрешни за мењавање кои којзнае за што се, за количка не се сигурно . Ова не е проблем на Бебетто количките само, генерално на сите што имаат тркала со пумпање. Поздрав и со лесно.
аууу мила што збориш...и на сопругот тоа му рекле за гумите, и баш се прашував што ако се дупне гума, како се менува колку чини да се смени таква гума имаат ли на лагер од нив ...маж ми вика да прашаме на сервис на колку км треба да ја однесеме А пример во парк, кеј не е проблематично за гумите ? Леле што ако се дупнат дури се бебушите внатре А вака како квалитет задоволна си значи од либерта ја земавте, и ме интересира дали е потребно мн простор за да се стави во багашник ? По твое подобро се вакви тркала или пластичните што имаат другите колички ? Фала ти
Лелее сега убаво видов дека за близнаци бараш , по мое искрено види некои покомпактни колички на друга фирма, на пр. Косато, зошто Бебетто за едно дете е автобус а можам да ја замислам таа за близнаци, дупли градски, оној со хармониката Ќе ви треба комбе за таа дуплата за близнаци што е, рачунај седиштата не се склапаат со количката, се вадат и се ставаат во гепек ако ти остане место или на седиште во кола, па рачунај сега две седишта од количката, уште две седишта за во кола за децата, не знам ти и маж ти кај би седеле искрено, а да не збориме за корпите Ако имате услови каде да ја сместите и се решите за Бебетто, менувањето гума не е проблем, ние за 100 денари најдовме гуми и маж ми сам ја смени едната, а сега ми текна дека другата ја лепевме на вулканизер Во Скопје нема каде да ти се дупне гума, ние душата и ја извадивме на количката, што е право, ама на плажата или на местото кај што имаше игли од борови се дупнаа, ни ние не знаеме каде точно
дада ние се мислиме некој автобус или комбе да си купиме за да не собере инаку тешко Мн малку избор има за близнаци катастрофа е да речам , некако другите не ми фаќаат око, оваа така ми е баш убавка а и делува јака дека е квалитетна ..али ќе видам што ќе биде конечен избор чим дојде време... да ти кажам би земала и од соседните земји блиски ако има некои квалитетни , али не знам од каде и какви се, јас не ќе можам да патувам за да ја видам, само преку интернет па маж ми да ја купи би отишол.. фала ти многу на искуството и советите
Може каснам. Јас го имам овој модел на pockit xxs и сум презадоволна. Полесна и попрактична количка немам видено.Околу 4 кг мислам е, но воопшто не ја осеќам дека е толку. Ептен ми е лесна. Сега, кога брвме на одмор, ја носевме со нас. Како рачен багаж, со димензии околу 30-35 цм, се прави за 5 секунди, и си ја земавме со нас, во кабина, за над глава. Море и кога не ми се чекало лифт или воопшто немало, сум ја расклопувала за неколку секунди, детето во една рака, она во друга, и по скали. Нема опција за навалување за спиење но моево, за средново највеќе ја користев, секогаш спие во неа. Можеби до детето е, но за нас не беше тоа минус. Се на се презадоволна, посебно за низ шопинг центри, за викенд патувања да не зафаќа место во багаж или за летање.
Барам мислења на темава за количкава ама нема. Ја видов во алф кидс на фб, ама далеку ми е за во живо да ја видам. Каде продаваат на Чиполино колички низ Скопје? И дали има некој искуство со оваа, Фама се вика моделот. Многу ми се свиде вака на слика.
Ние ја имаме Бебето Холанд 3во1 од Либерта Неготино и многу сум задоволна кога одам до маркет со малиот ја полнам количката со намирници фул сите се чудат колку намирници може да бутнам внатре ,и низ снег и дожд сме ја возеле супер е,за година дена два пати до сега и ги напумпавме гумите.Гломазна е ама квалитетна ја мкнам низ скали цела со делот.А кога одиме на гости кај баба и дедо од втори спрат дел по дел носиме .Сега исто ги носат и во еден дуќан во Струга баш имаше на акција за близнаци па провери и каде е поефтина ако би земала.Пиши на фејзбук или Инстаграм babyandkidsdado .Такви модели имаш и на фирма Трио Бас ги имаат во Сити Мол и во Чико Кики Струга е само не знам дали имаат за близнаци.
Здраво, јас би сакала да прашам дали ја има некој количката од Либерта Бебето Бресо Премиум 3 во 1, и доколку ја има како сте задоволни? Освен што е најверојатно погломазна од другите, не сум ја видела во живо, планирам да одам викендов во неготино за да ја видам, мислам дека сите други карактеристики што ги прочитав на овој форум ги има. Количката е на следниот линк http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto-premium-class/bebetto-bresso-premium-class-3-in-1
@Софија 88 јас мојава од Чико, Урбанот ја викам ТЕНК, а верувај Бебето е за нијанса поголема и погломазна, плус дупла
ќе биде интересно значи Емка ..мн ми се убави тие од Бебето ми делуваат јако, квалитетни и ми се свигаат такви колички што се со по едни тркала...не ги обожавам тие што се со по две тркалца едно до друго...ќе ме разбереш на какви мислам... потешки ќе ми се за вртење, а рачунај две бебиња треба да се гураат и ако е некој малку по нерамен пат и ќе ми се ротираат и кочат без врска ..а овие со по едно друго ќе ми е...али изборов во Мк ни е ужас за близнаци, а на интернет слики гледав што убави ги има...кај нас само две ми фаќаат око, оваа на бебето фаворит ми е...али ќе размислам добро дали ќе ми собира се во багажникот
да таква ко вашата сакам со по едни тркала што се, баш ми е супер, само за близнаци да е ...иако вака гломазна е ми делува мн полесна за возење него тие што се со по две во ред едно до друго...а ти се дупнаа гумите што ги препумпуваше или ? фала ти на предлозите ќе ги видам страниве што се имаат
Макси кози според мене се најдобрите колички.5 години работев со нив , да се малку поскапи ама кој може да си ги дозволи најтопло ги препорачувам. Стандарден изглед не се нешто мн фенси ама квалитетот врв. И најдобри транспортери и седишта имаат дефинитивно.
Здраво девојчиња ... по ваше мислење, искуства и сл. дали сите делови од количката се потребни и се искористуваат како корпа, и транспортерот ? Незнам дали сите делови се неопходни .. и ако може искуства од количка марка "Brevi " ја гледав таа "Ovo twin " .
Транспп Транспортерот е најискористен,од сите ова сум го слушнала,а и најпрактичен за во кола. Во седиште од старт ќе ти е комплицирано,посебно со две. Корпа немав јас,а и не ми фалеше. Тој другиот дел ми се спушташе рамен.