Јас ја имам најодвратна количка се каам 100 патк што ја купив. Толку е тешка неможам да ја поместам да ја симнам по скали, дремам дома додека не дојде маж ми да ја симне. Коа ќе ја склопиш е преееголема не ни ја собира во багажник па корпата ја ставам на седиште. Опција за малку да му го кренеш главчето немаш или јас не се снаоѓам значи или ќе седи или ќе лежи неможам да го кренам на 45 степена. Јас онлине ја порачав и многу се зезнав. Подобро земи си класична количка ова со корпиве како тенк да имам дома пола соба количката ми зафаќа
Јас ја меркав на почеток ама многу мислења прочитав дека е премала, односно дека е само за бебе, кога ќе попорасне дететот не го собира. Инаку многу лесна и практична е.
Јас ја имам оваа количка и е одлична и во најмалиот лифт ја собира. Лесна е многу,малце се мана тркалцата нас едното ни се расклати но има гаранција и може да се однесе да го средат. Ти имаш и за 6500 имитација на овие поскапиве ама не личат на ништо ги гледам во паркче.
Ништо тогаш.. ја додуша само на интернет ја гледав па фина ми изгледаше. Од денеска ќе прошетувам да видам што има по продавници..
Дали некој ја има оваа количка(chicco duo/trio) и да сподели искуства ? Ме интересира дали е лесна, дали без корпата седиштето се спушта до 0 ниво за бебе...
И оваа ја гледав, седиштето не се спушта до доле и се користи за седење само, за над 6 месеци, а додека е бебето помало треба или корпата или транспортерот, инаку убава е на изглед, лесно се управува, нов модел е и нема ништо за неа да се прочита на интернет.
Оваа ја донесоа место Урбанот, па ако е тешка како неа барај си друга Инаку ја видов во живо, на излог, ептен е убава, елегантна Топ е количкава, но има една мана, кровчето е кратко, па за летно сончево време не знам баш дали е ОК.. Во Крш GB-Qbit+ да ја видиш
Овде во спецификации пишува дека е 10кг само количката... околу 3,5 кг корпа/транспортер... Јас од количка го барам следново:1. Да е лесна во тежина 2. Да се врти рачката за напред да го гледаш бебе 3. Амортизери на тркала 4. Да не зафаќа мн простор во кола 5. Бебе е еден месец па ќе ми треба или корпа или скроз на 0 да се спушта седиштето (сите што ги гледав вака што демек се спуштаат уствари пак кај главата се 2-3цм подигнати... ) Ако можете дајте предлог од искуство за да ги исполнува количката овие карактеристики аа и цена до 20.000 гледав грако ево ја препорачуваат ама нигде ја нема веќе, и за кидо џез имаше некои поделени мислења...
Може, но сепак стреа е стреа, мене ми беше ептен битно да е долга. Море кога ќе размислам, сега на бебево да му наместам чадорче пред него, па тоа има да биде радости, радости, кога ќе го џапне, па клати, па тегне јок долга стреа и мирна глава
Имаше попуст кога ја земавме.Околу 8000 и нешто беше. Седиштето не се прави корпа но се спушта за лежење,инаку транспортерот се монтира на количката. Оваа е дуо,има и трио од иста со корпа таа беше околу 13.000 но мене корпа не ми треба.
Кидо џез ја имам јас и ти ги исполнува сите услови освен амортизерите. Седиштето се спушта докрај така да не ти треба корпа. Мојата се роди јануари и досега не ми притребал тој дел, само со транспортер се возиме. Јас сум задоволна за таа цена. Со седиште и транспортер ја купив за околу 13 илјади.
Да.. и Chicco sprint што ја имав имаше кратка стреа и многу ме нервираше поради тоа. Затоа новата ја бирав со екстра долга стреа и кога спие со дополнителен патент се пушта до доле Синко во Чико еднаш исонча нозе. Бебе беше и го носев до кај мајка ми, он во бермуди (а ставав тетра додека да стигнам да не го грее директ ама џабе)... да го пресоблечам гледам исончани бермудчиња
од каде ја купи за 13.000? Читав за џез дека демек седиштето било мн мало ко за дете макс година и пол и мн пластична била... затоа се предомислив за таа.. а инаку нели во транспортер бебиња може да се возат/седат до 2 саати дневно максимум? Затоа барам количка со корпа...
Јас ја гледав во енци менци, се ми се допаѓа ама стреата е многу тенка и кратка според мене. За чико прашајте дали идат со адаптери, знам на некои се доплаќа.
Ја нема тука да ја видам во некоја продавница. Само да ја порачам онлајн. Ама нешто ме зачуди тука е $200 (околу 8000 ден). А баш @BoaVista ја има сега купено 15000. Па незнам дали е иста П.С дали се спакува за да можам да носам како рачен багаж во авион?
Внимавај да е со +. Има иста qbit без плус. Таа е иста само наслонот не оди до нулта позиција. Ако сакаш во авион ко рачен багаж да ставиш количка, тогаш гледај ја pocit+ на GB.