Да не има некоја искуство со следниве колички за близнаци Kunert Booster, Brevi Ovo twin, Abc zoom design и Bebetto ?
Сакам да прашам за совет , што мислите за овие три колички? Се мислам која да ја земам , сакам некоја не толку гломазна и да ја собира полесно во кола. Првата е Chipolino Fama , a втората Cosatto yo 2 lightly. На првава гледам и се вадат тркалата , ама си викам ипак да не е гломазна пак.. а другава е баш интересна и необична ама па тркалцата се многу мали , дали би издржале на дупките по улициве што ги имаме
Ако веке си решена да даваш толку пари за количка види ја Cybex priam lux seat во крш. Според мене многу попрактична и поудобна за бебето и полесна за возење од Стоке
Ние ја земавме Фама, многу ми се допадна. Ако си повисока супер ќе ти биде, јас сум повисочка па и таква барав. Многу е цврста од сите слични е поцврста, стабилна и многу е лесна за возење. Е за со бебе не ни е пробана ама вака по соби ја провозевме и ни се свиде. Потешка е малце.. И има огроомен баскет долу за чување работи. Јас ја нарачав прво во Андреј ама ја немаше таа боја, па ја најдов уште поефтина во Алф Кидс и за 1 ден ми ја донесоја. Инаку посебно оди количка посебно транспортер. Јас прва ја видов, се заљубив и после 4 5 месеци пак се одлучив за неа, ептен ми се допадна.
Косато И едно прашање, кои дупки, по кои улици? Ако имаш у маало некои спешл дупки ОК, или неасфалтиран пат, е тоа е друго. У мое маало сегде е асвалт без ниедна дупка, едвај и нерамнина има, низ Центар, Карпош сум шетала бебе во количка, па и нема дупки, има нерамнини, но дупки не и не е ич страшно за возење количка. Инаку да се фалам ја продадов ТЕНКОТ на бебе Живи радости сум што ја откачив лажам малку и криво ми е Женичката вика ,,леле како нова е, ептен е сочувана,,. Абе викам ич не е користена кое сочувана Со убаво да си ја вози
Да , имаш право не дека не се асфалтирани улиците , туку дека се мали тркалцата па викам да не имам некпи проблеми со нив фала ти многу е сега оваа со машната ми е по слатка не дека и другава не е убава
Убава е и првата, но и кога пиша тркала се вадат.. одма си реков не. Се што е попрактично тоа зимај Приметив само дека првата има поубава корпа долу. А и јас сум фан на Косато, но останав само фан
^Не можам да проценам по сликата, ама косато да не е 6м+? Многу е слатка и џиџана, ама цела тема ја прочитав и никој не дава совет за количка со две рачки. Ми личи на летна.
Извини , мислев за втората и третата на Косато , се збунив малце таа Чиполино отпаѓа малку ми се гледа гломазна искрено, а сакам нешто што полесно @drugarka може да се користи од 0+ зошто се спушта леглото скроз а за рачките појма немам како е подобро
0+ е, но не приметив дека оваа е со две рачки, тоа е баш малку и непрактично за возење @koritsaki Пример со една рака не ќе можеш да возиш, секогаш двете ќе ти се зафатени..
Јас ги прочитав сите 166 страни. И гледав мноооогу колички, на крај со метро отидов, да мерам. Мене ми беше битно да ми ја собира во кола. И пак се одлучив за голема, камион Најбитно е тебе што ти е приоритет, според местото и стилот на живеење. И што ти е мерак се разбира.
Првата е многу убава и постабилна изгледа, за транспортерот читав дека доста долго ќе се користи, а вторава е типична летна количка, тие се за над 6 месеци, а првава од прв ден можеш. Третата слика не се отвара.
Вистината е дека ми треба и транспортер , јас имам веќе еден дома од првата ќерка ама сум заборавила дали има база и може да се подесува и за новороденче спаѓа во групата од 0-18 кг , баш ќе проверам.. да не сум надвор од темата , и овие колички гледам дека се за новороденчиња на Косато , гледам на линков пишува дека е наменета и за новородени https://www.cosatto.com/shop/pushchairs/yo-2/magic-unicorns а третата слика е оваа , малку е поразлична од втората количка Инаку не напоменав јас веќе имам и една количка од ќерка ми , купена уште во 2010 еве оваа , е сега тогаш немавме кола и не возев а сега некако не би ја носела количкава во кола , се сеќавам дека беше баш гомазна и тешка (количката тежи 16 кг) , а не и фали ништо баш си е стабилна количкава , така да останува да ја возам низ градов кај што сум ( сакав да купам друга полесна количка , полесно да влегува некоја во помал багажник ) Баш ќе видам на крај што ќе направам , секако добредојдени се и уште совети , ама ете овие три највеќе ми фатија око @cinderella5 извини сега видов дека си ми одговорила.. а може да ми кажеш корпата гломазна ли е ептен? гледам се собира количката без неа и тркалата дури се вадат. Многу ми е важно да не фаќа многу место во багажник
Јас сум со помала кола и многу мал багаш. Ја пробав на предното седиште со тркалцата ја собира и плус корпата да се стави. Не е воопшто неудобно. Позади сигурно без тркала ќе ја собере и со корпата. Корпата се собира цела и како плик станува воопшто не зема многу место. По гломазна е од другиве колици ама многу е стабилна и јас таква барав. Имаш време зирни си, види каква ти одговара тебе. Плус имаш и искуство
Леле и мојата Само кога беше бебе се возеше ,нова е стакло. Ама не ми текнало даја продадам и незнам колку да и барам ( а и маж ми ќе ме убие оти он ја мразеше од старт ама јас и го имав меракот па ми попушти ) Сега ќе рече за инат неможе.
Мм ја избра Јас оддамна сакав и само викав ,,ќе ја продадам,, но од немукает не ја огласив, навистина не ја користам и немам намера ни да ја користам, цела година веќе дреме на таван. За симболична цена ја продадов 12.000ден, толку и и барав, пишав фиксна дека е цената, со сите додатоци како што идеше + и подлогите ги дадов. За помалку од месец откако ја огласив и на првиот што се јави Ташна имам за со неа, но таа не ја дадов, таа ептен практично се погоди и ептен ја личи на авиончето @koritsaki аха гломазна веќе имаш Јас никако не гледам практичност да пикам количка на предно седиште, уште помалку тркала да вадам. Уствари јас се што е во делови викам НЕ. Купи си Косато, но ѕирни ги тие со споени рачки
Епа тогаш Чиполиното не е за тебе, големка си е, тешка. Косато земи си, 0+ се, имаат баш сум видела и некој додаток во делот за лежење, баш за бебче, зимски покривки. Инаку се зависи од марката на количката..., тетка моја има количка Cam од времето уште, стара некои 18г... количката е мала, летна со едни мали мали тркалца, а тркалата гајле немаат, вози низ дупки, мн лесна
https://www.facebook.com/COSATTO.Ma...069370820986/2028066740821249/?type=3&theater Eве Косато со споени рачки
Благодарам на сите за советите. Е сега гледам оваа Woosh нема зимска покривка , додека Supa количкиве имаат. Ќе прашам баш на страната на фб дали имаат покривка за неа и која е цената. Ако не кога ќе дојдам во Мк па ќе си земам плус покривка , некако за по ладно време мислам дека е ок количката да има покривка. Ако не па останува оваа super stars , и оваа ми се допадна ептен да ви кажам