Ве молам препорачајте лесна , летна количка...што ја собира во помал багажник од кола. Со зимската се зезнавме, не ја собира, па стои на седишта кога мораме да ја носиме. Некоја да е лесна за склопување , практична.
Ѕирни ги на Cosatto , јас минатата недела таква купив (неколку страни поназад ја објавив) може да се користи и за 0+ Друга количка е нa Chicco Liteway , слична на Косато
Те прочитав со закаснување. Јас ја порачав кога бев бремена мислејќи дека е 0+. На десетиот ден купив уште една која беше навистина за 0+. Малата има четири месец денес прв пат седна во неа. Едноставно не се за 0+. Треба да е поголемо бебето. За зимо пак ич. Тенок материјал, класична летна количка. Свртени се нанапред и бебето не можеш да го гледаш и ти се лизга лево или десно нема стабилност. Тркалата се пластични и бараат исклучиво добар асфалт. За летна количка е идеална и најубава на свет по изглед. И функционална церада има сонце не и иде во очи. Лесна е за расклопување и ја собира во багаж. Еве и слика од денес, малата е на позиција лежење. За убавина нема поубава количка
Хехех срце мало , како си уживка во количката ти благодарам за мислењето. Баш ќе видиме како ќе е , моето треба да се роди некаде средина на октомври , за зимно време не знам колку ќе ја користиме ете освен ако треба да одам со кола некаде па да ја ставам во багажник. Имам и друга количка од првото дете таа е баш зимска но и тешка па ќе гледам таа да ја користам повеќе на почетокот. А дека се преубави колички , најџиџани тоа нема збор
Сеуште сум во потрага по количка. Утре ќе одам на кај Дојран, дали знаете дали има некои дуќани да побарам таму?
Во Дојран нема. Можеш да погледнеш во струмица како по ефтина опција. Инаку има во гевгелија и Валандово но таму е скапо
Јас ја имам видено во паркче,транспортерот е многу мал тесен и количката воопшто нее цврста. Види гинна Кика бо од Локо кроко тие личат убави и цврсти. Види ја оваа
@BoaVista мислам дека скоро те читав како си задоволна од летна количка ама не се сеќавам која беше и вртев назад ама не можев да најдам... Се мислам меѓу Cosatto woosh и Chicco Ohlala 2 Зимска имаме косато и ептен ја сакам. Woosh би ја избрала по изглед ама сега за летнава барам практичност и најбитнп да е лесна. Косато ја рекламираат дека е 6кг а Чико 6.8. Е овој дел ме влече накај Чико. Некој искуство со овие?
Нашата е Gb qbit plus, јас сум презадоволна. Се препородив со количката. Лесна, со една рака се расклопува, во една рака носам дете во друга количка. Ми одговара и во висина, повисока е од други колички што гледав. Комотна е за бебе, се пушта и во лежечка положба. Се на се, супер.