Дали со оваа ти дадоа сива навлака за менување на тиркизниот покрив и каиши? Со розевата така ни нудеа во аеродром во продавницата. Пред колку време ја зема по таа цена? Цената е комплет со транспортер?
Пред 7 месеци. Имаат цени за со нивна фемили картичка ама даваат за нас и без да ја имаш картичката. 259е беше и 50е данок вратија. Побарај кај се наоѓаат продавниците на kiddo.gr
Не нема сив покрив и каиши, тиркизни се само. Во таа цена иде и транспортер а седиштето се прави и како корпа за новородено. Пред месец време
Не ми се меродавни продавачките, тие све ќе кажат за да продадат. Мислев некоја што веќе има искуство со оваа марка.
Никако не си, па ако сакаат ќе бидеш врзан со евтина и непрактична количка која тешко се управува и ќе искинеш живци Инаку и според мене нема потреба од корпа посебно, подобра варијанта е седиштето да се прави и корпа. Две во едно. Сега се сите 18.000. Проверив и на страната. Продавачка да не слушаш, секако ќе ти исфали за да продаде
На страната стоеа дека се 17990 и јас кога ја купив и после ја препорачав и на другарка уште стеше таа цена на нет, проверете си најдобро во продавницата
А да дадеш над 1.000евра и да нејќе да седи? Па и сама да оди срце ке те боли. Земи тука од тие 15.000 до 20.000 наајскапа или позајми пробај види бебе дали седи па после купи. Јас како брза кучка прво што направив количка скапа купив и еве сега со нафталин и да ја спаковам нејќе и не.
Под скапа јас подразбирам 300-400еур Овие над овие суми, посебно над 1000еур мжне ги рачунам како колички туку коли Па кола би купила со тие пари. За евтини мислев одние 100-150еур. Најдов во Грција иста цена се како тука 318еур кидото, е сега разликата е 50еур што ќе ти вратат данок и така ќе дојде поевтино.
Za tie so me prasuvaa za kolickata na bebetto holand. Konecno ja izvozivme malku. Lesna e za vozenje, gumite lesno se dvizat. Izgleda golema da, no super e segaa za sega. Dali oti merak za vozenje ni bese nez haha. Se nadevam do kraj lesno ke ni ide. E sega skapicka e da, amaa pusti merak..
Исто?Тука количката е 18000 а во грција е 259е, т.е. 16000 ден. Значи од старт е поевтина. Плус 50е. враќање данок, значи ќе излезе 13000. Не знам со шо би одела за да потрошиш 5 илјади за пат
Не знам од каде информација дека е 259еур. Еве кадар од нивната страна со попуст е 318еур. И тоа ризик е дали ќе ти ја дадат таа цена "без нивна картичка", друго на граница може да те "маткаат" за данокот па да кренеш раце. А трето некои немаат зелен картон па ако вадат специјално за оваа намена не 300, 500еур ќе им испадне количкава
Исто ќе дојде кога кај нас ќе го дадат попустот. Беше за 15 000 сивата,еве погоре ја купиле за 14 000. Од бебе хоме рекоа да следиме на фб можно е да пуштат попуст,обично кога добивале нови производи имало попуст. Ми пишаа во Сити мол ја нема минтот,само сива,со попуст 18 000ден.
Убава е навистина кумата има анекс мислам исти се баш е задоволна лесна а изгледа голема. Јас на cybex priam ја земав преубава,лесна но џабе не се возиме се вришти и крај
Нема да се убедувам со тебе, ако побараш ќе видиш дека ја има за 259е. Ја купив без картичка, не ме маткаа за данокот ниту имав проблеми на царина. Ама секој си одлучува што ќе купи и каде, јас само споделив мое искуство.
Нема што да ме убедуваш, еве стави линк каде ја има за тие пари и може ќе помогнеш на некој од тука да си помине поевтино.