Рано ми е за купување количка, 27 недела утре, шубе ми е уште некако ама би сакала барем по интернет да почнам да разгледувам ако не друго. Што би советувале поискусните, на што да се обрне внимание? Значи не ми пречи големината, сакам да е џиџе убава, гепек голем имаме, башка дома не треба по скали да ја симнувам - важно ми е да е квалитетна, убава за возење, за маневрирање. Како што сум цела бременост во кревет, едвај чекам кејот да го мериме шетајќи цел ден. Од ова малку што ѕирнав по интернет сега, вакво нешто ми фаќа око на прв поглед, ама уште не знам на што треба да внимавам.
После препораките на форумот за летна количка ја купив чико олала и да ви кажам искрено воопшто не сум задоволна. После 2 недели користење количкста крцка како да е возена 2 години.. Тркалата забегуваат лево десно. И друга работа, количката е до 15 кг, бебе мое е 8кг и ако сака да се заврти ја поткрева цела.. Мака ми е што шлапнав толку пари..
Здравоо, сакам да прашам дали некој има искуство со количкиве па да ми даде совет дали се добри за тие пари? Фалааа ви однапред <3 http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kolichka-sydney-3-in-1-grey?sort=p.price&order=ASC http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/lorelli-s500-3-in-1-5?sort=p.price&order=ASC http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kolichka-palli-3-in-1-primebebe?sort=p.price&order=ASC
Има попусти на колички во Bebe Home, MaxiCosi има на попуст и во Енци Менци на Чико количките се на попуст. Видете на ФБ на кој му треба.
Сега ми стигна количката ...ја нарачав од изишоп за 2990....екстра лесна за возење и за склопување....уште синко да реши да излезе да не се мачиме веќе
Може линк? Многу некако евтина количкава...По оваа цена се чадор систем колички, кои се користат за деца над една година.
Ама дека женава е пред породување, не знам колку е таква количка соодветна за бебе. Па во Џамбо тие обичните се толку...
А за оваа некој да даде искуство? За Chicco Trio Sprint моделите што беа кога бирав пред 4 години милион негативности им најдов, од дизајн, до тркала, до куси рачки (башка одвоени), до издржливост, до се буквално. Ама сега ми изгледа со овој модел дека многу напреднале во технологијата, па и тркалата ми изгледаат супер, рачката се подесува и споена е, долга натстрешница, преубав дизајн... Кога некој би ми потврдил од искуство, би било супер. Или да не ја видел некој во живо?
Пред да ја купиме ги погледнавме и истраживме сите можни колички и ја одбравме оваа. Многу е лесна за возење, не зафаќа многу простор во кола, доста е стабилна. Рачката се подига на три нивоа, местењето на транапортерот е многу лесно. И да, прекрасно изгледа. Има и корпа ако сакаш, ама мислам дека немаш потреба, а и некако многу е мала корпата. Убаво е изработена, убави материјали веќе два месеци секој ден ја возам, нема нешто да попушти или да крцка. А и има една година мислам гаранција. Немам замерка освен што можеби малку аморизација и фали, па кога возам по бекатон или нерамен тротоар ми се тресе цела. Ама така е сигурно и со други колички. Мислам дека за таа цена е најдобра количка што може да се најде.
Оди и рекламирај ја, мојата после една година не крцка, нема шанси да ја преврти дете 13кг, а тркалата може да забегуваат на ептен нерамен терен инаку совршено се управува
Ти благодарам многу! Уште да ми кажеш дали е лесна и склопувањето дали е едноставно и дали зафаќа простор у кола? Ептен ни е тесен гепекот, па ова ми е важно. Од каде ја земавте вие и по која цена?
Многу лесно се склопува, само со притискање на едно копче. Не зафаќа многу простор кога е склопена, една од најмалите колички е кога е склопена, ама ако имате од најмалите коли не ја собира во гепек и мора тркалата позади на седиште ( напред не ги собира). Ние ја земавме од Енцименци , има неколку варијанти, со корпа, без корпа, со седиште за кола... отвори го сајтот нивни имаат цени и повеќе информации можеш да прочиташ.
Фала уште еднаш! Деновиве сум во план конечно да купам, па ми олесна многу се надевам и јас на позитивно искуство