Bas mi se dopaga sakam da.ja kupam vaka i mene mi izgleda kako sigurna dosta pa zatoa prasav.fala mnogu na informacijata
Втората вопшто не ми се гледа како стабилна рамката е слаба сум ја гледала низ град како да се клати витка
Се зазборев со едни муштерии тука во маркет за количка. Прашав нивната од каде е.. И некако кога ќе размислам во незгодно време ми се паѓа да земам количка, декември месец, снег... Не знам дали да чекам таму март април, ама па ќе треба и летна да се купи... Ич не знам што да правам... Самиот транспортер ми е гломазен за носење и тежок.. Колку ќе можам во раце да го тегнам по доктори, и да извршувам обрски... Оф помагајте
Ваљда нема да го чуваш дома три месеци затворено. Колку е да е ладно секогаш има поблаги и сончеви денови. А летна количка секако после 7-8м кога цврсто ќе седи.
Јас за овие два месеци сум презадоволна од maxi cosi. Уште од првата недела шетаме, а бебе ужива. На дупките е блага и многу лесна за манипулација ако е големка. П.С. Ние и колата ја заменивме за количката
Па на ладното каде ќе одам со мало дете, низ зграда некој круг и дома, на лекар кога ќе одиме исто во ќебе...
Јас сум породена на 16ти јануари. Со количка нигде не одев до април сигурно. Само во транспортер за до лекар или на гости, и сосе транспортерот си ја ставав секаде, исто како релаксатор ми беше. И ја шетав доста, од 3 недели стара, значи почеток на февруари, сегде идеше со мене, и документи да збркам, и во банка, и нокти да си направам, и на кафе со другарка, буквално секаде. Е кога стана потопло за да се шетам надвор подолго време, уште беше премногу мала и мораше да биде во корпа. Значи пак не беше за во летна количка. Дури сега од пред еден месец почнав да ја исправам (корпата на количката се исправа во седиште со повеќе нивоа на грбот), и затоа иако количката ми е сега гломазна, сеуште не ја менувам за летна бидејќи и малата уште не седи самостојно за да ја ставам сосема на 90 степена седната во таква количка. Значи секој ден е во количката веќе 5 месеца. Се на се, јас би ти препорачала да си купиш количка со корпа, иако се поскапи и потешки, се неопходни до најмалку 7-8 месеца, што значи дека ќе ти треба за цело лето. Јас здравје догодина ќе земам некоја ефтина летна количка колку да имаме во гепек, ама воопшто не се каам за големава количка што ја купив.
Мојот е роден фебруари. Од недела дена е во количка и на балкон. А некаде од месец низ парк. Сепак ти си знаеш.
Јас треба октомври здравје Боже да се породам и знам дека ќе следи гнасно, загадено и смрдливо време, дека нема да можеме многу да се шетаме ама планираме да земеме количка деновиве. Баш ги прашував продавачките дали е неопходна корпа (зашто само таа е 13.000 за количката што ја сакам) и ми рекоа дека не е, ама да земеме транспортер што се става на количката и што е наменет за подолго лежење не само за 2-3 саати. Дали океј ми кажаа или сепак си треба корпа?
Мене корпата и транспортерот ми идеа комплет со количката и затоа транспортерот го фиксирав во кола, а корпата си стоеше на количката, така не морав да правам вади ставај, само бебето го преместувам. Ама повеќето транспортери може да се користат подолго време (не ме држи за збор, мислам барем до 9кг, може и повеќе), и малата еве на 7 месеца сеуште е комотна во транспортерот. Ако не ти смета да го вадиш од кола на секое искачање, слободно можеш да поминеш и без корпа. Едит: повеќето транспортери, исто како релаксаторите, не се препорачува да седи бебе во нив повеќе од 2 часа зошто имаат кривина, не се сосема рамни. Чисто да имаш во предвид.
Тоа ми го посочија во Бебе Хоме - дека имало два типа транспортери на Maxi Cosi: едниот со поголема вдлабнатина за макс 2-3 саати, а другиот малку поголем и полегнат, можело во него долго да лежи бебе без проблем. Затоа ме советуваа ако сакам да ја скокнам корпата да го земам тој.
Бев денеска и ја видов Урбанот Како што ми кажавте и ти и @emkaemka ми се виде голема, тешка и не ми се бендиса искрено Една друга ми фати око Е сега оваа е 17990,а со се корпа и седиште за кола(гратис) е 27990 Дали ќе ми треба корпата за летово бебе треба да се роди декември или да ја земам оваа само со транспортер? Дали има искуства со оваа количка некој? Фала ви
Јас го имам тој транспортер за повеќе саати. Има и додаток за многу мало бебе какво што беше моето. Ние транспортерот го користиме само за во кола и евентуално ако заспие додека се вози, па го стававме на количка за да не ја будиме. Моето бебе многу се поти во транспортер, ама многу.и заради тоа не ми е практичен. Ставам пелена под неа, но џабе, пак се поти. Инаку дома си лежеше во корпа и најчесто дење во корпа си спиеше. Сега веќе корпата не ја собира инаку пак би спиела во неа. Јас максимално користев корпа, ја возев низ соби по дома. Така ја заспивав едно време. Јас не ја шетав до кај 3-4 месеци никаде во затворени простори како што е сити мол заради страв од морбили. Инаку Корпа и транспортер стварно не е исто. Мало бебе треба на рамно да лежи, а не како кифла свиткано долго време и покрај тоа што продавачите викаат дека може. Според мене и двете работи се потребни. Јас живеам во куќа, спална горе, дневна кујна доле. Не трчав цело време горе доле, корпата ми беше еден вид на второ креветче.
Моето не сака во корпа. Кога спие сака да спие со раширени раце и многу мрда и се мава. А кога се вози па не сака да е легнат, сака да си гледа и ужива кога е во транспортер. Навечер во транспортер се успива па го ставам во креветче. Во однос на положбата во транспортерот, ортопед вели дека смее така, а според мене тоа е положба што ги потсетува кога биле во стомак, затоа им е удобно.
Во Чарли Бејби во Тетово ги има количките од Енци Менци и се поефтини. Ги има и на Чико и тие бугарските Мони. Инаку, ја има некој Maxi Cosy Stella? Искуство? Ние уште не сме одлучиле...
Ама во кола ќе ти треба транспортер, а да купиш само транспортер не то се исплати, така што пак подобро е ако веќе имаш во план количка, да ја купиш веднаш. Летната е премногу практична ама за малку поголемо бебе, барем 6-7 месеци според мене.