Количката на косато после 20 возења и отвори затвори и се скрши шипката под рачката. Среќа малата не беше во неа, на склопување се скрши. Тотално сум разочарана од маркава и не ја препорачувам.
Еј? Јас пак презадоволна од косато. Како нова. Мада земав и летна количка па сега не ја користам толку често. Може па и зависи од моделот....кој модел го имаш?
Ја купив пред една недела, не е испробана сеуште, го чекаме бебе. Прашував баш некоја страница поназад за искуства. Кога ја видов на слика ја засакав искрено а кога ја пробав во енци менци ја купив по 3мин.размислување е сега јас ги земав двата дела само зашто ем корпата се користи краток период, ем дома нема кај да ја чувам-фул сме со разноразни играчки и реквизити од малиов, ем у гепек не ми ја собира а транспортерот неопходен е, ја намонтирав дома и ја пробав со бебето од другарка, скроз фина положба има внатре беблакот. Инаку, во чарли бејби е стварно поефтина за 1400мкд, ама 10 дена ме лажеа дека е испорачана и ја чекав во карго секој божји ден, де заборавиле, де празник било, де свадба имале... Скроз неубав и нефер однос од нивна страна, па уште ми се развика кога конечно го добив на тел.да прашам до кај ми е нарачката. Па си се качив у кола и си ја земав од енци менци, без да се нервирам
Мислам дека и јас ќе ја земам Во Енци менци само оваа боја ја имаа,а мене ми прави ќејф плавата,па ќе проверам и во Чарли бејби Фала ти за споделеното искуство Цветче
Овој: Со колкава љубов ја купив барем за летово да издржеше. Катастрофа. Она розовото железо се скрши под рачката.
Купена ми е пред една година речиси. Прво што купив кога бев бремена.Времето за рекламација е поминато. Сега ќе им пишам ревју.
Прашав сегде кај што може да се праша, јас бордото ја сакав. Но во два дела секаде е само крем боја тие што се три во еден може да се бира, овие не... ама сега дома си ја гледам, најубава ми е
Штета,а што се убави... јас па си рсзмислував летна да земам касато диносаурус,но бојкотирам а како што немам срејќа ни јас со количкиве т.е син ми ги нејке,може оваа па ич да ја нејќе во фаза на проодување ке бидепа тек тогаш ке си пукнам од мака. А мм дефинитивно ке се разведе
Сега ги пуштиле на попуст во Енци Менци -- После многу мислење и гледање, ние земавме Maxi Cosi. Се надевам ќе се погоди
И јас имам Косато , второ дете возам во неа, како нова е. Мојата е со 4 години гаранција, провери си, можеш да ја рекламираш. Јас ја имам Cosatto Woop Nightbird.
FreeMind жал ми е што ти се скршила За некој месец ќе ви пишам јас како ќе сум задоволна, се надевам нема истово да ми се случи Инаку кипив пред некој месец како таа што ја постави погоре @Happyinlove само за девојче
Ние вчера ја земавме оваа ако на некој му треба во енци менци, се мислев околу гала и оваа бидејќи мала беше разликата во цената, па ја земав оваа ради бојата.
Здраво мајки, ми треба совет од вас...Сакам да и земам летна количка на ќерка ми и се мислам за овај модел на free on. Но некои ми викаат да не земам количка туку трицикл Rito. Ќерка ми има 1год и 3 месеци и сме во фаза на заодување... ваше мислење ?
Јас јористев трицикл откако почна убаво да оди, да разгледува, некаде после година и пол, но тоа не значи дека не си ја искористив летната количка. Колку и да сакаше да седи во точачето, навечер кога шетавме синсе возевме во количката за да си заспие. Синко е сега 1 год и 1 месец веќе одиме убаво, но не му е баш мерак за во трициклот. Уште си се возиме со количката.
@The Unicorn мамичка гледам си купила количка од Анекс,како си задоволна? Многу ми се допаѓа уште пред да останам бремена ја гледам но некако сите ме разубедуваат дека била многу голема и не практична ќе може да споделиш искуство и ако не е проблем да ми пратиш некоја слика во лп. Благодарам многу