И јас ја гледав ама мм кога ја виде колкава е, ќе паднеше во несвест - почна да добива панични напади во Бебе Хоум На крај земавме Quinny Modd.
Јас и двете ги гледав, навистина се преубави ама и на маж жи му се допаѓа анексот, но вели со приколица ќе одиме на одмор или по гости со количката хехе Со здравје да се служите со количката
Мајки дали во количките на вашите бебиња му ставате специјална постелнина за количка или обична и каде може да се најде ако е спец.?
Фала, да си ја купите и вие таа што најмногу си ја сакате Не знам само дали виде дека уште денес трае попустот на Anex и Quinny во Bebe Home. До душа не знам која недела си, уште колку време имаш за пазарење, можеби не се брзате Како и да е, најважно да си ги наполниме количките со бебиња
Во транспортер не, но во корпата од количката ставав додека лежеше (до 4 месеци) специјална за количка, мека, како танко памучно душече е, но откако ѝ го подигнавме грбчето моравме да ја врзуваме со каишите па подлогата мораше да се извади.
На 100 памети сум дали од сеа да ја купам 18 недела сум од утре и незнам дали е рано од сеа. Сите ме убедуваат ќе имало пак попусти за нова година термин ми е дури 13 февруари, но голем е денов ќе мислам дали да го искористам попустит. А сакав да те прашам, дали знаеш какви привилегии има со ВИП лојалната картичка? Зош ми се мота низ глава дека има 20% попуст на сите производи, па ако е така ми доаѓа поефтина на редовна цена минус 20%,имам од кого да земам картичка, но не сум сигурна во привилегиите. Поздрав
Не знам точно какви попусти ќе следуваат, вчера бев мн возбудена и не ги заслушав. Мене вчера ми дадоа VIP и тоа платинумска картичка, веројатно зашто купивме многу работи одеднаш, и ми рекоа дека со неа ќе имам 15% за следни купувања, но нешто како да ми се врти во глава дека попустот може да расте. Не знам дали сум разбрала добро.
Имам гледано на повеќе места каде што се продавааат бебешки работи, јас конкретно ја купив од Hello baby во Бисер, околу 600-700 ден. Едит: еве ја најдов сликата кога сум го постирала
Јас ја имам. Можеби малку време ама презадоволна сум. Перничето за новороденче е супер, но веќе го надраснавме. Вебе уживаше. За пазарење е топ. Јас одам во супермаркет со бебо, ја накрцувам. Лесна е за возење, за тротоари, дупки. Секој ден по три четри саати и повеќе ја возам. За изглед е индивидуално ама мене ми и изгледа ептен добро... Е сеа ние колата ја сменивме ради неа ама тоа е друг муабет.
Мене ми беше во потесен избор зашто минатиот месец беше на акција 30.000 сосе транспортер и ми кажаа не требало корпа за неа бидејќи перничето го дава тој ефект, но на крај се решив за Quinny Modd - таа некако прва љубов ми беше
Зошто не ли ја собира во кола? И јас имам мала кола Од bebe home ли ја зедовте со транспортер? И која цена ја плативте ако можеш да ми кажеш?
Да убава е quinny Modd ама мора да докупувам и корпа и транспортер.Додека за оваа не треба корпа и оди право со транспортер.
Да, знам, затоа се замисливме и ние кога ни ја препорачаа продавачките. Башка и слатка е на око. А Maxi Cosi и Quinny уствари ги произведува истата фирма, значи ист квалитет треба да се проближно.
Мора да си премерите убаво. Ние имавме мал багажник,во новата ја собира. Околу 30.000 со транспортер на акција.
Со ВИБ картичката добиваш плус 5% попуст на се. Ако има попуст обие 5 се додаваат. Е сега, се собираат и поени со секоја сметка кои може да ги искористиш да си земеш што сакаш.