Колку е битно на количка рачката да се врти напред? Значи бебе да е свртено накај мене. Ми се свиѓа еден модел многу,ама не се врти рачката па не знам дали би ми било минус тоа.
Па додека е мало бебе треба наводно да е свртено накај тебе за да можеш да го гледаш, а дури поголемко после се вози свртено нанапред, кога е побезбедно. Толку знам да кажам од искуство дур биравме ние што ни кажаа
Треба да си го гледаш. За мене е многу битно. Уште малку 3 месеци уште од напред се вози. Гледам како реагира, дали си спие, дали му иде сонце и сл.
Количаката која ти се допаѓа воопшто нема опција да се прави напред - назад да гледа бебето? Има колички на кои не им се врти рачката ама затоа седиштето се врти кон мајката или напред да си гледа бебо! Јас имам таква количка и си го вртев седиштето како сакам уште пред да тргнеме на прошетка. Попрактично е ако се врти рачката, ама и варијантата да се врти седиштето не е лоша. Јас не би купила количка кај која ниту седиштето ниту рачката не се врти, бидејќи има период кога бебо е мало и треба да си го гледа мамица, а потоа кога е поголемко сака самото да разгледува па свртено напред супер би му било!
Ако на некој му треба количка за близначиња, ја продавам, слабо користена, ме нервира не ја собира за малку во нашиот претесен лифт иначе количето е топ... на подарок го добивме па затоа ја користам...
Јас ја имам на Чико трио спринт, корпата и транспортерот се вртат, можи и напред и кон тебе да гледа бебето, ова до 4 и пол го користев, потоа 3тиот дел, е само напред да гледа, нема можност кон тебе, што кај нас беше сосем ок бидејќи после 4 и пол почнав да го седнувам и не сакаше мене да ме гледа, плачеше, сакаше напред пред него да гледа, се го интересираше. За мене оваа количка се покажа преубо само пофални зборови имам ептен лесна и за во кола, секаде ја бери. На сите ја препорачувам.
И јас се мислам за оваа количка. Толку многу ми се допаѓа нејзиниот изглед. Маж ми вика скапичка. Ама ете вредело за тие пари. Може ова ќе биде нашиот избор.
Фактички 15000 ден иди оти имаше вака производи за 5000 ден, се ми се најде, се искпристив, пумпа за молзење уште в болница ми притреба, па аспиратор за нос, шише, буквално се ми требаше Ептен е практична за користење.
Jas ne ja vidov ovaa porano, na izgled mi e ubava, samo rackite mii se malku mutavi ne e ramno kako klasicnite. Jas mojata ja plativ 30 000 bez podarok nisto- 10 denari kusur hahaha
Мене многу ми личи на мојата чико трио спринт, само рачките се споени, земај ја Леонора немаме проблем со рачките
Немам искуство, прво бебче ќе ни биде, но јас сум 99% решена оваа да ја земемеМи се виде убава, лесна за ракување. Е сега се мислам да ја земам количкава со транспортер, без корпа. Таква верзија има само во кремаста нијанса.
Ние вчераја зедовме од Енци Менци, одеше со подарок седиште за во кола.Вака на изглед убаво изгледа,ке видиме дали ке се погоди.