За чиполино , од околу 100 евра па нагоре се цените, јас нашаа чиполино ултра ја земав на попуст во 2010 год - околу 9500 беше,со торби,прекривки за нозе за дожд,тркалата се големи... имаш голем избор , јас сум презадоволна од овие колички не се скапи а и квалитетни се
Јас сум прееееееееееезадоволна од Chicco Trio Living Smart, невидена работа. Лесна, лесно се монтира, транспортерот во кола го врзувам за 3 секунди преедноставен е, корпата ја обожава ќерка ми за штетање и за по дома кога и се спие, здравје ќе видиме и другиот дел кога ке порасне. Искрено, јас живеам на 2-ри спрат без лифт, и најважно ми беше да е лесна и да се расклопува. Ова, со царски рез породена после месец и нешто сама ја симнувам да ја шетам. Закон количка ако сте во ситуација како мојата! Соленка е, ама нека им се алал сите пари до денарче!
Епа вака така двоумејки се помегу пуки и ултра и ги помкнав со мене ново печените мама и тато и тие ја одбраа ултра,спонав и за дакота ама да не ме трошеле и супер и легна и на двајцата висината на количката а и успат и јас си земав иста хаха да не видам нешто.A мојата ја продадов за мн малку пари ама мн ми е гајле синко по соби си го возам и во Андреј компани сеа има уште една кафена и лила од ултра а од пуки имаше една розева боја а јас за мене барав неутрална.Па и моите земаа иста ко мојата хехе.Инаку мој совет е сите оние кои имаат покрупни деца на пр како моето слободно ја земете оваа количка или дакота комотно ги собира син ми е 1 год и 3 месеца и е стварно долг бидејки мама и тато се малку од висока раса хаха ваква е количката и нашата и поклонот.
Дакотата е поубава и фукционална и е до 3 год а за city мислам дека има повеке предности со послужавникот напред и подобар кров и чашка за кафе,дакота има една другарка и воопшто не е задоволна тркалата премногу и чкрипеле и и шетале зборамз а тие предните вика неможеш право да возиш па нз.А и дакотата во андреј компани е 9 150 мисслам дека е најефтина таму ако не се лажам.И јас сакав да ја земам за моето но самите продавачки ме предомислија дека Ултра е подобра и поефтина па нз што да ти кажам тоа е се што знам.
Феминки ве молам некоја од вас ако знае да ми каже каде има колички со поголеми гумени тркала по можност и по која цена отприлика се движат?
Дакота 9150 ден,Оптима нз која цена ама над 1300ден мислам дека е,Ултра 7000 ден.Сите колички се од Андреј Компани ви Штип вршат достава низ цела Македонија доставата е околу 200 ден.
Како сте задоволни од количката, вака после една година Ние ја гледаме истата, вака делува доста едноставно и убаво, ама незнам дали е пријатна за бебчо
Има некој искуство со количкава? Прееска ја гледав во еден дуќан за детска опрема, само што продавачката освен цената не знаеше ништо друго да ми каже за количката, а и јас неискусна Така да само си ја гледав и на тоа си остана
Ние ја имаме Ултра, ја возиме скоро 3 години и ниту зачкрипеле тркалата , ни ништо, многу се квалитетни количкиве од чиполино што јас не очекував , ви ја препорачувам ултра да си ја земете , поззз
А дали некоја од вас има искуство со Перфекта? Решена сум да ја земам таа, па би сакала да чујам искуства на некои кои вее ја имаат.
здраво мамички, за количка сум во голема дилема. Имено, ме интересира каква количка да земам, зимска или летна? Бебето треба да се роди почеток на мај, продавачката не советуваше да земеме вип чиполино летна, има три позиции за седиштето така што ќе може да се искористи максимално. Повеќето колички што ги гледавме беа зимски, одеа со гратис зимска прекривка ама се мислам има ли потреба од тоа кога бебето ќе се шета цело лето, греота е да се спарува во зимска количка, кај нив тоа мушамата е бајаги подебела. Искусни мамички, ве молам за совет.
Jeny ние исто сме крајот на мај, јас се одлучив за зимска затоа што после пак ќе треба да купуваме. Летна можеби ќе купам за следната година, не знам. Најверојатно ќе земам комбинирана со транспортер ама без корпа, оти корпата мислам дека за летно бебе не е баш најупотреблива. А зимската количка се употребува и лето и зима. Кога ќе залади ќе почнеш да ја употребуваш и зимската прекривка, нема да ти е џабе секако. Тоа е мое мислење, поздрав.
Не би рекла дека зимоска би го шетала бебушот секој ден како што ќе го шетаме пролетта и летото. Па за зима иако е летна количка може да се стави ќебенце одоздола, да се облече убаво бебето во скафандер и да се покрие со јорганче или ќебе волнено, и тоа во денови кога ќе фатиме од зимското сонце инаку нема смисла да го возам во количка на ладно долго време. Плус зимата е пократка, есента е топла, пролетта исто, а летото да не збориме па мислам дека летна количка повеќе ќе се користи. Мое мислење, ама пак тешко да се одлучам
Добро, секој си се ориентира според својот начин на живот. Јас сум претежно на терен (на планина, во природа) каде ми е потребна и те како заштитена количка. Низ град многу малку ќе поминам. Во мојот случај јас за тоа воопшто не се двоумам. Затоа и мој совет ти е одлуката да биде базирана на начинот на живот. Не фрлај џабе пари ако не ти е нешто потребно. Со лесно при изборот. И јас сум во таа фаза уште.
И моето бебе ќе се роди во мај ама јас сум повеќе за зимска, комбинирана со транспортер.Поубави ми се и мислам дека повеќе ќе ја искористам. Ја има ли некој користено оваа количка Грако, да ми каже збор-два
Многу е добра количката, многу ми се допаѓа. Кај ја гледавте, која и е цената? Башка вака на слика ми се чини дека не и многу дебела поставата па и летно време ќе ти врши работа. Да не збориме за марката, брендиран бренд си се.
Е конечно и ние си ја купивме количката. Лорели, исто како и креветчето. Денеска радости живи, се комплетиравме. Сега го чекаме само уште новото членче да ни дојде на свет. Количката ми е ептен по мерак, рачката си се мести на двете страни така што ќе можам да си го гледам жабецот што ми беше најважно. Има убава и длабока корпа, па можам да си ставам во нејзе 300 чуда. Лесна е за возење, тркалцата убаво се вртат, лесна е за склопување и ни ја собира во багажник. Си си се мести на три нивоа, во лежечка положба за новороденче, полуседечка и седечка. Еве и сликичка да си се пофалиме, јас ако не ја споделам радоста не сум жива!