Можеш да си купиш транспортер посебно и да го користиш за во кола само, а количкава посекако како што гледам се трансформира како корпа
Убава е, ама фактички е еден дел. Корпата може да се преиначи во седечка позиција. Немам искуство со ваква количка, па не знам што да ти кажам. Транспортер секако ќе ти треба за во кола. Можеби може транспортер дополнително да се докупи и прикачи за истата количка исто, распрашај се убаво, знам колку е мерак
Ние имавме транспортер од сосема друга фирма од количката. Тој што беше од истата фирма ни беше прескап според тоа колку долго ќе го користиме. Плус имаме сеуште седиште за во кола кое се фиксира на изофикс точки што е побезбедно врзување на седиштето отколку со каиши (како што најчесто се врзуваат транспортерите). Транспортерот бебе не го ни сакаше од него во кола ништо не гледаше па брзо го префрливме во седиштето (што беше 0+) и таму уживаше зашто од него гледаше низ прозор (му се мрдааа слики, а во транспортерот гледаше седиште од кола). Така што ако ти се свиѓа количката не е нужно да има транспортер. Бебето секако не смее да биде во транспортер подолго од два саати така што не е ни препорачливо да се шета во него.
Има такви седишта гледам од 0 до 36 кила има, до 36 тоа е околу 12 години. поарно такво да купиме посебно него ли транспортер? А за зимање од болница значи може во такво седиште да се стави бебето чим е 0+ Транспортерот е за многу кратко време ова поисплатливо ми иде , што знам
Јас колку што знам заради безбедност бебињата треба да се возат наназад свртени (при кочење може да дојде до нагли движења на вратот кои може да бидат пресудни во моментот). Дали е транспортер или седиште 0+ не знам дали прави разлика, само знам дека бебето мора да биде свртено обратно. Во Шведска според закон децата мора да се возат наназад до возраст од 5 години, кај нас во Мк не знам како е законот во тој поглед.
За оваа може совет ,мислење ? 17.000 4 во 1 седиште 9до 36 . Транспортер, и корпата се прави седиште.
Колку што можам да видам на сликава кај овој модел имаш се комплет, транспортер и плус уште едно седиште за понатаму. Оваа варијанта ти е посекако поисплатлива, плус и самото седиште од количката ти се трансформира во корпа. Мој совет, најубаво да одиш и во живо да си ги погледнеш количките, и јас вака како тебе гледав цело време на слика е едно друго е кога ќе ја видиш, и квалитетот на количкати ќе си видиш каков е.
@Cassiopea ќути само гледам, само прашувам по форумов, фб и инста ,им досаѓам И не само колички, креветче постелнина, се за бебе што треба гледам, многу сум возбудена, и сакам се најубаво да биде за прцлата кога ќе стаса
Знам како ти е, и јас бев исто како тебе само пратев каде што како. Затоа ти викам најубаво кога ќе отидеш и во живо ќе ги видиш количките, па и се друго ќе видиш сега во сите продавници имаш се да разгледаш за бебиња. Што и да се одлучиш ќе биде најубав избор за бебка
Истата jа имаме самo без седиште за вo кoла и вo друг дизаjн (бojа). Jа земавме oд Енци Менци 11000 - - Veyron се вика. А Гала 10000 е. Мислам дека таа oпциjа пoише oдгoвара бидеjќи седиштата се 3000-4000 илjади
Транспортерот не е за кратко туку за 1 година. И е најбезбедна опција за кола. Плус е во форма на матка, па бебето се чувствува пријатно во него. Не се препорачува да стои бебе внатре подолго од 3 часа, ама па кој шета бебе толку долго без да го извади воопшто? Значи секако ако е за подолга релација се прават паузи. Седиште за кола воопшто не е неопходно.
Јас до 6м го користев транспортерот само, после тоа 0+ седиште кое е завртено напред. Не ги собираше веќе во транспортер, удираа со нозете во седиштето ептен. Кој нема транспортер со количката, може директ да си земе седиште 0+ Тие седишта имаат додатоци, направени се да може и наназад да се местат до 6,7м.
Седиште за кола е скроз неопходно за дете. После година дена мора во седиште дење да се вози. Како поинаку во кола ќе го возиш? Транспортер е всушност седиште за кола кое не мора да се купи ако купиш седиште за кола кое е 0, 1, 2 или 0,1, 2, 3. Седиштата 0 па нагоре се монтираат свртени назад дури до две години што е подолго од било кој транспортер.
Можно е, ние користевме прво транспортер, па седиште од 12 до 36кг, тие за 0+ не знам како функционираат. Штом е така, тогаш поисплатливо е од самото раѓање на бебето да се купи такво седиште и да се користи повеќе години
Седиштето за во кола нема опција да се прилагоди на бебе,многу повисоко е во наслонот,иако е декларирано како 0+.Мој впечаток. Транспортерот до 12 месеци е идален,кај мене и задолжителен,нема да ми го дадат бебето од болница ако не е во транспортер,а во кола фиксирано на стацион-база,или изофикс. Не памтам само до кога требаше да е свртено назад,до кај година мислам. @Veki4kaa ако купиш количка без транспортер,прашај дали имаат соодветен за неа,а истиот се прицврстува странично на адаптер.
Не е неопходно на почеток, нормално дека седиште е потребно за во кола после 1 год. Баш пред скоро и јас се распрашував дали да продолжам со транспортерот или да набавам седиште, и повторно дојдов до заклучок дека транспортер е потребен за почеток и сеуште ќе ми служи. Не секое седиште за кола е практично и може да се намонтира на секоја количка, па зошто дополнително да се комплицира, кога и онака најголем дел од количките доаѓаат со транспортер.
Зависи од начинот на живот, некој три пати во помал град ќе го искористи, некој постојано. Јас транспортерот уште го користам. 7м. Е бебо. Од месец дена одиме на викенди, на еднодневни прошетки надвор од град. На одмор бевме. Низ скопје нон стоп со кола. Имам другарка во помал град само од болница ја зеле, воопшто не и требаше. И за еднаш, треба. Дали ќе биде, купен, позајмен без да се монтира, многу зависи од тоа каков живот живеете. Се' е индивидуално. Ама јас транспортер и количка, релаксатор утепав од користење. Од 3 ден бебе ми е надвор, на планина, на прошетки локални.
Ортопедот ни кажуваше дека не е важно што "висат" ноџињата туку важно е главата да не ја надминува висината на транспортерот. Вториов транспортер што го купив за Емче беше покомотен, а и знаеш кочку она си беше крупна, па го користевме без проблем до 13 месеци. Она веќе имаше 11-12 кила. А големава исто како вас ја возев од 6 месеци во столче свртено напред пошто не ја собираше веќе во првиот транспортер, но незнаев дека правам грешка. Исто кажано од ортопедот дека возењето свртено кон назад е поради вратните мускули кои не се развиени до 1 година и неможе да го исконтролира држењето на главата при нагло кочење или не дај боже удар. И мене транспортерот ми беше многу искористен бидејќи често бевме во кола. Бев дури до Бугарија да го купам за да одговара на количката што е модел од 2014г.