Мене лично не ми се допаѓаат транспортерите а и не се препорачуваат за долги прошетки во него. Да, за во автомобил како седиште е потребно и поради таа причина позајмив транспортер кој не се ни закачува на нашата количка. Ќе го користиме само како седиште за во автомобилот а количката секако ни има корпа и делот за седнување. Така да, на кого како му одговара, но е потребно за почеток во автомобилот, после веќе седиште за од 9 до 36 кг мислам е најисплатливо.
Не се разбираме изгледа. Седиштето 0+ не се прикачува на количка. Нашето е со изофикс точки на врзување (најбезбедно врзување), големо е и нема никаква опција да се прикачи на количка. Повеќето такви немаат опција да одат на количка. Ама такво седиште кое служи подолго е исплатливо да се купи зашто голем дел од нив имаат Изофикс поврзување со кола кое е далеку побезбедно од врзување со каиши, а ако се купи траснпотер со такво врзување излежува многу скапо (и како такво непотребно). Плус се исплати да се дадат пари на седиште од добар производител со добри сертификати и слично зашто се работи за безбедност. Јас лично на пример не верувам на балканските производители на седишта за кола. За седиште се кола се проверува дали е добро или не на adac.de. Таму има независно тестирање и се купува тоа што најмногу ни одговара според квалитет/цена. Таму се тестираат само фирми како MaxiCosi, PegPeregо, Britax и такви слични. Мене воопшто не ми е приоритет да се прикачува седиштето од кола на количка. Така функциониравме ние. И реков дека може и така да се функционира.
Ние ја имаме оваа многу е згодна и лесна и за управување и склопување и расколпување. Сите три дела се монтираат на неа.
Топ,ептен е лесна и за кревање да можеш сама да си ја носиш,лесно се склопува и расклопува.Единствена мана е што транспортерот неможе да се постави према нанадвор,односно може само према тебе да се постави....за другите делови односно корпата и летната количка сеуште ги немаме испробано.
Девојки многу ми се допадна оваа количка ептем практична е и лесна, но се мислам за бојата само дали темно сина е во ред за девојче? Само оваа боја е достапна. А баш сакав црна да е понеутрална боја но нема на залиха.
Здраво мајки Јас сум нов член и кога видпв дека темава е активна се прерадував Сакав ако може мислење за две колички : Graco Evo XT i Trio best friend na Chicco. Ви благодарам однапред .
Здраво! Прв пат пишувам во групава, 22 недела сум, па сакам полека да си се информирам и да планирам купување на количка. Ништо не знам за колички, прво ми е, па кажете ми, при избор на количка на што треба да се обрне внимание? Дали е нужно да се земе и транспортер или седиште за автомобил за бебе може уште веднаш да се користи? Еве две колички кои вака, само на изглед ми се допаѓаат, но не знам дали се практични и дали ги имаат важните карактеристики https://www.facebook.com/EnciMenci.mk/photos/pcb.2533200333475675/2533199370142438/?type=3&theater https://www.facebook.com/EnciMenci.mk/videos/125181652054812/
Нашата е слична на втoрата. Задoвoлна сум. Jас имам седиште oд 0 нo сеуште не гo кoристам бидеjќи транспoртерoт ми е премнoгу практичен. Каj и да oдиш вадиш ставаш на кoличка или се движиш самo сo негo. Бебе не будиш акo заспалo. Транспoртер е дoста практична рабoта.