Јас ја имам таа, убсви се количките за тие псри, ја купивме на попуст 9900 со транспортер, само ако имате мала кола е проблем, треба и тркалата да се извадат. Јас едвај чекам летна да купам.
Таа што ми се допаѓа од Loco Croco не е многу скапа 17890 е, сега е на попуст околу 15000. И со корпа е и со транспортер плус и торба. И така не е прескапа. Плус мислам дека се прави и летна бидејќи е во категоријата комбинирани колички. Таа Гала ја имам гледано не ми фаќа око.
Јас презадоволна од количкава од Чико, 3 во 1. Лесна, ја собира во секоја кола, детето е 14кг сега количкава лета, ич не осеќам ни тежина ни кочење. Башка имаш производи за 5000 ден. Топло ја препорачувам
Лелеее и 30.000 се многу според мене за количка не пак 127.000 , забегуваат со цениве Ние се одлучивме за оваа од чарли 13.500 мислам беше. Ќе одиме деновиве да ја купиме , едвај чекам
Дали знаете кај може да најдам за количка тоа што е делот од доле за ставање работи бидејќи нашата количка нема такво а мене многу работа би ми вршело и тај дел?
Дали е Chicco најквалитетен бренд достапен кај нас? И дали е попаметно дрвена рамка или алуминиумска?
Chicco, Maxi Cosi, Kiddo Jazz, Cbx, Graco...Читајќи искуства од членките наназад овие колички се едни од полесните и практични...Ги има во Bebehome и Крш...Разгледај ги сигурна сум дека ќе ти се допадне некоја Јас ја купив Kiddo Jazz најмногу поради рамката што тежи 5.6 килограми и е алуминиумска. Мој совет гледај рамката да е што полесна бидејќи кога ќе ставиш и бебе внатре, како што ќе расти потешка и потешка ќе станува.
Како си задоволна од Kiddo Jazz? И јас планирам таа да ја земам зошто живеам во зграда без лифт и најважно ми беше да биде лесна.
Ќе се вмешам и јас во врска со овој брнед. Количката е дефинитивно топ за управување, склопување, расклопување. Со една рака се управува. Мани (бар на таа што ја имаме ние - кидо џук од пред 4 години) е што малку е потесна, ама дека синко е ситен (едвај 12 кг на 2,5 години) уште го собира. Најголема мана - гломазна е за пакување. Додека се вози во транспортер и не е страшно, ама кога ќе се вози со класичниот дел, кога треба да се спакува во кола е . Цела кола фатена со количка.