Прелесна е, јас со една рака слободно ја кревам и по скали... Исто ми се допадна тоа што има доста комоција, и доста длабоко седиште за бебето. @Ano мислам дека секоја друга количка би била погломазна од оваа (ако приоритет ти е лесност и практичност). Да зафаќа цел багаж, но во споредба со други на кои што треба да ги вадиш и тркалата исто така за да може во кола да се смести, мислам дека е повеќе плус него минус, бидејќи ретко која количка склопена и без вадење на тркалата може во багажник Исто така знам ја читав и @SaNJaAaaAaa дека ја има Kiddo Jazz ако може нека сподели мислење
Продавам количка комплет со транспортер и торба од истата. Ја купив во септември од Енци Менци, само два пати е користена, скроз нова е. Ми купија летна, па оваа не ми треба повеќе. Цена: 7500 денари на комплетот Телефон за контакт: 071374660 https://www.encimenci.com.mk/kolichka-gala-premium-stars-moni-066533q337
Хелоу. Ме интересира искуства со количката Cangaroo 4x4, ја зедовме.. ама ме интересираат искуства ваши.
Гледај да се спушта повеќе наслонот за сонце. Убави се двете ама со дете сонцето во очи ке му оди. Ние нажалост имавме таков проблем со летната количка
мајка кажувај искуство со количкава,јас мојата ја продадов па оваа ја меркам уште од пред да се породам ама се зезнав купив друга,па сега дали да ја земам оваа или да барам друга...
И првата и втората немаат големо тремче, не е ни средно, баш е мало, а треба и за лето и кога дете ќе се успие. Така да јас и двеве би ги забиколила, уствари може да се во опција па чадор да купиш и да го прилагодуваш, ако и сакаш така. Ако баш од овие две бираш дефинитивно втората, ептен ќе ти се незгодни рачките кај првата. Лично искуство немам со раздвоени рачки, но сите кои ги знам се незадоволни со таков избор на количка.
На првата количка наслонот за сонце е многу голем се спушта скроз до долу, а втората ја немаше во салонот да ја видиме зато реков ваше мислење или искуство
Мислам @eli25 ја има втората, јас ја имам видено во живо и убава е. Сега ми текна и која е, не е тремче како на сликата, се спушта и повеќе мислам, не е до доле ама не е ни вака мало како на слика. Со првата би се зезнала само ради рачките.. Инаку гледам немаат ич попуст, барем во Енци, почекај, не купувај сега, кај и да е ќе има барем - 20% или ќе даваат ваучери, па на сумава барем ваучер од 1500ден ќе добиеш
@Mamy. маста и ја извадивме на втората ,тремчето се спушта бааги и убаво покрива, лесна е,јас имам ок искуство
Ние ја имаме Мони Гала,ја купивме од Енци менци, бебе има 5м од скоро почнавме корпата да ја користиме и да ви кажам за овој период положбата за седење е ужас. Бебе се поткрева да стане,ноџињата му висат. Пробав на следното ниво многу е исправено мислиш ќе се лизне ќе падне.. Дефинитивно ќе купиме летна количка,ако сте задоволни од некој тип пишете.
А да пробаш да биде корпата поставена како за лежење и само делот што е за грбот да го исправиш, не скрос ќе видиш колку има потреба. Отпозади мислам дека има и врвка па таа да ја збериш. Имам ист тип на количка само друга марка и така ја возев дури да почне убаво да седи.
Материјалот што може да се извади го ставам во машина, а кај мојава количка има дел од седиштето што не се вади го поминав на рака.