Jagoda123 Со здравје да си ја возите и мн километри да си поминете со количката Преубава е и јас разгледував ваков и сличен модел Ако можеш да ми кажеш од каде и колку ја зеде
И ние купивме слична количка, само нашата е Чиполино, исто се подесува рачката напред и назад, има три наслони на седиштето, незнам како ќе се покаже ама делува лесна и практична. Инаку по долго размислување се одлучивме за зимска количка, летните повеќето немаа лежечка положба на седиштето па беа наменети искучиво за 6 месеци нагоре. Гратис ми беше зимска покривка и торба за пелени. Презадоволни сме и од цената, ја најдовме во Струмица многу поефтина, во Скопје се изгор скапи секаде. Разлика во цени имаш голема, истите колички за 2000 ден поефтини па се возбудив многу, па имавме пари да купиме и креветче оти и креветчињата исто беа далеку поефтини а истите што се за 1000-2000 ден поскапи во Скопје. Количката не е истата ко на слика, не можам да ја најдам, со различен дезен е ама овој модел е во принцип.
Ете ја и нашата количка. Малку пред време ја купивме поради оправдани причини. Количката ни е поклон од свекор ми и свекрва ми. Количката ја зедовме од Baby Blu од City Mall 8.700 денари беше и ни ја дадоа на попуст 8.300 денари. Комплет цел со транспортер и со ташничка. И сум мнооогу happy.
^ Делфинче марката е од Lorelli (Bertoni) не сум баш сигурна која земја ја произведува, но мм колку што гледаше пишуваше Бугарија. Убава е многу и приступачна цена има + транспоретер и во кола можеш да го користиш не мораш да купуваш посебно седиште за во кола + ташничка за кашички, пелени, шишенца.... Јас ја видов од TSS количката дека ја купила и мнооогу ми се допадна и ја прашав TSS и ми кажа од каде ја земале тие. Може да си појдете да си видите во Baby Blu има гооолем избор на колички.
Агрона а каде се наоѓа Baby Blu? Не сум од Скопје па не ги знам баш убаво каде се наоѓаат продавнициве. Инаку прекрасна е количкава. P.S sega vidov deka e vo City Moll kupena.
Agrona истата количка и ние со мм ја гледавме само во неутрална боја баравме и ако не отидовме во Струмица таа ни беше на план. Со здравје да си ја користите. Како марка не се лоши, и сите ги произведуваат во Бугарија ама по европски стандарди така што за Чиполино и Бертони (Лорели е марка на Бертони) имам слушнато само позитивни коментари, а башка имаат пристапни цени. Јас исклучиво ги барав овие две марки, HAuck и Graco ми беа скапи а моето мислење е дека нема потреба да се лупаат многу пари за мали деца, подобро е да се вложат многу пари во нивно образование кога ќе пораснат и кога ќе треба да се социјализираат а додека се мали не се ни свесни дали се возат во количка од 500 евра или од 100. Сум гледала низ Европа такви примери, родители на јаки позиции купуваат од е-беј, свесни се дека на бебето му треба само љубов и внимание. Кога ќе потпораснат тогаш трошат многу пари на нивно добро образование, на екскурзии и се што треба за добра социјализација со околината. И мојот ум е насочен кон таа насока Прекрасна ви е количката, со здравје да си ја користете, со гратис транспортерот сте ја зеле за добра цена. Сакав и јас така со транспортер да биде, ама увидов дека има седишта за кола за новороденчиња до некаде 4 годишна возраст и според нас таа ни беше подобра варијанта, оти транспортерот го користиш до 1 година после мораш да купиш седиште. Ама нели секој со својот стил на живеење.
iki26 Baby Blu се наоѓа на вториот кат најгоре во City Mall. Најгоре се е скоро за мали дечиња, бутици, продавници за играчки, игротеки... Еве каде се наоѓа поточно. http://www.skopjecitymall.mk/baby-blu Jeny во потполност се согласувам со тебе во се што пиша. ТОЧНО така е. Детето не разбира како што пиша ти дали се вози во од 100 еу. количка или од 500 еу. Цената на количката баш е пристапна заедно со транспортерчето и ташничката. Ќе го користиме до кај годинка негде здравје па тогаш ново седиште за во кола ќе купиме. Сестра ми на 6 месеци од Германија до Македонија внука ми ја донесоа во транспортер. Вие што сте ја земале количката е преубава ептен моделот е сонче. Ми се допаѓа многу искрено. И твојата количка и од Јаготче мноогу ми се допаѓаат. Само нека ни се родат здрави, живи и прави бебувчињата и да си ги возиме во количките и да бидеме среќни и горди мамички. Џени имај убав ден и викенд.
Agrona да ни се живи и здрави бебулињата, тоа е најбитно. Купивме и ние и вие и количка и креветче, многумина ќе речат рано е ама јас мислам дека сме си таман, кој кога може, јас уште една недела имам до осми месец и како одам понатаму осеќам се потешко ми станува, бебето расте и мене движењето не ми е како порано така што во вистинско време сте ги земале, оти за количка и креветче се шета најмногу, најнеодлучни сме за нив Колку порано, тоа подобро, последните месеци да ги искористиме подготвени и одморени, да не се акаме по продавници ко муви без глави Ама сега кога ги гледам креветчето и количката макар и нерасклопени, многу мерак ме фаќа и се понестрплива сум да си ја видам бебушка во нив Се топам од милина. Да даде Господ сите да сме горди родители и да воспитаме здрава нација. Голем поздрав, имај убав викенд и многу позитивни мисли
со здравје да ја возите.ја имам истата тегет со портокалово,шарена од првото дете.не ја користевме многу со неа па е како нова.сега и бебуш ке го возиме. колку им е цената сега?тогаш ако добро паметам беше околу4500ден.
Фала срц и вие да сте здрави Задоволни ли сте? Ја земавме денес од локо кроко во к.вода,цената е 6.190 Вие поевтино сте ја земале... Читам секаде,дека по другите градови е поевтино со 1.000-2.000,а истата роба...срамота
иста е како нашата потполно и тоа ние ја зедовме пред 8 години.од битола сум.сега може е поефтина . ајде нема врска со здравје да се користи.ама и јас се нервирам оти не е секаде иста цената на ист производ.
Гледам повеќето сте се подновиле со колички, па ме фати паника да не закаснив Кај да е и ние ќе одбереме некоја, сега веќе не ни знам каква да одберам сите ми се убави Со здравје да си ги возите и мн км да си помините
Истата количка ние што ја зедовме од Струмица, само бојата и дезенот се различни, за 4500 денари. Ви кажав, ,многу поефтини цените се за истите колички во помалите градови. Сакав да се фатам за една поскапа од 8000 ден ама продавачката таму фина, отворена, ми вика не ми е за парите да ти ги земам ама на пола цена ја имаш оваа, ја имам истата и ептен сум задоволна. Па и поверував и ја земав оваа. Вака по дома ја повозив малку, ми делува лесна и практична.
Мала помош девојки,се двоумам меѓу овие две колички неможам да се решам која е подобра,па ако има некој искуство со овие 2 модели може да ми пиши.
И јас ја загледав првата (од твојата слика)и уште една друга (лео-ја има на слика 1-2 страни наназад на темава)),разликата беше за 500-600 ден...се консултирав со вработената...добри биле и двете,само што леото имала подобри тркала(а тоа за мене беше многу битно) Па кога веќе купувам количка ќе дадам +600 само добра да биде Не работа што се купува секој ден...