На мојот транспортер навлаката се вади. Можеш и тетра ама во транспортер бебето мора да е врзано до каишите, во спротивно не е безбедно.
Е ова немаше да ми текне за во количката, а баш транспортерот ми е попрактичен. Корпата е многу голема.
На таков тип на колички корпата е голема, ама кога ке порасне бебето ке му биде мала т.е. нозете ке му удараат во рамката. Иако не изгледа така, избор на количка е многу комплициран затоа што треба да ги запазиш сите аспекти.
Се согласувам, сличен модел имаме не му е баш удобна за седење,ќе купувам летна. Јас ставав подлога до првата недела ,кога бебето при вадење од кола му се лизна на мм на седиште, тогаш ја џитнав,пребришав транспортерот и почнав да си го врзувам бебето. Не ти треба ништо
Кoличката си е пoвеќе какo зимска и намената и е пoвеќе за пoмалo бебе, кoрпа да се пушти акo заспие. Летна кoличка е за пoгoлемo (чадoр систем) дете ептен лесни и не тoлку гoлеми. Ехе има кoлички штo се вика "сами вoзат" се спoред мoжнoстите. Приметив дека сите кoлички се на oвoj принцип сега 3 вo 1. За тие пари jас сум ептен задoвoлна. Мojава бебла мала уште ќе е летoвo за да и биде пoудoбрнo ќе си jа кoристам кoрпата.
Некоја препорака за количка за близнаци? Практична, лесна и да има транспортер. Корпа не мора да има..Сакам убава количка која ќе биде згодна пред се за нив, на количка и душек не би штедела. Фала девојки
Продавам скроз нова количка со транспортер и торба од истата. Ја купив од Енци Менци, не е ич користена. Цена: 7000 денари на комплетот Телефон за контакт: 071374660 https://www.encimenci.com.mk/kolichka-gala-premium-stars-moni-066533q337
Јас ја имам кика бу дарлинг, не сум баш задоволна. Многу е тешка гломазна, корпата што се прави заседење ич не е удобна, многу мало просторче за газето ноџиња висат нема потпирач за ноџиња. Доколку сте во можност купете од оние колички што во додаток имаат седиште баш за седење а не корпата да се прави за седење, или пак доколку сакате поевтина варијанта а да доаѓа со транспортер јас ја мерка cbx woya, ем има транспортер ем нормална количка лесна се прави и за лежење и све.
Moze da mi dades link ili slika na koja kolicka mi ja predlozuvas bidejko jas sakav.ovaa da ja zemam ama sega nekako me.predomisli
Мене колку ми се правеше ќејф за количката, ѕверчево мое се понаша како да има количката иглички кога ќе ја ставам. Се надевам дека кога ќе почне да седи интересно ќе и биде во седиштето да разгледува, за сега корпата само за сликање ја користиме.. секој ден покушавам да ја научам живци губам, накрај завршуваме кај тато во кенгур. Иначе имаме Anex e/type
Истата количка ја имаме и душа и извадивме до сеа а само 3 месеци сме хехех Бебе повеќе во неа има спиено од колку во креветче,дури и навечер спие во неа.
При избор на колички 3 во 1, повеќе внимание обрнете на делот што е за 6+ поточно откако ке почне да седи. Гледам секаде ги форсираат корпите, фенси се, ама многу краток период се користат. 6 месеци најмногу, а може и помалку, некои бебиња сакаат да разгледуваат додека се возат кога ке бидат 4 5 месеци. Тогаш ке ви користи транспортерот повеќе, корпата може да ја спакувате. Пробајте количките да не се претешки, а не ви требаат ни гломазни. Иако гломазните на око се поубави, во пракса ке ви треба количка што е практична и лесна.