Што мислите за количките на Чиполино? Другаркиве ме убедуваат дека се добри, но некако незнам евтини ми се по 8000, 9000 а план ни беше за количка да дадеме повеќе. ми е страв да не ми се расипе нешто за брзо па да треба да купувам дупла. Вака на изглед убави се, има и за близнаци.
Ја зедовме октомври некаде,имаше попуст и ни излезе околу 44000ден, плус ваучер од 5000ден добивме и 900ден на картичката за попуст. Со тие пари после зедовме душек за детското креветче и постелнина. Скапа е но многу и имав мерак уште пред да останам бремена а и во споредба со други колички најпрактична и најкомотна ми беше. И да не се лажеме компактна количка нема освен оние летните,чадор систем. Поздрав
Имав пишано погоре мислење ако сакаш прочитај, за оваа цена има од тие обичните колички што се прават и за лежење и за седење, ова седиште е премногу мало за седење, а како корпа нема долго да ја користиш, максимум до 5месеци иако ни тогаш бебе нема да сака да лежи. Поубаво барај некој ваков модел, има на пластичарска по 5-6000 денари вакви обични. Не ти треба корпа веруј.
Кај нас фати 1200е, зимска опрема, корпа до 6 месеци, седиште после 6 месеци и транспортер. Ние ја имаме лимит едишн можда зато фати толку поскапо иначе мислам дека се околу 900 фул.
Убаво делува, немам искуство ама ми се допаѓа, поише ќе ја искористиш и полесна ќе ти биде за разлика од оние со корпите.
Немам искуство ама некако непрактично ми делува ,јас лично количката ја користев преку ден за спиење плус дека летно бебе во двор од старт си седев и бебе си спиеше во количка надвор .Сепак мене корпата многу ми користеше.
И задоволни ли сте? Дали е практична? Инаку во 4 модели ја има... некако сите се различни, барем на сликава. Во план ми е да одам до Bebe home...па ќе кажат
Нема утка maxi cosi, која и да ја земете е супер. Ние stella ја имаме, одлична е. Одете до bebe home видете ги, имаат доста попусти сеа.