Ова со 2 саати не важи за сите транспортери ние на maxi-cosi тој што го земавме може 24h да биде во него но беше дупла цена од обичниот
Не постои транспортер кој може да се користи 24h,освен ако детето не е легнато, а тоа веќе не е транспортер. Секој транспортер е со фетусна положба на бебето, а тоа не смее да биде подолго од 2-3 часа.
Сите maxi cosi транспортери може да се монтираат на количка. Нашата количка е на попуст во bebe home. Јас сум многу задоволна.
Ортопед кажа 2 часа. После тоа се вади и се прави пауза. Транспортер е транспортер и освен во поглед на безбедност, друга разлика нема.
И оваа е само седиште и транспортер значи. Вие зедовте и корпа или вака поминавте? Купив јас количка со седиште за 6+ што се прави и во легната положба, сега да го земам транспортерот (најверојатно Cabrio) ама се мислев за корпава дали да доземам или не. Сепак ќе останам веројатно на овие две. Фала за одговорите
Не ти треба корпа. Се спушта количката скроз во легната положба, а и до 6 месеци ние само во транспортер го возевме
Има посебен дел што се става внатре не е како обичните затоа и го купивме дека може подолго да лежи во него
Транспортер ли е? Ако е, тогаш 2 часа. Ти слушај продавачки, јас ке слушам ортопед. Веројатно мислиш на делот за мали бебиња, до кај 3 месеци.
Од сонце побледе материјалот, стреата за сонце е премногу кратка, тешко се склопува... реално не вреди за цената
Може да ми кажете кои марки од колички имаат тандем за возење еден транспортер пример и седиште. Да не е класична за близнаци
Верувам дека ниедна мајка нема да направи нешто за што не е сигурна, нема доволно информации и дека нема да постапува врз основа на коментари од продавачки. И не реков дека тоа важи за најобичните транспортери туку за мојот а секој според својот ќе си донесе одлука.
Јас ти кажувам што кажа ортопед. Нема транспортер во кој може да го оставиш 24 часа. Сите ама баш сите се 2 часа па пауза. Затоа пршувам кој ти кажа?