Здраво мајки Дали ја користи некоја количкава к како сте задоволни? И гледам оди во промоција со производи козметички на Чико и за нив ме интересира како сте задоволни дали вреди понудава
Јас ја имам задоволна сум за сега. Лесно се склопува практична е. Уште ја користам големата корпа 4+ сме и транспортерот. Производите ги користев сигурно 2 3 месеци а нешто ми остана кремата со цинк, сапунчето тропалка..
Супер гледам за ценава не е лоша. А да те прашам лесна е за буткање поради рачките дека јас сакав количка нели со шипка напред не вака две рачки бидејќи на средина мислам полесно е за управување или грешам? Секако ќе одам да ја видам што поскоро
Единствено и мене ме нервираше тоа ама се навикнав, лесна е за управување. Најубаво е на лице место да видиш.
Дали некој ја има количката Safety од Bebe home? Ја баравме Kiddo ама нешто ја немале на залиха, па ми ја предложија другата.
И јас ја гледав оваа а што е разлика другите се со 3 дела оваа не ...се подесува за возење на бебеспоред возраст..докупуваш некој дел или? Ич не ги разбирам
Јас ја имам ,син ми ја користеше до 2 год ,максимално ја искористен секој дел ,после ја користеше девер ми за бебето ,и сега здравје пак јас за бебе кога ќе се роди не е мрдната ,јас сум презадоволна .
Да чико имаат стварно добар квалитет ,плус голема предност за мене е што се затвара на принцип чадор систем и многу поише простор имаш во кола кога ја транспортираш .
Тоа ептен ми одговара особено затоа што дома немам простор. Супер им пишав трае промоцијава до пон така што одам да ја видам неделава
Веројатно сите различно другарка купи количка 10та недела јас сум 6ти почнуваме сега да гледаме бараме дека не знам понатака како ќе е ниту со моја подвижност ниту со корона а сакам да си прошетаме со мж
Јас во 10та недела не бев при себе. Плус свадба спремав. Најубаво е да купите додека сте уште подвижни и имате енергија. Јас бев со поголема килажа, па и отоци, и бев подвижна до сам крај, ама побрзо се заморував, повеќе ми тежеше стомакот, во веце одев по сто пати. Сега во овие услови е поинаку, ама што помал стомак, тоа поубаво. И секако, треба да сте расположени.
Откако ќе се роди бебето 1. За креветче. Можеби ќе сака исклучиво со мајката да спие, а можеби и мајката ќе сака да спие со него. Погледите се менуваат откако бебе се држи во раце, паѓаат сите теории "како ќе биде" Бебе мое постави рекорд на спиење во креветче 3ч го продадов кога имаше 1.5г.. 2. Количка. Откако ќе имаш бебе стануваш свесна дека што попрактично, полесно е подобро. Со бебе во рака одма добиваш визија како треба да го личи во количка и што се таа треба да има. Налет и изглед и се, ако е мака да бараташ со неа, а сите со мешиња бираат изглед Купената количка во 7ми ја пензионирав кога бебе имаше 6м а ја продадов кога беше 1.5г. Па со се него купив нова практична Купи кога мислиш и ти е мерак, твое си е, од грешките се учи, пуштам среќа да не погрешиш во изборот
За креветче имаше попуст во Бебе хоум и одма купивме, јас бев 6ти месец. Количката ја нарачав месец пред термин, пошо не знаев кога ќе ми стаса. Облека почнав во 9ти кога влегов, тогаш ми беше и торбицата спремна за болница.