Јас бев сигурна дека бебе нема да спие до мене. Од прв ден спие во свое креветче. А ако не го научиш да спие до тебе, нема да бара да спие затоа што не знае поинаку. Ако мајката сака да спие до бебето е друго. Јас избрав количка која е практична. Во 5ти месец. Читав, разгледував, планирав една ама на лице место се одлучив за друга. Изгледот на другата сеуште ми е поубав ама да ја купев таа сега веќе ке му беше мала на синко. За буџетот и практичноста го избрав најдоброто.
И јас бев сигурна дека нема да спие со мене,туку во свое креветче. И спиеше така,до некаде 4,5 месец. Откако почна да се буди на 20 минути да бара да спие на цицка,после 5,6 такви непроспиени ноќи,стани- седи 40 мин со бебе во раце- легни-стани пак по 20 мин и така цеееела ноќ,си го зедов до мене на спална. И тоа висење на цицка многу време траеше,па така барем успевав да поспијам така потпрена на кревет или барем уштедував време на стани/ легни. Зависи од детето или од ситуацијата,не дека јас сакам мм да спие во дневна или на секое негово вртење да се штрецам да не падне од спална,ама мораше така. Еве го година ипол има,сеуште се буди минимум 3 пати,а често и се буди многу повеќе.Бара да " цица",му давам и продолжувам да спијам,па он нека се лигави цела ноќ ако сака.
Моето покрај два креветчиња спие со мене. Првото не е ни употребено а еве сега го одбив од доење и некако со лулање заспива во големиот кревет но во пола ноќ не почне да плаче сака да го земам и веднаш продолжува да спие до мене. Се тешам барем на второво ќе му се најдат. На големиот пак нов кревет-автомобил ќе му земам. И така... Доколку сега носам девојче ептен имам мерак да ја имам оваа количка на Стоке. Многу ми се допаѓа се надевам би го убедила мм да ја земеме, а ако е машко пак ја има црната иако веќе доста оштетена од синко
И јас сум поминувала такви ноќи ама не попуштам. Цврсто спијам и синко може да биде потиснат или да падне а јас да не сетам. Се случувало да цица и да се буди на 2 часа. Синко не се буди, само се подрасонува ама јас морам да станам, давам да цица и гледам на мобилен нешто да не се успијам, па го држам дигнат малку, додека да легнам и заспијам тој пак буден. Дали спијам по еден час.
И јас сум таква нема шанси бебе да може со мене во кревет да спие и мм мора да ми е во спална да ме контролира. 5 сек ми требаат да се комирам за спиење. А и искрено противник сум на деца и миленици на кревет се знае тоа е за мене и мм. Наша интима да се гушнеме бациме па и да бидне нешто...вака кога ќе ги чујам колешки децата 2 год со мајките а мажите во дневна не ми е баш-баш. Ама па кој како мисли и љуби нека си прави
Во право си. Ама ке видиш како команда една педа човече. Си спиеше сам до 7 месеци па сега не спие сам сака со нас. Количката од 2000евра за малце ке ја продадев. Не седеше и не во неа. И после 6 месеци ја засака. Така да не е како што ние сакаме
Табиетлија Како че ти се погоди и колку нерви имаш дали да истраеш или попуштиш во секој случај не верувам да некад би се наспала ако бебе спие со мене во кревет. Цело време на штрек
Дали може да ми препорачате количка, лесна за мала кола. Гледам дека има цени од -до . Многу ми паѓа во очи maxi cosi ама скапичка ми е. Буџетот ми е 17000 до 20000 максимум. Искрено би сакала само со дел за седење и евентуално транспортер ,корпата не ми треба бидејки ке биде здравје зимско бебе во декември, таман за во пролет за шетање во делот за седење .
Bebe home. Побарај ги на фб имаат продавници низ Скопје ние од сити мол ја земавме. Сега ми испадна количка на бубамара страната од 26.000 намалена на 13.000 на free on
Епа и јас бев сигурна дека ќе спие само и во состојба бев 100 пати да ја вратам во креветче, воопшто да не спијам ама ме победи. До бебето е. Вака бар наспана сум ( од 4 сабајле ја земам кај мене) ама денски не ми спие.
Не немам Стоке, имам Мима Хари. Ама и имам голем мерак на Стоке мада не ми се купува секој дел посебно .