Koristaski, продавница на Chicco има и во ТЦ Беверли Хилс доле во подрумот. Кога гледаш накај трговскиот од кај Спа му доаѓа од левата страна на паркингот на крајот на трговскиот. Поздрав!
^ Колку пари грчка снао ?? Инаку убава е количката, само може си требала да земеш неутрална боја, или пак планираш пак да купуваш кога здравје Боже ќе имаш второ, а е машко ?!?
9850 ја земав заедно со ташна , прекривка за нозете , мушама за дожд и мрежа против комарци Имаше и зелена боја ама па не ми се допаѓаше многу , дречлива беше а за второ здравје, може за некоја година нешто друго да измислат хаха
Ахам, па добра е количката за тие пари. Инаку торбата знам дека е преголема и имам видено една познаничка со иста ваква количка, ептен е голема и практична.
да за тие пари добра е се надевам и дека е издржлива , до сега не сум слушнала некој да се пожали инаку околу 10 кила е , гледав нешто да е полесно ( количките обично се од 10 до 13 кила тешки ) а и да не е скапа.
здраво на сите.денес ние прв пат бевме на прошетка со количката. Инаку имаме chicco liteway и сум презадоволна затоа што е лесна и лесно се управува
Купивме квалитетна количка со релаксатор на Graco (американски) од Крш и сме презадоволни. Пред 3.5 години ја плативме 14500 (со релаксаторот) и не жалиме ни денар. Беа поскапи од некои други марки но поефтини од Chicco и Peg Perego. За првото бебе знаев дека ке биде женско но сакав неутрална боја па избравме сиво - портокалови бледи нијанси. Ги извозивме максимално со двете дечиња. Платното се вади комплет и од количката и од релаксаторот за перење. Наслонот се спушта во лежечка позиција ако детето заспие. Има сунгерест додадок за бебе кој подоцна се вади па има повеке простор во количката; три нивоа за подесување на ремчињата како расте детето. Пластиката напред се трга, инаку на истата има отвор за шишенце. Корпата под седиштето е голема, собира торба + кеси од супермаркет Се склапаат на половина и не се тешки. Бидејки не сум од Скопје а децата ги носевме редовно во Систина на контроли, релаксаторот го искористивме уште повеке. Релаксаторот се става на количката па се добива количка за бебе. На првиот роденден добивме подарок Chipolino летна количка и да ви кажам неможе да се успореди со претходниве. Единствена позитивна работа е што беа навистина лесни. Растојанието помеѓу тркалата беше многу мало па кога ја туркав колицата, неможев да чекорам нормално. Друг момент е што рачките беа многу ниски и морав да се наведнувам за да ги туркам (а висока сум само 165) па после грбот ме болеше со часови. Ги користевме единствено кога мораше и двете деца да ги носиме некаде со колички. Еве го моделот само ја нема повеке нашата боја на интернет страницата:
Ние си купивме ваква....сеа за сега сме доволни http://eshop.chipolino.com/?act=inside_ ... uct_id=548 Чиполино Оптима
Преубава количка со здравје да си ја користите ние имаме чиполино ултра и мн. сме задоволни тркалата се големи и лесно се вози по нерамни патишта
Фала koristaki. И вие исто со здравје да си ја користите вашата количка. Гледам дека си тазе мамичка. Живо и здраво да е бебчето ти. Многу да ви радува и секогаш да ви прави со тато горди родители. Сега ние ја користиме во двор, дури не напрајме 40 дена (така кажаа бабите). Ми се затвори душата во таа куќа, уште малце остана до краја и ќе прошетаме цел град со Мартин хаха Во двор има и нерамни површини и стварно е многу лесно за возење. Тоа е заради алуминските джанти и квалитетната гума.
какви реклами им направивте јас мислам дека заслуживте да барате некое поклонче од производителите се зезам
Леле, аман со тоа. Јас сакам да си го извадам бебчето надвор на сонце, ама нема, не оставаат, ни педијатарот, ниту пак бабите, мало било. Ама ајде, на 22 април правиме 40 дена, па конечно ќе има шеткање. А нашата количка е ваква, само боите се зелена и кафеава.
ние купивме chicco 320 евра . тогаш мислев дека од нашата количка нема подобра но сега сум тотално разочарана за само 10 месеци се расклата многу
Да најверојатно близначиња Шубавко Малце тешко е две дечиња наеднаш Јас сум близнак и знам по мајками Ама па и убавко е
^^^ Да близначиња се,малку ме е страв,но секако имам кој ме подржува и секогаш е до мене ,од моја страна нема никој близнак,добро е свекрва ми е тука да ми помогне, Значи го дознавме и полот,момче и девојче се , и сега слободно ќе можеме да ја спремаме собата,да мислиме имиња и се така по ред ...