Можеш да си земеш точаче, ја бебко од 8месеци го возев во трицикл од локо кроко, кога ќе порасне се вадат рачките и се прави како самостојно точаче за сам да го вози, а летна количка уште немаме земено се мислам дали дa земам, ма да тоа би било полесна варијанта за пренос за разлика од точаче зашо ова не се склопува..
Истиот муабет пред да се породам Еве го 19 месеци е до мене спие Повели, од искуство 10ка летниот дел најискористен, во корпата спиеше дење до кај 4 месеци, презадоволна. Разгледај ја на енцименци.
Мамички, ве молам за совет од искуство. Денес бев во bebe home и enci menci и сеуште се двоумам помеѓу двете колички: Safety 1st Hello 3in1 и Chicco Trio Best Friend. Safety ми е полесна, а Chicco поубава. Благодарам.
Ние safety first ја земавме идеше со седиште за во кола и ја се мислев со таа на енци менци. Но енци менци ми беше по глобазна и тешка за управување а оваа во бебе хоум некако ептен лесна ми се виде и удобна. Најдобро таа што добро ти се фатила на рака земај . Јас многу се двоумев ради рачките и стварно во продавница ми беше чудно може ненавикната. Прочитај назад прашував и јас и добив позитивни ком за неци менци. Мислам со ниедна нема да згрешиш А и да кога ја склопувавме да ја пробаме сигурно о вие ја пробувавте Енци менци ми се виде многу некако комплицирана со рачки ваму таму а оваа другава кога ја собраа беше помала и полесна без толку копчиња и завртки навртки
Нас брачниот ни е да се тесниме едвај не збира а слабички сме и двајцата. 40м2 цел стан во дневна нема опција за спиење така што сакало бебо или не ќе мора па се надевам во иднина ќе се прошириме станбено
Да не мислиш на Chicco Trio Sprint, бидејќи Best friend нема рачки, туку е една и се подесува на три позиции, исто како Safety? Не ја склопивме таму, само ми ги ставија трите дела, ама на you tube гледав и склопувањето ми делуваше многу слично како Safety, само потешка е.
Не гледај на лик, оди на лице место и пробај ја дали ти лежи. Види дали лесно се склопува, дали ти е гломазна, дали ти е мала. Количката се користи долго време, па имај на ум дека практичноста е побитна од убавиот изглед. Јас не ја кипив количката која ја сакав затоа што беше мала, избрав практична количка која е лесна за возење и склопување.
Се мислам да ја купам оваа количка ама немам никакво искуство до сега. Ако може да ми кажете доколку ја имате дали е добра ?!
Најубаво да одиш на лице место и да ја видиш јас кога отидов во локо кроко искрено ништо не ми се допаѓаше друго е на слика друго е во живо...и треба да ја пробаш на рака да видиш дали на тебе ќе ти е лесна за возење
Дали имате искуство со нарачки и достава по карго на количка од Мамини Охрид, Бејби Центар Кики Чико Струга или Чарли Бебе Тетово и како сте задоволни?