Аха епа не е прикажано на сликава. Јас бев доста загреана за количкава, ама со ограничен буџет и се предомислив
Cam ти се по квалитет како Чико да знаеш во иста фабрика се прават. Јас сум љубител на Макси Кози 5 години работев со нив и најјаки и најдобри ми се, ма да сега кога останав трудна не ми се даваат толку пари, а претходно викав Макси Кози ќе купам ко ќе бидам трудна.
Благодарам, а cbx? Ме зачуди тоа што Cam имаат една година гаранција, а Cbx само 6 месеци. Кога прашав во Крш дали е понизок квалитет Cbx од Cam, ми рекоа не. За Maxi Cosi се изначитав позитивни работи, само доста поголем простор зафаќаат и на промоција со транспортер во Bebe Home се 30,000, поефтино не се наоѓаат.
Cbx ако ти е скратеницаа за марката Cybex, тие се германски и со добар квалитет. Јас кога работев во Бебе Хоум држевме седишта од Сајбекс и беа со 2 години гаранција. Инаку мене лично не ми се нешто...имаше некои Сајбекс колички по 120 000 што не вредеа како Чико модели. Инаку да јас секогаш ќе бидам за Макси Kози пошто поквалитетни ми нема, ама не ми се даваат сеа пари
@jarec6 Те молам кажи ми со што да ја репарирам кожата од Мима Хари? Цела е уништена. Барем и за другово да ја искористам
@jarec6 Cbx не е скратеница од Cybex. Мислам дека е помала budget friendly фирма под нивна надлeжност. Цените на производите се драстично различни. На официјалната страна на Cybex нема Cbx производи.
Золва ми ја има и многу е задоволна. Пред се зошто е лесна и она од 2 спрат со дете во раце ја симнуваше. Количката е стварно уникатна, ама ако мене ме прашаш не со разделени рачки. Имав јас на мадркер со разделени рачки и потешко нешто за управување нема.
Офф за од самиот бренд нема нешто такво мислам дека, единствено ти преостанува да експериментираш со некој што тапацира да прашаш дали може да ја потсреди. А да нарачуваш цел дел сигурно е пррскапо и не вреди како што гледаш. Со право ич не сум ја сакала количкава Ајде истерај некако да не ти бидат фрлени парите џабе.
Јас оваа ја купив. Транспортерот супер комотен изгледа, а количката е одлична. Мислам и Макси Кози дека се генерално добри, ама Адорава многу ја фалеа.
ние ја имаме првата, купена од Babyblu, не сме воопшто задоволни, бебе се вози од март до пред некој ден и тоа не редовно, цела се раскрцка, почна да кочи, секое камче мислам ја раздрнкува. Побрзавме земавме и летна оваа година, од Либерта во Велес, Киндеркрафт Гранде. Ептен е убава, може и во зима да се користи има прекривка. Да знаев порано веднаш ќе земев чадор систем и транспортер.