Каде ти е уништена? На рачките? Кожата на мојата беше распукана на рачките ама си купив нови навлаки онлајн.
Да на рачките Може ли линк?? Иначе планирав парче скај материјал да купам и да отидам кај некого да ми ги опшие рачките. Ама доколку има нови навлаки суперрр
https://www.mimakidsusa.com/product/xari-handlebar-sleeve/ Од тука порачав. $20 амерички долари. Ама јас не сум во МК. Види провери дали доставуват до кај нас. Иначе и таа ти е добра идеа
Мамички патем,како сте задоволни од количката Stokke? Една блиска ми ја продава ептен сочувана, па искуство? Ги има сите делови транспортер корпа и седиште што е 6+ ?
Ако ти ја даде за 200 евра земи ја,ако не не ја зимај,не е практична воопшто. Само бренд и цена напумпани
Ах, навистина? Не многу поскапо ја дава дека се 3 дела.. А барем седиштето вреди ли? Корпа имам од малиот
Баш седиштето не е добро,а твојата корпа не може да се стави на таа количка. Искрено самото седиште е мн. чудно и на 10месеци им висат некако нозете на бебињата, а кај да ја возиш до 2 години... Плус што е огромна за во гепек...
Такви се, и мојот на Мима Хари му висат нозете уште од годинка За гепек знам и сега ја имаме маката ама пусти мерак со овие колички
Јас бев за мимата загреана пред воопшто да почнам со разгледување колички, стокке воопшто не ми се бендисуваа ради што сакав нешто поелегантно ама секогаш примеќав дека нозете им висат на малечките и се чудев како е тоа удобно, кога ја видов мимата уствари сватив дека понеудобна од стокке е таа. За багаж.. и нашата го фаќа цел ама сум заљубена во неа, тоа и е единствена "мана".
@mssuniquee ти ме имаше прашувано за Мимата за кожата така? Ама јас не те сфатив дека за рачките. Ако ти е за рачките само лесна раб. Се прават такви навлаки со патент,ние во Бебехоум имавме за Киддо количките направени од кожа и убаво изгледаа. Најди некој материјал таков ќе ти сошие некој што шие. @Bubish26 ако добро прочитав имаш Анекс... Ако е така вреди големината,во седиштено јас можам да седнам,секако е убава и комотна
Јас ја имам но малата е 4 месеци,уште сме на корпата,и релативно кратко ја користиме за да дадам опсежно мислење. До сега сум задоволна,делува удобно,со нечујна вожња.Има интегрирани лагери во самите тркала,се вртат 360c,и секое е со засебна кочница.Лесна е за маневрирање и склопување,но има минус кај компактност,премногу место зафаќа.Намената и е само за асвалт,нема федери,па возењето офф-роуд е речиси невозможно. Делот со држачите на нозе кај спортското седиште е изменет,се подесуваат,а како најголем плус е подесувањето на висината,односно контактот очи во очи. Сепак,ке кажам дека се работи за количка каде изгледот доаѓа пред функционалноста,а за квалитет сигурна сум дека би “издржала” неколку деца. Мене не ми беше прв избор,но кога купував беше на акција,ептен добра цена имаше,околу 700 е 3те дела,иначе од таа класа колички,несомнено би ја ставила Cybex Priam Lux на прво место.
За ЕГГ мислење? Имаме црна ама не сме ја користеле многу со коронава Дали сме направиле прав избор на количка бидејќи се мислев и за Сток?
Добра е да , има супер полнење на тркалата не се осеќаат дупки.Е сега седиштето исто и е 6+ мора да имаш транспортер или корпа.