Бебе хоум ама навлаката ти е 100 и кусур евра,боље земи си транспортер нов. Плус што ќе чекаш да ти порачаат 2 месеци.
Макси кози ги продаваат и во беверли во тие бебешките доле што се за опрема...провери таму да не имаат случајно поевтина варијанта
Фала ви многу Битно си го истерав меракот со количкиве за двете деца @Poppins Ти пишав порака со сите инф
што сè перете од количките? и како ги перете материјалите што не се вадат? ја земав safety 1st hello 3in1.
Сè се вадеше и исправ сè во машина на програма за рачно перење. Претпоставувам дека тоа што не се вади, го поминуваат со влажна крпа.
Женски, некоја од вас да ја има maxi cosi adorra како е задоволна? Читам искуства мн ја фалат, уште ја немам видено ама некако мн сум загреана. Но проблем е имаме peugeot 206 реално гепекот е мал дали би ја собрал некако, или нема теорија? И да идам до bebehome сигурно нема да и дозволат да ја пробувам за во кола дали ке ми ја собере
на слика и мене ми се мн допадна но кога ја видов во живо не , некако ми е лита и расклатена , ние си зедовме од локо кроко исто на акција Количка Loco Croco - TORNADO T4 намалена https://www.lococroco.com/количка-loco-croco-tornado-t4 и ми се мн допадна , цврста е стабилна и лесна на расклопување , дури и самите продавачки ја препорачаа како една од по квалитетните и по добрите , и баш рекоа дека е и подобра од овие новите но дека е 2 години стар модел и затоа е на акција и помалце "популарна "
Измерете должина и длабочина на ѓепекот и види ги димензиите на страната на Bebe Home или замоли во продавницата да ти ја измерат количката (не прават проблем). Koличките на Maxi Cosi се убави и лесни за маневрирање, доста ги фалат, но се гломазни. И ние имаме помал ѓепек и од се што видов, како најкомпактни и што зафаќаат помал простор се: Chicco Trio Sprint (чадор систем), Chicco Trio Best Friend, Cam (чадор систем), Cbx и Safety.
Cybex balios s исто ми е во опција, ама демек не биле баш за бебе читав коментари , башка ми е поевтина, ама нема транспортер па :/
Ние ја земавме Lila. Се мислев меѓу неа и Адора, разликата е што Адората е мнооогу малку полесна пд неа и поспортстка, инаку и двете исто се склопуваа. Цената сега со акцијата што даваат и транспортер им беше скоро иста. На Лилата таа корпата за пазарење што е долу се ваѓа и кога ќе се собере само рамот (без делот за седење за бебе) не зафаќа многу место , а на Адората останува на нејзе. Колцата лесно се вадат и ставаат, во главно овие колички ми се видоа лесни за управување. Прво бев загреана за Чико трио бест френд, ама кога ги видов на макси кози количкиве не се ни споредуваат, а цената им е тука-така. Оваа на чико е прелесна и мислам дека и во најмала кола ја собира, ама па многу ми се виде мала и некомотна за седење на бебе, а и корпата за бебе што ќе ја користам 4-5 месеци нема да ми треба (секако делот за седење се претвара и во корпа за лежење). И материјалите на макси кози се поубави. Мислам дека не згрешив, ќе покаже време кога ќе почнам да ја користам
Cbx Onida Flex јас ја гледав, корпата се прави и како седиште и плус доаѓа со транспортер, а чини околу 20,000. Мене ми се допадна, а и е супер за автомобил со пoмал ѓепек.