Оваа и се мислам за седење дека делот и е мал, кога ке попорасне мислам дека нозете ке удираат доле, знам дека не се баш практични пвие што се трансформираат од корпа во седиште , Во крш ги гледаш ? Се одлучи за некоја ?
Зафаќа многу малку повеќе место од Адората, на ист принцип се склопуваат и со трио бест френд на Чико. Како куфер (не е чадор систем), заедно со делот за седење. Ако одиш на подолг пат лесно можеш да ги извадиш колцата, торбата и делот за седење, и така само рам склопен ич не зафаќа. Ја ставаш во гепек најдолу и ставаш куфер и останатите ствари над неа и тераш. Зависи и од колата ама мислам дека и во најмал гепек би ја собрало. Пишува на сајтот на бебехоум и димензии на склопена.
Да, во Крш. Можеш да ја видиш на лице место, комотно е и седиштето. Јас се одлучив за chicco, a cbx ми беше втор избор.
После 14м активно користење на lila Maxi cosi, во која се заљубив на прв поглед, а бев месеци загреана за адора, со мерак уште ја возам. Материјалите се предобри. Одржувањето е многу лесно. Го вадам делот со се бебе и идам да ми ја исперат со вап рамката и тркалата кога шетам кај што перат коли. Немам двор, да не си ја прљам туш кабината Многу е лесна за маневрирање, и по калдрма и по дупки. Се утепав од пазарење, еднаш гости ми идеа гајба пиво ставив, не мрда. И за пакети вода потврдувам. Мм ја подмачкува редовно, но не ни крцнала до сега. Некад кога спие бебе со прст го возам со друга рака дремам на мобилен. За моите потреби е одлична, со тешко срце ќе се збогувам со неа, и ќе си ја чувам за второ дете. Едит: ми текна уште нешто. Рачката ми одговара, другите ги шутирав или искривена бев.
Леле незнаеш колку ми олесна што го читам ова. Ептен ептен се мислев, вака на прв поглед изгледа многу цврсто и убаво удобно за бебе, материјалите убави ама друго е кога ќе слушнеш искуство од некој што ја има
Девојки, искуство со колички на chipolino, уште сум во фаза на разгледување ама би ми значело доколку сподели некој искуство Фала женски однапред
Здраво на сите, барав низ старите страни меѓутоа не најдов нешто конкретно па би ве замолила да ми ги кажете вашите искуства и мислења за foppapedretti up3 количката. Мене премногу ми се допадна ама добив коментар дека е гломазна и тешка сега сум во двоума дали да ја купуваме или да барам нешто друго Фала однапред.
Оваа и јас ја меркам. Прилично е скапа така единечни без транспортер или корпа. Ај транспортер ќе купам, или поточно она седиште за кола од 0 месеци. Моето ќе е зимно бебе па претпоставувам корпа нема да ми треба многу, како што е ладно овде во Гермнија. Ме интересира само дали на оваа може да се прикачи еден дел што го имаат повеќето колички, прекрива некоја е како заштита од ветер, незнам како се вика? @jarec6 читав и ти се разбираш околу овој бренд, ќе ти текне на кој дел мислам и дали го има?
Дали е гломазна и тешка ке видиш на лице место. Види дали ти одговара на твои критериуми. Каков багажник имаш, каде ке ја чуваш, каде ке ја возиш, сакаш ли практична количка или да е убава на око, многу фактори играат улога. Точно е дека некои колички се гломазни, ама ако си во куќа, ако имаш гаража, ако ја возиш на рамно, нема да имаш мака. Мој совет е да обрнеш внимание на делот за седење да е удобен. Јас и маж ми сме крупни, синко е крупен за месеците. Отидовме по една количка, купивме друга. Првата беше тесна, делот за нозете мал. Количка се вози до кај 2 години, не е финта да му е таман на 1 година. Гледам секаде ги форсираат корпите а најмалку се битни. Кратко се користат, синко околу 4 5 месеци почнав во транспортер да го ставам затоа што сакаше да гледа додека шетаме. Дури има колички каде комотно можеш само седечки дел и транспортер да купиш, иако ортопед не препорачува возење во транспортер.
До 31 август оваа и Лила одат со гратис транспортер. Мене ме интересира за транспортерите - базата за во кола се купува посебно или оди во пакетот? Сигурно ми е глупо прашањево, ама од кај да знам? Претпоставувам дека и тоа е плус, па да сум спремна со време. И за кенгур ќе прашував - има ограничување колку може да е во таа позиција? Мислам дека ќе ми е поискористен од количка во првите месеци.
Кенгур после 4м се препорачува ако веќе сакаш да користиш. Јас не би ти советувала кенгур, количка е светска работа. Мене ми беше мерак ама ортопедот ме премисли. И реално немав потреба. Плус тие си вежбаат во количка, си мрдкаат, подоцна вежбаат и стомачни. Транспортер можеш и со каиши, не мора база. Се врзува обратно од правец на возење, да гледа кон задно стакло. Јас на maxi cosi транспортерот доста долго го користев, поголем е од на чико на пример што сум гледала.
Базата на мојов транспортер си одеше во комплет, зависи од моделот. Сакав да порачам со изофикс, тоа ќе требаше да си го платам плус, но како што фати коронава, не можеше баш во тој период да се порачува и остана базата да ја користиме.
https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-adorra-essential-blue-cabriofix-гратис-2/ https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-lila-nomad-black-cabriofix-гратис/
Па не знам дали мислиш на кабаница за од дожд и ветер(како најлон што е),тоа оди со количката, а има и зимска прекривка односно вреќичка таа си оди плус на цената.
Мислев на ваква прекривка како на сликава, ама изгледа не оди ваква со количката а ниту ја има како додаток. Инаку и количката на сликата ми се допаѓа ама проблем е што е свртена во еден правец само, не можеш кон себе да ја свртиш.
Оди, немам јас ваква количка ама кога ја нарачав добив 2 покривки, една за корпата и друга за седиштето
Има дополнително се купува footmuff се викаат на макси кози, иако можеш и било кој бренд, не е морално истиот,каишите се вметнуваат во дупките и стабилна е.
Ниту е гломазна ниту е тешка, со една рака го држам малиов, а со другата ја кревам количката кога слагам по скали, со сопругот сме двајцата високи и бебенцето ни е големко, првично ја купивме трио бест френд на чико, ми беше огромна желба, кога видов колку всушност е мала, маж ми беше пресмешен кога почна да ја маневрира, ја вративме и ја зедовме фопапедрети, задоволна сум многу од количката