За лесни не се воопшто за дигање, сама не би можела со бебе. Али за возење не осеќаш дека количка возиш, јаки амортизери. Јас бев заљубена во Лука белата . Продавачките ќе ти ја предложат Холанд како најпродавана
Супер е, втора година ја возам мака нема плус е една од полесните колички што мене ми беше ептен битно. Има постари мислења доста можеш да си прочиташ назад
Дада читав, затоа и ми влезе у тесен избор, треба да отидам во живо да ги видам само, проблем ми е колата peugeot 206 имаме па гепекот е баш тесен Ја мислев маxi cosi ама гломазна е
Ја има некој количкава и како е задоволен, во однос на висина, тежина, летна количка е или пак некоја комбинација ( ми треба летна, помала верзија на колички) . Ја нема видено во живо се мислам да ја порачам
Ние во саботата земавме чиполино Малта 2во1 од андреј компани. Чинеше 14.999. Мене ми се допадна, флексибилна, лесна за мене(јас сум големо женче ) За користење ќе видиме од декември како ќе се погоди.
Креветче да ти препорачам од чарли во тетово се наоѓа многу ни се погоди имаш и за лулање опција Кога барав јас бев во бебе хоме обично дрвено ништо посебно по 10.000 12000 ова е 10.500 мислам дека беше и со фиоки имаш под него
Користел ли некој вакво слично колку е практично, дали дете што гледа напред би седело вака? Исто така ако имате негде сретнато кај нас да ми кажете...јас разгледував на сајтовите на bebehome, encimenci, bebesupermarket, bubamara ама нигде не сретнав вакво со седиште имаше едно само за стоење од бебесупермаркет.. tnx in advance
Овде во емиративе гледам многу ги користат и буквално во секоја продавница може да се најдат. Колку се практични не би знаела да кажам
Здраво, дали имате искуство со Чико трио бест френд од Енци менци. Сега е на промоција со седиште за во кола. Но ми делува како мала, ниска?(барем на сликите што сум видела, во живо не сум ја видела)
Јас би ти ја предложила Бебетто Холанд, ние се мислевме измеѓу Бебетто и Чико, но кога ги видовме во живо Бебетто е повисока и има опција кога ќе почне да седи да е свртено на кај тебе, и подобри амортизери има
Имам искуство, искрено не разгледав убаво, а количката на изглед е преубава и ја купивме. Јас се зафркнав зашто имам големо бебе и до вториот месец ги надрасна и корпата и транспортерот. Третиот дел за седење засега е ок (4 месеци е) ама кога е легнат се турка со нозете и главата му искача горе. Седиштето уште не сме го пробале, на изглед е ок. Значи на изглед е топ количката сите ме прашуваат за неа ама јас не би ја купила пак, а не е воопшто евтина. Совет: Барај количка со правоаголна форма, а не заоблена.
Има и Чико опција да седи свртен накај тебе и цврста е количката, не зафаќа простор ама само од причините што ги напишав не би ја купила повторно. За помало бебе е одлична и транспортерот е одличен, на други колички не ми се свиѓа.