Многу е тешка, дали оти јас сум ситна незнам но мора некој да ми ја извади за да го шетам бебето. Голема е да, корпата е како кревет
Како што ти кажала членката, мала е. За крупни бебиња не е. Корпата за седење до кај 10 месеци ке е таман, потоа нозете ке му се свиткани. А количка до 2 години ке користиш. Може и повеќе. Гледај ја корпата за седење каква е, најдолго се користи.
Некој што ја има Safety First да ми каже дали има на неа рачки за торба т.е. дали торбата да ја барам со рачки да ми биде? Или каква имате земено? Спакована ми е ама вака како што гледам не можа да видам да има додаток за ранче/торба за прикачување...
Мислам самите ранци си имаат додаток за прикачување на количка немаат количките, барем мојата нема ништо такво ранците си имаат од позади ко две плус каивчиња за на количка
Како успеа транспортерот да го надрасне?! Колку см е? Сите колички на дурел имаат како кругчиња на кои се закачува торбата. Трикот е што најчесто се со специфичен дијаметар каде не може секоја торба да се закачи.
69цм е. Нозете надвор му се. Скоро прочитав тука дека нозете не биле проблем ама не сакам така да го носам, плус не можам ни 2 метри со него.
Да сега и тоа гледам за малце ќе порачав со ушки ранче што нема каивче...и не можев да се сетам да не има количкава во опремата а спакувана ми е...ама мислам немаат
Транспортерот не го вади од кола, до 6 месеци најмалку мора во него да се вози, заради вратот. Синко на 4 месеци бил 70 цм и без проблем се возеше во него. Поточно до кај 8 месеци во транспортер беше, значи до кај 77 цм.
@Jana06 грешка, на 4 месеци бил 68 цм, на 5 - 70. Без проблем се возеше на таа висина во транспортер.
Транспортерите не се ограничени со должина на бебе ,туку до одредена килажа се ,се дури главчето на бебе му е океј наместено тотално небитно е дали висат нозете или не.
Не се со килажа, со должина односно висина се ограничени. Има деца кои на 70 цм имаат 7 кг а некои имаат 8 кг. И двете можат да седат ви транспортер. Транспортерот е освен висина, неопходен и заради положбата на телото, со лице бебето да е свртено наназад, заради вратчето кое не е доволно силно.
Секако не патуваме често и на кратки релации одиме, а и не сака никаде освен исправен кај мене во раце и да гледа низ прозор.
Знам мајка. Стално го ставав транспортерот во кола ама нема шанси да легне. Го носев на лекар со такси и испадна и дете и транспортер во раце да носам, се измачив. Сега во кенгур го ставам и така функционирам.
Те разбирам, не е единствено бебе што не сака да се вози. Работата е што ако не сака сега, ни во иднина нема да сака, ни во седиште. А ке одите и на одмор и на шетање.