Ја гледав во бебе хоум и воопшто не е мала. Корпа не ти треба. Се користи мн малку. Едино не се сеќавам дали одеше до нула позиција. Ако иде, така може да се користи од раѓање. За кратки шетњи транспортерот е супер.
Ја отворив страната да видам што понуда има, гледам дека транспортерот оди гратис и со двете. Значи ова мое лично мислење е, корпа не би купила јас, транспортер ти е доволен првите 6 месеци, а после тоа и да не е седиштето 0+ секако е барем 6+, така да немаш гајле. Не си троши пари сепак над 10 000 се корпите, знам дека викаат нели во транспортер детето не повеќе од 3 часа, ама па бебче до 6 месеци повеќе од 3 часа дека ќе седи и онака без да се разбуди, да се нахрани реално нема шанси. За ова што викаш поголема помала, па искрено двете се до 3 годинки...јас те советувам да си ја земеш таа што повеќе ти се допаѓа,зошто не се мали во секој случај да не се секираш. Земи си ја Лилата и не се замарај Како и да е нема да згрешиш. Баш пофали се што си одлучила
@LivingGlam Термин ти е 1 март, а во Охрид најчесто свежо е до 1 јули. Размисли си за корпа бидејќи најзаштитено ќе биде, често во градов дува, а особено покрај езеро знае да фучи ветар и наутро и навечер. Еве јас сум во градот од летото, ќе речеш лето, а корпата ја изнакористив. Рано наутро шетав во 7 и сосема тамам му беше во корпата, покриен со тетра си спиеше на прошетка. Имаше денови кога многу дуваше наутро. А и во пролет Охрид не е баш топол. Пред некој ден кога шетав, пукаше сонце и беше претопло, со куси се шетаа сите на сонце, а под сенка седнав да се одморам додека си тера дремка, дуваше ветар бог да чува и смрзнав. Во корпата му беше топло, дури и зимската прекривка му ја прикачив за да го заштитам од ветар и студ, се изнаспа два и пол часа. Ова е мое мислење, сепак ти си знаеш, размисли си. Но што и да одлучиш, тамам ќе си е.
Види ги во живо, затоа што тоа што го кажуваш и сама е многу битно. Најбитно е каков е делот за седење. И во живо види како ти легаат на рака, како се склопуваат, колку простор зафаќаат во гепек. @0ли синко пак ич не ја сакаше корпата, навистина кратко ја користев. Кога почна да разгледува го возев во транспортер, не му беше интересно само во небо да гледа. А во право си дека корпата штити од студ, ама и транспортерот воопшто не е изложен. Плус транспортер е позгоден од аспект што вадиш од кола и закачуваш на количка. А ако не користиш кола често, од дома ако излегуваш до количка е друго.
Еве пет и кусур месеци е, спие во неа. Додуша, лежиштето се мести на 45 степени и така го возам, па кога ќе заспие, му го спуштам и спие по два - два и пол часа. Не сум го шетала во неа за да разгледува, освен помал кога беше и обожаваше да ги гледа дрвјата. После само му го фаќам времето за дремка и си спие на воздух покрај езеро. Еднаш излегов со транспортер, сонце го маваше во глава, не му беше пријатно. Излегувам со количката и корпата на неа, пешки се движам низ градот, со кола сум само подалеку ако шетаме. Транспортерот навистина е многу практичен, така е, вадиш од кола и ставаш на количка, но тоа го правам само за контроли за да не го мкнам, многу ми е тежок. Го послушав Антоније да го користам транспортерот за транспорт, а не за шетање, советот беше во корпа да лежи. Претпоставувам дека @LivingGlam ќе сака да си го шета бебето покрај езеро, па затоа така и' советував. Во транспортер нема да е толку добро заштитено. Не ја користам корпата нешто премногу долго време, три месеци засега, но премногу работа ми заврши во Охрид. Да бев во Скопје во пеколот, сигурно претопло ќе му беше, но тука му е ептен погодено. Му давам да јаде, ќе го облечам и само што ќе излезам, заспива и ја спуштам за спиење. Нема тој можност да избере дали ќе ја сака или не бидејќи спие Но кај и да е ќе го возам во делот за седење, има и тој зимска прекривка и се спушта надолу ако заспие. Еве сега ќе се спремам за излегување и си велам да го ставам во тој дел, но кога гледам како алиштата се веат на терасата, си велам нека си е во корпа за потопло Ама се расприкажав...
@0ли убаво си кажа се, разбирам дека е така. И јас да живеев во Охрид така ке правев, ама овде е поинаку. Синко плус и не сакаше многу да се вози во корпа, навистина специфично бебе беше. А и мојата има опција да се крева, на чико корпа имам, убава, удобна, широка, ама не, табиет таков си има. Во кола заспива во транспортер, ама ако го преместам во корпа ми се будеше. Плус јас ретко излегував сама со корпа додека беше мал, 99% со кола со маж ми. Сега веќе обожава да се вози и сами си шетаме. Убаво е да се прочитаат повеќе искуства. Јас кога бирав количка ке ми беше од корист.
Точно, затоа конкретно таков совет и' дадов, од Охрид е Ливинг Кога купував работи, ја читав темава и едни велат не земај, други велат земи си. Се прашував дали ќе ми користи бидејќи терминот ми беше во мај, па ако не ми се излегува веднаш, дали во лето би ја користела. Но ете не згрешив што ја купив, мерак ми беше, а плус се погоди малиот да сака да спие во неа. И да не ја искористев, немаше да ми е криво, многу работи не знаеме дали ќе ги прифатат децата, дали баш ќе ги искористиме и ги купуваме на среќа Додека не пробаш, не можеш да знаеш дали ќе сака твоето бебе или не.
Точно, на другарки деца не се возат воопшто во количка. И јас имав мерак за макси кози ама ми беа скапи кога купував, немаше вакви пакети.
И јас се мислев за Макси и ми е криво што не купив, не се разликуваа во цена со оваа што ја зедов. Но ајде, за второто
Да се вмешам за корпата. Јас ја искористив,можеби 5 месеци се краток период,но правев долги прошетки и беба се изнаспа. Климата е слична на охридската,па ко што рече Оли,баш добро штитеше од сонце и ветар,ем беба си спиеше со кренати и раширени рачиња. Не сметам дека е неопходна,ама ако дневната динамика на семејството вклучува долги прошетки,убаво е да се има.
Дневната динамика е клучна, многу убаво кажа. Ние преку ден најмногу по 2 часа шетавме. Синко не е спанко, па колку и да му беа идеални условите, се будеше. Мене корпата не ми беше неопходна, напротив, без корпа по поминала. Ама за бебиња кои спијат, и мајки кои шетаат е потребна. Зависи и кога ке се роди бебето, реално за зимско бебе родено во период од ноември до јануари, па ај и февруари, не треба корпа. Мене ми пречи и тоа што немаме услови за доење во јавност. Ни клупи, ни менталитет. Не е поентата да доиш а да се чувствуваш непријатно затоа што гледаат како да е чудо.
Ве читам погоре сте се расприкажале за Лила на Макси Кози, јас ја земав таа количка, ене ја наместена само уште бебе да се роди Мене термин ми е во ноември, рачунам дека ќе шетам бебе во плик-ќебе плус таа прекривката што си се става на количката кај нозете, што си иде со самата количка (кај Лила ја има, кај Адора не). Секако кога ќе е многу ладно и кога ќе дува нема да излезам да шетам, па нема да земам дополнителни зимски додатоци за количката. Транспортерот читам не го препорачуваат педијатри за шетање ама и онака не би го користела на количката зошто овој што иде со Лилата нема стреа. Транспортерот исклучиво за во кола. Ме убедија дека корпа нема да ми е потребна џабе само место ќе ми зафаќала, а Лилата си има бебешко ергономско душече за до 5-6 месеци, така што мислам дека ќе ја искористам убаво количкава. Малку е гломазна, но едноставна е и не е ни толку тешка, па ќе видиме како ќе се покаже
Имаш стреа Како што ти кажала @kukla21 убаво види позади кај пластиката ќе ја повлечеш. И јас исто прво мислев дека нема
@kukla21 @Coco31 па кога го распакував се разочарав кога видов дека нема стреа... ај ќе го прочепкам пак..Cabriofix e инаку.