Јас ги знам сите колички во живо, не планирам да се натегам со тебе што си убедена дека чико спринтот е добра количка. За мене не е и тоа е мој став,не мора никој да ме слуша. Само дадов мислење лично мое.
Ама сепак се натегаш. И јас дадов мислење, според мене за таа цена е добра. Количките што ги стави се модел како бест френд, која за мене е мала. За мене не е поента да купуваш 2 3 колички, туку со една да завршиш работа.
Ниедна не е мала,сшоред тебе детето до прво одд треба да е во количка според муабетов.И не ме тагнувај веќе,сфативме дека си експерт за колички!
И јас ја имам и тоа единствено фали што не се врти, рачките ич не ми сметаат. Баш е практична и со толку додатоци вреди ..
Не е мала за до 8 9 месеци а во количка до 2 години се возат децата. Мене ни тоа не ми пречеше. Инаку само за изгледот имам замерка, чико бест фенд и неколку од макси кози ми се многу поубави, ама побитно е да му е удобно на синко и да ја искористаам максимално за парите.
дојдов во темава да те прашам како си задоволна од safety 1st, гледам веќе си пишала. ме интересира за транспортерот кога го користите како седиште за во кола, дали ги отстранувате додатоците што се ставаат за да клапне во постолјето на количката или не?
Ја сум презадоволна за тие пари е супер. Ние кога ја зимавме одеше гратис со седиште на макси кози за кола за кога ќе е поголемо детето. Гледам и сега имаат нон стоп акции Сега не вадам ништо од транспортерот така го ставам во кола. Количкава е ептен лесна за возење и можам да ја кревам по тротоари, мала е ми ја собира во гепек и ми беше битно ја да можам да ја маневрирам да не е тешка. Низ дома исто ја користам за успивање, го нишкам во неа бидејќи е платнена доле и можеш да го нишкаш. Мислам за таа цена дека е супер
Друшки мили,никаде на форумов не сретнав мислење за количкава,а никако да ја начекам по продавнициве од Chicco да ја видам во живо,заљубена сум во оваа одамна,сум изгледала мн туторијали ама сепак во живо е друго,живееме по нерамен терен (калдрма) и сакам стварно добра количка,јас сум ситна и нз како би се справила со неа,дали сте ја начекале и пробале да споделите искуства? @jarec6 можеби и ти ако си работела со колички. Chicco trio active е моделот
Не знам за оваа баш, инаку според типот на тркалата и конструкцијата е цврста количка,за секаков терен.Со вакви тркала не се осеќаат дупки.Меѓутоа во принцип ваквите колички како по некое правило се погломазни за во багажник,а и повисочки.Отиди си обавезно да ја пробаш за возење,ако си ситна ко што кажуваш,да не си имаш мака после.
Багажот не ми е проблем,управувањето ми е,не сакам да се мачам,количка би требало да тера и со една рака,ќе морам да ја видам во живо,ја бендисав мн и Bebetto Nitello иако се гломазнички лесни се за маневрирање,неа ја видов и ја пробав,ќе морам и triovo,прва љубов ми е
^^ уште си се смеам на својот муабет "не ми е проблем багаж" @Stressed Out ништо лично, само да не се вратиш на моето
Јас ја имам кунерт ротакс. Скоро исто изгледаат во рамот и колцата. Презадоволна сум од тоа што може многу лесно да се ракува и со малку сила се движи стабилно. Многу пати ми се има случено со една рака да ја туркам а во другата да го држам бебушот. Само што е малку големка кога треба да се пакува и сама да ја креваш е тешка. Ако живееш во куќа или стан кај што не треба да ја качуваш сама по скали е многу добра. Јас сум во куќа од надвор дирекно внатре без да ја собирам ја ставам и супер е. Се надевам ти помогнав иако не се работи за истиот модел
Да се надоврзам на членката, и јас ја имам ротакс, исти се со мастер само финесите и материјалите се различни (читај: корпата е различна). Која и да ја одбереш нема да погрешиш, сеедно е. Добра амортизација, прелесно се управува, но си бара простор, реално. Рамот навистина е тежок, јас мислејќи дека ќе имам помош кој да ми ја крева ја земав, ама па сега ја оставам во гепек и пак ми е лесно, се снајдов
Ја имам Bebetto Holland, голема е да ама многу е лесна за возење јас сум ситна секој ден ја собирам и местам(така е тешка да ја дигам по скали) за да излезам да го прошетам бебето. Многу пати се враќам со бебето во раце не сум имала проблем да ја жуткам со една рака.
@Stressed Out @Sanemsi @MissBreezy @Chuchanov Фала ви девојки, јас ја нарачав на невидено дека неможам да се движам, баш сеа без да видам дека сте ми пишале ептен ми олесни, се надевам дека ќе си ја искористам максимално
Оваа цена им стои од август, јас тогаш ги видов прв пат онлајн. Бев и до smyts ама кога ја видов се премислив. Материјалот не ми се допаѓа. Ми делува како прашлив многу, односно дека ќе се лепи и познава се на него. Подобра варијанта на АБЦ им е дајмонд издание и баш во Smyts е и најефтино, 564 евра. Baby Walz I Babyоne е разлика над 150 еу. Исто и онлајн сите дајмонд се многу скапи. Кај овие колички што одат во комбинација 3 во 1, транспортерот е доста мал. Јас уште и се мислам на таа дајмонд ме премислува што е прилично голема и тешка а моментално сме во зграда без лифт. Други фаворити ми се moon. Мислам дека според цената нудат солиден квалитет и изглед. Ќе чекаме сеа Black Friday и ќе се порача некој модел.
Некој искуство со количкава на Чиполино? Ја видов некако ми е многу мала, а вака ептен е лесна, и ми се сфиѓа што рамките се алиминиум ски, сега не се разбирам баш во колички, па некое искуство да дадете, и совет.