И јас се одлучив за Чиполино, сестра ми има и еве веке 2ро дете се вози во чиполино. Ја вози и по плажа и во соба, гајле нема количката а стара е 9 години. Јас гледав и Чиполино Малта највеке ми се допадна и во буџет ми влегува.
Топла препорака од мене за Chicco Trio Best Friend. Види ги двете и направи споредба. Во 4all baby's (во подрумот до Капитол, веднаш до Кам Маркет -Аеродром) беа сите колички со дополнителен попуст, мислам околу 15%.
Дајте ми предлог за количка за бебе 6+, сакам некоја лесна, да има опција да се спушти седиштето ако заспие и да можам и сега зимата да го возам. Оваа што ја имаме на чико е супер ама имам скали за симнување и не ми е практично бебе во една рака и толкава количка во друга. Еднаш пробав и никад више.
Само во крш ги има? Ги гледав и малку им се скапи, купивме една поскапа количка, сега се лигавам сакам уште една мислев поевтино да поминам До колку години се вози дете во количка?
Зависи од детето, некои до година, две, три. Синко откако почна да оди не сака баш да се вози. А и секако одиме во природа и нема услови за количка, па се поврза. Значи година дена ја користевме + -.
И јас имам како твојата и презадоволна сум. Спомна лесно се вади за перење,може да ми објасниш како ја переш? Јас до сега само со крпа влажна ја поминував но веќе ни треба и убаво перење , има траги од кашички хехех Станува збор за делот за седнување,не корпата. Тенкс
За помали деца е одлична количката. Јас ја купив, не очекував дека поголем ќе се роди и дека брзо ќе напредува во должина. Транспортерот и корпата до 2-3 месеци ги користев ама делот за седење се користи долго.
Можда,мене ми се виде тесничка некако а и како да прочитав и др такви мислења овде,а инаку така многу мала складна за терање,ама ми отпадна од комбинација. Друго сакав да прашам,делот за седење на некои колички е свртен само нанапред,не се врти према тој што вози,мислите дека тоа е недостаток?
Мене оваа ми е во план за летна понатака нели, не сум уште породена,ама мн. е лесна и практична,околу 6000 денари беше, +- 500 ткаа нешто
Продади ја таа што ја имаш и купи си ја гб, слушај паталец Мојов е 3г, периодов баш и не сака да се вози, пешачи многу, но уште не е за пензионирање. Верувам дека до кај 4г ќе ја користам. И точно кога прооде или протрча одбиваше да се вози, но по некое време пак ја засака. Плус ако одите на долги прошетки неизводливо е без количка. Или ако имаш/те раце, кичма за носење е друго
Па може да се каже. Јас само еднаш го имам возено нанапред, инаку цело време е свртен накај мене. @emkaemka Не сум завршена со деца Не ми се купуваат корпи и транспортери пак за некоја година. Гледам има по други продавници до 5000ден,реално сега премногу е загадено за долги прошетки. Ќе видам што ќе направам, ептен се мислам. Фала ви на сите во секој случај.
Според мене недостаток е. Кога барав количка, услов беше делот да се врти накај мене и досега не сум го возела обратно.
Има и по 4000 ама мислам дека таквите не се спуштаат за спиење. Јас би почекала до пролет, сега не е период кога баш ке се развозуваш со дете. Сега гледам во енци менци и по 2500 има. Ако не сум грешка, ohlala на чико ја фалеа.
Уште подобро чим не си завршила. Замисли се со тешката количка и две дечиња Се гледа дека одбивност имам кон колички кои се ко тенк Погледни, види, но не зимај нешто колку да поминеш, подобро прилагоди се со тешката, разгледај опција да ти стои некаде "доле" , во багаж, па само да склопиш и возиш.
Дали некоја ја има Чико Олала количката? Се мислам да ја купам бебе расте, оваа ми е тешка а јас сум ептен ситна