Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    И во зима ја користиш?
     
  2. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    53.255
    Пол:
    Женски
    Не сум ја користела досега во зима скоро ја купивме. Но да планирам, веќе другата е спакувана во подрум. Добив со неа и прекривка за дожд.Башка сега ти е на добар попуст во Енци Менци искористи го
     
    Последна измена: 15 ноември 2020
    На buba4e89 и Chuchanov им се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    24.955
    Пол:
    Женски
    Платното и пластиката се со копчиња, сите безбедносни појаси се вадат лесно освен тој што е меѓу ноџињата има цака, одоздола пластиката (малата кај што е врзан тој појас) само турнете ја на горе, она кога ќе излезе лесно се вади тој појас.. не знам олку ти помогнав.. ако запнеш кај тој дел можам и да ти сликам.
     
  4. mici-22

    mici-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    911
    Ќе пробам утре ,па ако запнам ќе ти пишам .
    Фала :*
     
  5. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    Здраво членки. Доколку има заинтересирана мајка за Chicco Trio Sprint јас продавам. Користена е само корпата 3 месеци и тоа повеќе за дома.
     
  6. tari

    tari Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.281
    Пол:
    Женски
    Izvini da prasam ne si zadovolna od kolickata pa ja prodavas ili ima druga pricina nie sme zainteresirani za ovaa kolicka pa bi mi znacele iskustva
     
  7. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна, корпата ептен ми се најде и за преспивање денски. Сега сме поголеми, а имаме и уште една количка од Chicco, Chicco Kwik One за натака ќе ни служи таа :)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Ајде форумски совет на консултација. :D

    Ја гледам оваа количка
    https://www.encimenci.com.mk/kolichka-duo-stylego-up-crossover-graphite-chicco-792232100
    И оваа евентуално
    https://www.encimenci.com.mk/kolichka-duo-love-up-beige-chicco-798211400
    aма веројатно ќе е првата.

    Ме привлекува тоа што корпата се врзува со каиши на седиштето, па ок е за патување наместо транспортер.
    Некако се мислам за транспортер... малку време се користи а и не ми е практично бебето да го вадам и ставам на секое. Вака бебето во корпа, ја закачувам на количка, во кола врзувам и попрактично ми изгледа.
    Па од 6 месеци би купила поголемо седиште (9-25 или 9-36кг). И тоа веќе знам дека ќе се искористи максимално.

    Мислење?
    И евентуално препораки за други дуо системи со ваква корпа. Само овие две ги најдов, на ниедна друга не пишува дека корпата се прицврстува за патување.
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Ај сега со ред ќе ти кажам бидејќи јас ги гледав истиве.
    Првата е океј, само не ми се допадна што беше погломазна кога е склопена, а втората е чадор систем. Кај втората сè е одлично, само тркалата не ми се допаѓаат, секое дупче на патот ќе биде како дрнкање, ептен е само за рамен пат, само за асфалт. Само не се сеќавам на првата какви и' беа, но вака на сликава исти ми изгледаат.
    Инаку, овие две имаат опција да се закачи транспортер на нив, само што тој се купува посебно, без попуст е околу 10.000 ден. Транспортерот е убав, анатомски, се користи до 1 година и доаѓа со адаптер. Може да се одбере поинаква боја од количката.
    Тоа што корпата се закачува со каиши во кола е океј, но не е безбедно новороденче да биде во легната положба додека се вози, сепак треба да е во транспортер. Ќе треба со каиши да го врзеш, а каишите не се баш такви за стабилно да е во корпата. При закочување главчето не би му било фиксирано како што би му било во транспортер бидејќи во транспортер обратно се вози, а во корпа ќе му дојде странично.
    Инаку, делот од количката за седење е многу убав, комотен, мек, се спушта за спиење, има зимска прекривка кај нозете.
    Корпата е прекрасна, голема, долга, широка, комотна, има и зимска прекривка и се заштитува ептен од ветар, не е лефтерна само со платно, пластика е и внатрешно е обложена со мек и топол материјал. Се поткрева лежиштето на 45 степени за полека на 4 месеци да се мести за потседнување.
    Со количката оди и ташна која е голема и убава, водоотпотна подлога за пресоблекување и прекривка за дожд.
    Рачките се одвоени, но има додаток што се става за да може да се вози со една рака. Лесна е.
    Секое делче се вади и може да се испере.
    Мана што би ја издвоила и би ја повторила е тоа што тркалата не се цели гума и на пример на бекатон се осеќа труцкање. Инаку прекрсни се двете, комотни и практични.
    Ако те интересира уште нешто, а не го спомнав, прашај слободно.
     
    Последна измена: 23 ноември 2020
    На jarec6, duffi, mamaJana и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Фала ти ептен!
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.117
    Допаѓања:
    179.586
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam не можам да количките да зборам, ама корпа во кола е ноу ноу. Тоа не е безбедна позиција за бебе во кола. Или седиште или транспортер. Имаш седишта од 0+. Јас лично претпочитам транспортер оти е попрактичен за кратки прошетки и на почеток посебно за честите прегледи на доктор. Значи не тормозиш бебе со вадење/ставање кое често ќе спие туку транспортер-кола-количка. Јас транспортер користев до 1 година во кола. Транспортерот се смета за израснат кога главчето ќе излезе надвор, не нозете, оти нозете побрзо ѕиркаат.
     
    На duffi, Fatalnata, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира :)
    Каква количка имаш ти? :)
     
    На 0ли и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Ти кажале членките, бебе исклучиво во транспортер или седиште.
    Имаш седишта 0 - 36 кг ама попрактичен е транспортер. Ставаш бебе и во кола, на количка, во раце транспортер за по скали, идеално решение е.
     
    На 0ли и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Од макси кози што го гледаше до ова има многу разлика.
    Транспортер е маст хев! Не прави импровизации со безбедноста. Не мора на секое стави, вади бебе од транспортер. Ќе си земеш компатибилен со количката и ќе го закачуваш таму.
    Тркслцата и мене ми паднаа во очи. Делуваат како сирова пластика и со тоа возењето нема да е најудобно.
     
    На jarec6, 0ли и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam тоа плус, за тие пари јас би купила макси кози.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Искрено, од Макси Кози ме одвраќа фактот што треба да платам многу плус за добра корпа. Во транспортер не би го шетала, нејќам да му биде неудобно.
    Неспоредливи се овие на Чико со поефтините додатни корпи од Макси Кози. Тие од 7500 и 12000 се на склопување и не се цврсти, а моето ќе е зимско бебе па баш кога ќе ја користи треба да е позаштитена.
    И кога правам пресметка да купам транспортер плус оваа од Чико или корпа плус Адора од Макси Кози (нели транспортерот оди гратис), разликата не е баш мала. Тука ми беше дилемата...

    Инаку тркалата на таа од првиот линк се добри, наменета е за сите терени.

    Додека сум тука, да ве прашам уште за Макси Кози Зелиа (таа би ја купила додатно со една од корпите) и Џиа (таа би ја купила со плус транспортер, но не знам колку е добро седиштето во облик на корпа). Кај Џиа е предност што се користи до 22 кг...

    Многу ви благодарам за коментарите, ми помагате.
    Тешка дилема со количкава, а решив оваа недела да купам поради попустите... којзнае дали ќе одлучам. :D
     
    Последна измена: 23 ноември 2020
    На Chuchanov, 0ли и Stressed Out им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Корпата нека не ти биде пресуден фактор. За кратки зимски прошетки, транапортерот е идеален. Кога ќе ставиш ќебенце бебе ќе ти е покриено до врат!
    Корпа може да не ти сака, а транспортерот најчесто го сакаат. Мојот неспијач број 1 таму спиеше, а корпата остана неискористена. Арно ова бебе ја сака да не ми се џабе парите.
    Ова е на акција сега од макси кози?
     
    На duffi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Оваа недела имаат код за 20% попуст на сите производи што не се на попуст. Џиа би дошла со тој попуст, а Зелиа е веќе на акција со транспортер. Адора и Лила има уште со гратис транспортер.
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739


    Зелиа сама се прави корпа. Ај види тука.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Сите видеа ги имам изгледано :D
    Ама некако овие седишта што се прават корпи ми се несигурни... мора да видам во живо.
    Или некој што видел од вас да ми каже, да не се влечкам до Скопје. :D