Ќе видам во сити мол јас. Треба до окаиди да одам и ќе видам, па ќе ти кажам споредба со корпа корпа. Пс. Во струга ја нема?
По она што гледам на сајтот, во Струга нема ништо. Не знам ни дали им функционира продавницата, и страната на ФБ им е преправена само за Пурито. Ќе одам за секој случај да видам, шо ми е работа. Фала ти.
Корпа ти е непотребна. Слушај паталци. Јас џабе купував корпа. За брзо дополнително купував и адаптери за да го возам во транспортерот. Во транспортерот друга приказна. Бебе мирно. А во корпата имам пишувано кога бебе се дереше и тетки на клупа ми викаа:Мајкаа бебето ти плачи. И сега така е нова
Јасно ми е искуството, благодарам што сподели... ама сепак зависи и од животниот стил на семејството. Еве на пример, нашиот е утринско пешачење доста километри на нерамен терен. Планот е бебето да е активно со нас... секако колку што ќе ни дозволи, а знам дека тој ќе ни диктира темпо. Планот е на почеток во корпа, после во кенгур за брзо пешачење. Да да, знам дека мора да одберам анатомски за М позиција на колкови. Многу ќе бидеме внимателни за тоа и секако ќе се консултираме со ортопед. Количка за кратки релации по чаршија и кеј или низ маало навистина ми е непотребна, ми треба да може да издржи секаков терен, угорници удолници, и да биде удобна за бебето. Дури и џогирање да може да издржи. Не би го возела во транспортер секој ден толку долго (минимум час и пол-два).
@LivingGlam и кај мене нешто слично е искуството. Од транспортер кога го преместував во корпа за шетање, се будеше. Вака од кола откачуваш каиши и местиш бебуш на количка. Каде и да појдеш, бебе во транспортер и во рака не мислиш скали ли се, ладно ли е, спие ли. Мене сите корпи што се прават за спиење а после за седење ми се мали и никогша не би купила таква количка. Делот за седење е најбитен, до 1 година се користи а некои и подолго.
Важно е за Охридов по калдрмите да има количката добри тркала. Ако првата од Чико има такви, тогаш океј. Втората нема да ти е добра за такви шетања, на пример нема да можеш да го возиш во стариот дел. Па и самиот кеј е со бекатон, не е пријатно возењето со лоши тркала. Да не одам понатаму за уште понерамни терени ако одите. Корпа што се прави не би земала, тоа толку лефтерно ми изгледа, не би возела во зима бебе во тоа. За лето - да. Ни јас во транспортер не сум го возела иако го сакаше, а и во корпа си се научи од почеток и уживаше, знаеш сум пишувала. Од старт ќе си го возиш во корпа и ќе си заспива, топло и заштитено ќе е, ќе ужива во прошетките.
@LivingGlam а да ја видиш лилата на макси кози xp, таа е баш за таква намена ,за долги релации,планински терени...кај лилата нема корпа, ама имаш дополнителен анатомски дел што се става и е баш погоден за бебето... Иначе во струга затворена е продавницата на бебе хом
Епа јас живеам во стариот дел од градот,затоа барам трактор Од триото се откажав,не се врти делот за седење,сега некоја Bebetto ќе е,на Nitello ептен имам ќеф,задните не се многу големи ама има супер амортизација,јас сум мала па некако гледам и да не е многу гломазна.
Тогаш ти си за сајбекс, не си за оваа. Убави беа тркалцата, ама не се за такви терени. Според описов повеќе лилата ти одговара. Ако возиш на нерамни терени во корпа, тоа целото ќе се тресе. Транапортер ми се чини подобра опција.
Трио лав се врти напред кон тебе, но такви тркала не се за Варош и за Месокастро, богами тебе трактор ти треба
Koј модел на Сајбекс го препорачуваш? Веб страната на Крш им е крш, не можам да најдам кој транспортер одговара на Баилос, корпите ги нема... за корпа ги прашував на фб, имаат само една на склопување (cocoon) што воопшто не ми се допадна. Приам ми е над буџет за жал.
Има колички три во едно заедно со транспортер, корпа. Од искуство од почеток барав количката да има корпа за бебуш поубаво да спие додека го шетам за на крај да го користам само транспортерот зошто ми беше попрактичен не го преместуваш многу бебето, и двете ти се само за 6 месеци ,додека за кенгур каков и да е ке те болат раменици не се многу лесни и практични.
@LivingGlam Сајбекс годинава извадија модел Thalos S,од класата на Балиос е,и форма иста,само што тркалата се all-terain.Не знам дали може да ти ја достават во Мк,иначе би ти била идеална.Чим ти е за нерамни терени,барај во обавезно со гумени тркала и вградени федери(амортизација)
Со мало се е поразлично од предходно, се менуваат навики, се менуваме самите ние, ќе видиш како едно мало битие ќе ти диктира животен стил каде вие ќе се прилагодувате, а не тоа на вашиот терк. Искуство Во корпа не сакаше никако иако го ставав после 10 дена од излегување од болница, бидејќи имаше многу грчеви и плачеше се шетавме во транспортер, најискористен дел плус таа позиција му одговараше и му ги смируваше грчевите затоа и беше мирно, еден час максимум два зошто за толку е предвидено во транспортерот и назад дома. Кенгур за долги релации раменици и те како болат
Реално, кога ќе е расположено да се прошета, каде што ќе го однесеш таму е. Не сме некои што шетаат по трговски или чаршија пола саат па седнуваат на кафе. Таков стил не верувам дека ќе ми диктира. Може да ми диктира да го прошетам низ маало на кратко, да не излеземе воопшто дента или да ја прекинам долгата прошетка порано, ама пак сакам да има убава, заштитена и пространа корпа... Не можам да знам дека нема да ја сака, јас би пробала за нему да му е поудобно. Сепак животниот стил од претходно влијае како ќе се продолжи по бебе, и затоа барам таква количка што ќе одговара на нерамен терен. И секако дека ќе се прилагодиме на него, ама едноставно не сакам на ладно да го шетам отворено во транспортер, макар и со ќебенце или прекривка. Кенгурот искрено го гледам ко потреба за кога ќе потпорасне, затоа што шетаме и по планини. Тука веќе количка не ми одговара. Ова секако би го купила подоцна, од 6 месеци нагоре. Може ќе ме болат раменици и грб, а може и ќе се менуваме со маж па ќе ни биде удобно. Плус, колку повеќе вежбаш ојакнува и грб, и раменици и цело тело. Тоа ќе се трудам да не го запоставам. Се' додека не пробам не можам да знам како ќе сака бебето... Ако е џабе, здравје. Може си пишувам глупости и прерано е за планирање зашто не знаеш што и како ќе биде, па вие што веќе сте пораснале бебиња го наоѓате смешно Ќе ми биде и мене смешно кога ќе се прочитам за една година Aма таква сум Сакам да имам план за се', а секако сум флексибилна и свесна дека не зависи само од мене. Некои навики на бебето сепак можат да зависат од редот што ќе го воведеме, кога ќе е расположено за тоа.
@LivingGlam има бебиња кои воопшто не сакаат количка, воопшто. Мојата на 2 месеца почна да вреска во корпата и толку беше. Ја спакував и цела зима лани ја возев во транспортер. Транспортерот е сосем безбеден да се вози 2 часа, со бебе секако подолго од тоа не може. Толку е доволно. Вака кога те читам, ти бараш исто што барав и јас. Јас најдов количка, мерцедес меѓу количките. Со оглед на тоа што откако останав трудна само возев колички кај стигнав, сите што успеав ги пробав, и напраив ми се чини феноменален избор според тоа каде живеам. Кај мене овде е румби тумби, камења, нерамнини, угорници, стариот град исто, јас барав количка со совршени амортизери и убави тркала. Тоа ми беше најбитно, оти се останато може да се досреди и токму тоа и го најдов, е сега количката не е фенси на изглед, ама мене ми се свиѓа и што е најбитно ми врши супер работа. Јас бев многу залетана по стокке, ама е висока, и иако имаш поубава прегледност на бебето, немаш убава прегледност напред. Плус многу брзо ќе треба да ја свртиш, бебето си сака ниско и реална висина за да разгледуваат. Затоа им се интересни трициклите на туркање. Ги гледав и Макси Кози и Анекс и тие 3 ми беа во најтесен избор. И се навистина преубави на изглед и се подобри во механика од останатите на наш пазар, било која од нив да избереш нема да згрешиш, според она за што највеќе ти треба нели. Ама ниедна не може во механиката да и парира на оваа што ја имам јас. Амортизери совршени, тркала предобри, бесшумна е, доаѓа 3 во едно, со сите додатоци и сите 3 дела си имаат своја прекривка, чадорче, кеса за пелени, мрежа и најлонска прекривка за заштита од дожд и ветер, пластичен додаток за кафе, подлога за пресоблекување, а е дупло поефтина од првите 3. Механиката за овие патишта овде е совршена. Да беше асфалт и рамно секаде, немаше да се умарам толку. Е сега јас ја нарачав од Англија, не знам дали вршат испорака до МК и дали воопшто би зела нешто без да го видиш. Ама ако случајно си заинтересирана, можам да ти пратам линк во пп.