Јас ја имам Bebetto Holland презадоволна сум. Мултифункционална количка, тешка е(јас сум ситна), многу добри амортизери има не осеќаш дека буткаш количка(кај мене во сокак е камења, долнина). Ние бевме повеќе за bebetto Torino ама цела е кожи и не е за ова подневје(ќе се спари бебе) мислам дека само во Либерта ги има.
Знам дека во Либерта ги има, таму ги гледав. Убави се многу на лик ама незнам дали се функционални,живееме во зграда без лифт.
Ако имаш подрум кај да ја чуваш(имам гаража ама не ми се остава таму), јас 6 скали имам прво ја носам конструкцијата, па делот за седење, па бебето го земам(да напоменам маж ми е шофер сама сум, 50 кг имам, мускули набив од количката) така ми е многу тешка да ја дигам, маж ти со количката во рака ти со бебето и на шетање
Е ние сме на трети спрат,без лифт а подрумот не ми е за оставање количка. Евентуално во гепек во кола да стои основата, и да менувам по потреба трнспортер/корпа. Како и да е морам да земам некоја полесна количка, сепак нема секогаш со маж ми да излегувам, некогаш и сама ќе сум со бебе. Ги немам видено на bebetto во живо, ваљда имаат некоја полесна, на интернет гледав имаат разни модели. Ми изгледаат за квалитетни а и убави на изглед. Фала за одговорот
Супер предлог. Јас од скоро почнав да разгледувам колички. Ако ја земеш ќе ми кажиш како си задоволна.
Ние ја земавме на Kunert Master исто од либерта, во модел слична на Bebetto, и двете се Полски изработки со тоа што оваа што ја земавме е далеку полесна, за возење е топ, лета мислиш ништо не туркаш и полесна е во тежина. Топло ја препорачувам, ако сакаш ѕирни ја, прво и јас бев залетана по Bebetto, ама сега кога ја имам количкава дома сум пресреќна ептен мерак ми прави. @mila89
Ти стигна значи со здравје да си ја користите ,Кунертот малку во материјалите ми изгледаше понеквалитетна од Бебетото,каков дизајн зеде? Тие што беа изложени во Либерта не ми се допаѓаа,можеби треба да разгледам добро дезени и да ја земам во предвид бидејќи мислам и доста поефтина е,скоро 10.000,така нешто.
Nope,не се,ги видов и јас затоа и ја посочив Нителото и на спецификации на нет не се исти. Еве ги Luca,Tito и Nitello.
Дааа стигна Јас мастерот ја земав, убав е материјалот, дури и ја исправ мене лично ептен мерак ми направи. Јас ја земав сивата со бел рам, и сум заљубена во неа само ја возам низ дневна Еве ја http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kunert-2/kunert-master-3-in-1
Со среќа да си ја користите! Мене ме фати возбуда за тебе. Иста ќе бидам низ дневна кога ќе одберам конечно.
Здраво Прочитав дека ти е потребна количка за активен животен стил и морав да пишам. Топло ти ја препорачувам Chicco Trio activ3 https://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-activ3-kit-red-berry-chicco-792708500 ја видов во живо, прекрасна е! Одлични тркала и амортизери, идеална за џогирање, да ја туркаш само со една рака,а ќе ја носат и во црна боја. Единствена "маана" е што тежи 20 кг, но мора за да биде толку цврста и стабилна. Гледав и видео на YouTube како вози низ снег од 10см во Русија, гајле нема.
Многу ти благодарам, таа ми беше прва во план. Предност е тоа што количката сместува детенце до 22кг (обично се до 15, најмногу 18 кг). Две маани ме премислуваат, првата што ја забележа @Stressed Out - седиштето не се врти кон тебе (корпата да, но седиштето не), и подлогата за нозе не му е подвижна. Значи ако заспие и го пуштиш во полу-легната положба, ноџињата не можеш да му ги поткренеш. Тежината не ми е толкав проблем, ќе си биде сместена во кола, има доволно место зашто е караван. И да ја преместувам, имаме само неколку скали а може да ја оставам и во гаража. Во секој случај, уште ми е во тесен избор, заедно со StyleGo. Треба уште да ги видам, и нив и уште неколку други па да одлучам. Актив3 ја видов и во сива или крем, не знам каква беше, но сега веќе не им се достапни. Благодарам за инфото за бојата. Од олку мислење, на крај ќе одберам некоја рандом и ќе ја утнам 100% Следно почнувам дисертација за пумпи за одмолзување, па Господ нека ми е напомош. Оваа опседнатост ми е од тоа што не спијам навечер, чисто да ви го кажам оправдувањето.
А ова над тебе не да беше реклама, ама ај Пак ќе ти кажам, во корпа на нерамен терен бебе ќе се тресе внатре. Ќе му биде широко и легнато ќе е, ама дека ќе му биде удобно не верувам. Јас во пријам ја возам, па на едни бекатон главата и се тресе. Во транспортерчето е подобро од овој аспект. Идеално нема. Нема да се зезнеш, не се замарај. На секоја една нешто ќе и фали За брзо и летна количка ќе купуваш
Јас почнав уште сега да гледам, да имам што повеќе време да се замарам и да му ја мислам. Препорака имаш за скратување на маките?