Многу сум назад, скоро дупло помалку од тебе. Планот ни е да почнеме полека со опремување, секој месец по една голема работа. Ете јас во количките се загледав и зачитав и кога ја видов оваа со гратис транспортер, реков да прашам дали да брзам или уште можам да си гледам лаганица. Но штом 'попустот' е 3 месеци, ваљда ќе продолжи.
Ако отидеш мислам дека само ќе ти понудат да си го купиш цел дел,вака за поправање не верувам.Не верувам дека знаат да го средат,специфично е.Можеш да прашаш ама ќе ти речат може да си порачате дел...тоа е муабетот
Ништо не ти е гаранција дека ќе искористиш, некои бебиња/деца не сакаат воопшто во количка,транспортер мора или седиште, ако е пролетно/летно бебе уствари корпа не ти треба, ако е зимско тогаш да. Корпата се врзува во кола ама дали бебето е врзано или се клати лево десно и рипа на секоја дупка?
Мешковци денес бевме во bebe home и да знаете дека попустите што се на макси кози количките, воедно и на другата опрема траат до нова година. Инаку за 3 работи што се со цена повисока од 1000 ден. може да се искомбинира попуст од 20%.
Друшки,кој месец бевте кога купивте количка? Јас нешто многу улетана сум,пусти ќеф си викам да не е рано.... 18+2 сум.
Рано или не, не знам, ама ај да не е уште на прво излегување, мислам дека во многу скоро ќе купиме ние. А јас и ти сме исто, ден разлика. Искрено полесно ми е финансиски секој месец да купувам по нешто, отколку сѐ наеднаш, а и искрено не планирам во 9ти месец да се влечкам по продавници и тогаш да барам сѐ на брзина. Плус, на две места денес каде што бев ми рекоа дека после порачка може да се чека и до 2 месеци, во план сум порано да почнам да купувам работи за беба.
Миосот ми е повеќе како летна (баш задниот дел е мрежест со плус перниче), многу е полесна инаку се слични. Јас додека бев бремена со второто размислував за летна за првото , времето брзо пројде и второто се роди а баткото поголем уште си седеше во количка. Барајќи уште една количка, летна а и некоја на која може да се прикачи транспортерот кој веќе го имавме (а бато тој период да ужива во lux seat на Приам) изборот падна на Миос . Јас со боите уривам стереотипи, приамот ми е autumn gold, а миосот koi . Добро седиштата за во кола им се сиви ама можам да замислам за женско какви џиџани би купувала . Ти што одлучи?
Reseno e od oktomvri spring blossom beige cel komplet Cekam da vidam dali januari ke ima nesto popust vo srbija i odam ja zimam sekako e poeftina od tuka
Исто,реков сакам горе долу до 7ми месец да купам се,читав овде дека после се потешко било и искрено уште сега од ден во ден осеќам промени и потешкотии,Господ да не чува и се да е во ред,ама тоа што треба да се купи подобро со време и баш како што велиш лека полека за да не ни дојде финансиски наеднаш. Нз во Либерта колку се чека,еднаш видовме,сакам уште еднаш за посигурно па да одлучиме и да ја нарачаме.
Па заглавив да, што повеќе гледам толку повеќе сум збунка. Па дали со корпа дали не. Дали Адора, дали FreeOn, дали некоја трета. За се друго сум одлучна и си терам по список ☺️
Па земи си модуларна штом се двоумиш дали со корпа или без (како адората). По мое мислење корпата е најнеискористен дел. @Stressed Out Бог нека не чува сите. Не сакам да мислам на лошо, се надевам дека кај сите сѐ ќе биде во ред. ❤️
Бебето е оваа? Штом сме во можност и ние сакаме да појдеме до либерта и на бебето и на кунерт да ѕирнеме некои модели. Ама засега лилата на макси кози е фаворит.
Бебето е да,најмалку гломазна од сите модели беше,со супер амортизација, Кунерт мастер исто беше добра,одете видете,стварно има многу избор.
@kukla21 Како е количката во однос на висина на рачка? Јас не сум нешто висока, а рачката некако висока ми се виде или нема врска? Инаку свртев едно кругче во Крш, а бе пердувче
Мене ми е ок. Во право си дека е релативно повисока од другите колички. Ни јас не сум нешто висока, ок ми е.