Друшки ние си ја нарачавме Nitello-то од Либерта,ќе стигнела крај на јануари,значи се чека од прилика месец и пол да си знаете ако некоја планира Превозбудена сум,ќе покакам виножито од среќа
Здраво девојки. Дали некоја има искуство со користење на Kunert Master (слика 1 во прилог). Се мислиме меѓу неа и Bebetto Holland (слика 2). Некако многу се слични, а има доста разлика во цена.
Јас ја имам Кунерт ротакс и задоволна сум, речиси иста е со Мастерот освен корпата што е поинаква, пишував негде наназад. Овие две колички се буквално исти, само финеси различни се во прашање и појакиот бренд го плаќаш поскапо. Според мене, земи си ја Кунерт, топ се за маневрирање и ако имаш доволно простор за складирање и помош за носење и склопување на рамот.
Фала ти многу. Јас уствари така и ја открив. Пријателка ја има Ротакс и ми се засвиѓа како изгледа, па разгледувајќи ја најдов Мастер. Повеќе ми се свиѓа пошто има заоблена корпа, таква барам. И јас мислам дека нема некоја голема разлика со Бебето, освен што долу е затворен просторот за складирање, а кај Кунерт не е. Како што кажа, многу често се плаќа и името.
Никако бебе во корпа во кола, бебето мора да биде врзано во транспортер, ај што е забрането да се користи корпа за во кола и крајно небезбедно е, ке се шанта лево, десно бебе. Ние корпата не ја користевме многу, ама пак се наоѓаше за спиење, транспортер ми беше поискористен, зошто од дома со го врзував во него и во кола директно транспортерот со каиш и мирна глава. Кога потпорасна во седиште.
А на Кунерт Мастер помала е? Знам како изгледа моделот Торино на Бебето во живо, од таму и почнав да ги гледам Бебето уствари. Ама сега кога ја најдов оваа на Кунерт се мислам дали има некоја огромна разлика меѓу двете што вреди дополнителни 8500ден. Корпата и онака ќе се користи само во првите шест месеци, а и оваа на Кунерт исто ми изгледа доста широчка. Како и да е, ќе отидеме до таму да ги видиме во живо па ќе се одлучиме. Фала ти.
Не би се сложила дека се исти,има разлика во материјалот,шиеното и слични детали и тоа како,знам затоа што се двоуемевме за истово и ги гледавме детално саботата,функционално да,би бркале работа двете,убави се,ама има финеси во кои се разликуваат. Исто како и кај колите Мерцедес и Фолсфаген не е исто (пример),си има разлика,зависи на кој колку му е битно. Ќе се едитирам,ние ја нарачавме Bebetto Nitello,знаеш колку се слични со Anex E type,многу,можеби го ископирале моделот,немав прилика да ја видам Анексот во живо ама сигурна сум дека има разлика,затоа е цената таква како што е.
Ние отидовме да ја гледаме Бебето Нитело, тука кажаа дека била најлесна од Бебето количките затоа што сите им се прилично гломазни, а мене ми се убави на изглед. Ама во продавница око ми фати Кунерт Мастер, некако помалечка ми се виде, скоро иста на изглед, а разлика во цена 6.000 ден. Јас барам убаво и модерно да изгледа а да е најлесна што може затоа што сме во зграда без лифт. Како и да е, ќе треба нногу да се истражува на нет затоа што во продавница сите ми се исти
Анекс не може да се стави во иста група со овие две колички, затоа што е далеку со подобри перформанси, исто како сега Сајбекс да ја ставиш во група со Чиполино. Инаку ја имам и Анексот студирано, прво бев залетана таа да ја купам, но малку се подразмислив, на што ќе ги вложам парите ако детево не сака да ми седи во неа? Затоа првин разгледав на многу места, имав 2-3 модели во игра со ИСТИ перформанси и на крајот го одбрав поевтиниот (зборувам за Бебето и Кунерт). Дефинитивно не може да се каже дека се Мерцедес/Фолксваген разлика! Исто и јас реков дека финеси се во прашање, друг материјал, магнетно закопчување на прекривката, различна корпа, толку. Но рамот е буквално ист, тркалата, амортизацијата исто така иста. Во што е подобра од другата? Ако е поскапа автоматски е подобра?
И ние сме со план да одиме во скоро време да ги видиме во живо. Онлине секоја вечер истражувања се прават и овие две ни се најмногу влезени во око. Ние живееме во куќа на прв кат, во помал град сме и во принцип ќе се движиме пешки, ама сепак сакам лесна количка за манипулирање, пошто сум мала жена. Нешто друго интересно имате ли најдено вие?
Амортизација 3 пати појака од оваа на количкиве за кои зборувам, можеш сама да ја приспособуваш дали да биде поблага или посилна во зависност од тоа на каква површина ја возиш, материјали со УВ 50+ отпорност и водоотпорни, ортопедски душек во транспортерот и корпата, поради амортизацијата поглатко возење добива бебе во неа, но пак ќе кажам, не секое бебе сака да се вози во количка. Еве синко мој е живец, додека беше новороденче не ни разбираше дека се вози, сега пола саат максимум, потоа се носиме в раце. Што најверојатно ќе се смени кога ќе седиме и се свртиме во обратна насока, ќе му биде интересно да разгледува, а не само во мене да гледа. Прашањето е дали вреди да се дадат 50 илјади за количка, кога со половина од таа сума може да се земе нешто слично? Значи слично, не исто. Реално не ми беа потребни перформансите на Анекс. Ниту вртоглавата сума за додатоци за количката. Најмногу за луксуз и фраерлук е
Па тоа ми е поентата,Анексот е лукс,на изглед преубава е,долната корпа е многу убава,торбата е како ранче, тоа ја прави цената,инаку за амортизацијата и на Бебетото се мести јака мека,е сега на Кунертот не сум сигурна дали имаше подесување на амортизерите на рамот. И во право си,да дадеш толку пари и уште да нејќе да ти седи,на мм му велам за 500 евра со лепак ќе ја залепам внатре и ќе седи ако не сака