Јас мое дете утепав од возење во транспортер. Додека глава не му излезе. До 7 месеци го возев во него. Нејќеше и не во корпа. А ни другово нејќе. Баш си ужива во транспортер.
Јас искористив корпа максимално.И периодот за шетање ми се погоди,од Април кога се породив,до почеток на Октомври.Имав прошетки и од 2+ часа,беба заспиваше одма,и имаше комфор дека рацете и беа раширени и нагоре,ем разголена со слободно струење на воздухот во лето. Во транспортер на количка ја ставив неколку пати за до лекар или маркет.
Не знам на кого мисли Барби, а сево ова и Антоније го кажува, само не спомна дека не се удобни. Барем мене не ми спомна. Инаку, кажува дека не се предвидени за шетања, само се за транспорт, а треба да си лежи во корпа испружено, со што се согласувам. Исто. Корпата максимум ја искористив, баш до 6 месеци. Голема, широка, рачињата нагоре, испружен, со саати спиеше така. Тој транспортерот толку го поти, што можам да замислам сред лето како ќе му беше во него ако го шетав надвор. Од страните потесен и како во скафандер среде лето ќе беше ако го шетав на топлото.
Па да, сите препорачуваат ограничена вожња. Ме заинтересира кој е "странецов" Моиве не се испотиле ниту еднаш во транспортер. Не дека којзнае колку се возеле надвор, ама ни во кола, ни кога сме го користеле не се потеле. Прво ќере не сакаше корпа ич, ама затоа ова ќе ја искористи.
Затоа што немам никакво искуство, ми треба помош околу тоа што е добро од колички и на што да посветам внимание. Според вашите мислења овде, Maxi - Cosi - Adorra, 3 во 1, е еден од подобрите избори за колички?
Ќе ја цитирам Јарец, таа ми го даде вистинскиот одговор околу изборот на количка. Според мене, адората е преубава (иако за мој вкус, лилата ми е поштосна).
Исто и син ми 3м во корпа го возам од прва недела ептен ја искористив и сигурно уште некој месец Транспортерот така ме нервира дека кога ќе заспие главата ја криви во ова е позгодно
Јас ја имам Safety First стално е на некока промоцоија Многу ми е лесна бебето е 6кг ја кревам по скали со една рака со друга куче од 5кг носам А ја сум ептен така слабичка ѕирни ја обавезно
Има ли во локо кроко асална количка која вреди да се купи? Гледам имаат попустче. @jarec6 морав да те тагнам, гледам стручна си на темава
Во Локо Кроко тие торнадо 3 и 4 се истите како Киддо Џез и Киддо Круз. Конструкциски исти,само материјали различни. Другите не ги знам.
И јас воопшто не го искористив транспортерот , за во кола и од болница . И тоа да, мноогу се поти ќерка ми во него .За сметка на тоа корпата , комфортно комотно до 6 месеци ...и сега од како почна да седи во количка директ . Исто многу читав за транспортерот , и положбата можеби за во кола е сигурносна. Ама за "онака " за шеткање или пак да ја оставев да спие во него ?!? Нема шанса ! Јас кога ќе ја видев како е стуткана во него ми беше мака. Е сега бараме седиште за во кола некоја препорака Оли ти си покомпетентна а и месец дена сте пред нас сигурно веќе имате обезбедено ...во енци менци гледав ..ама некое искуство плус не ми е на одмет .
Досега седишта само онлајн сум гледала, на страниците на Енци менци, Бебе хоум, ФриОн. Уште немам купено бидејќи транспортерот ми е голем и до година може да го користи, уште го нема надраснато. Планирам и темата за седишта да ја читам, да видам искуства од другите. Еве може и да споделат со нас тие што ќе прочитаат, да дадат некоја насока.
Генерално транспоретирете се правени според утробата и тоа стуткано така кај тебе се развивало Ова ортопед ми го има кажано така да не се секирај 2 часа можеш со пауза Најбезбеден е за транспорт не само во кола туку ако треба нели од паркинг до дома или лекар. Побезбедно од раце во секој случај За седиште јас имам макси кози ама не сум видела од кога може да се користи по килажа.
Прв пат слушам. За седиште, гледајте ја безбедноста, не марката. Јас имам макси кози кое се врти 360.
За кола седиште макси кози? Јас го имам Приори СпС плус тоа да не го користиш? Така ми стои не можам упатство да најдам за од кога е
Значи од 6-7мес веќе би можела во тоа нема да е мал? Претпоставувам до тогаш би добил 9кг Супер ја мислев после 1г Фала ти