Маја може ли да ми кажеш дали од странство ја нарачувате или ги има во Скопје??? ЈАс толку шетав, нигде не можам да најдам. И од прилика која цена се??[/quote] Има различни модели и цени,зависи кој ти се допаѓа,кај нас ги има во енци-менци, таа што ја сакавме ние ја немаа во таа боја во моментот но ја нарачаа па ја очекуваме да стигне,разгледавме и од Грција и Бугарија тука некаде беа сите со цените единствено што кај нас постојано има некоја акција,на пример со купена количка добиваш корпа наместо за 13000ден., за 2000ден.А и продавачките таму ни кажаа дека акции има почесто.
Женски здраво. Сакам да ги прашам поискусните, дали се соодветни летните колички што се со нивоа за лежење за бебиња од 4-5 месеци?
Значи ова со изборот на количката ќе ме полуди! Таман ќе се заљубам во некоја количка, по 5783929002 пати ќе пуштам видео на youtube како се ракува со количката ....и после тоа ќе почнам да читам reviews од други мајки и ќе сфатам дека количката има еден куп мани .... Не се ограничуваме финансиски, а повторно незнаме дали ќе го направиме вистинскиот избор! Дали некој има искуство со колички од mothercare или пак со bebeconfort и која од нив би ми ја препорачале?
Ако се подесува наслонот да, ако не се подесува не е соодветна зошто нема да може да издржи на таа возраст на 90 степени а и не смее. Јас имам летна количка на која наслонот и се спушта скрос и ја искористивме.
И јас ја гледам таа на maxi cosi mura plus, многу ми се свиѓа, само проблем е што е многу тешка. Во секој случај кај мене има голем лифт и немам воопшто скали, па се надевам ок ке е. Ако има некоја мамичка искуство со оваа количка ве молам споделете
ние имаме иста и преубава е, посебно ми се допаѓа што и предните и задните тркала се со по 2, голема а лесна за склопување и за носење, ја земавме од пластичарска пред 4месеци, од 6000ден ни ја намалија за 5500 и топло ја препорачувам на сите
Здраво на сите, Ве молам за помош...каде во Скопје се продаваат CHIPOLINO модели на колички? Ги гледам на нет, ама сакам да ги видам во живо, тогаш ќе знам дали ми се допаѓа стварно или не. Ве молам ако знаете каде ги има, пишете... Фала, поздравчеее
Ги има во Локо-кроко во кисела вода. Еве ти линк од нивен ФБ https://www.facebook.com/loco.croco?fref=ts
Супер, фала ти многу, ќе ги посетам. Моделите ми изгледаат на интернет убаво, ама сакам да ги видам/допрам, дали се многу “пластични„ и колку ќе бидат издржливи. Ианку фаворит ми е Streety Plus oд Бебе Конфорт во City Mall ама трио варијантата е прескапа, и само количка е многу скапа уствари. Ќе чекам уште еден месец може ќе ја намалат. Ама за нив знам со сигурност дека се алуминиумски и мнооогу квалитетни, нема ни да крцне. Ама и мноогу пари е Некој друг со дилема за количка? Син ми ќе се роди на почеток на ноември, па имам уште малку време да размислувам.
Во локо кроко бев јас и уште кога влегов ми се слоши од мирисот на кинеска роба. Види во бебе супер маркет има попусти а и квалитетни се. Еве линк http://bebesupermarket.mk/?cat=11
Бев и во Бебесупермаркет, во комшии ми е, карши мојата зграда...ама некако, не ми фати ништо око, незнам тоа што ми се допаѓа е огромно, тешко во кг, и зема голем простро склопено....а полесните, чадор систем беа пластични и уште сега раскрцкани целите, некако нестабилни...абе може и јас сум проблем, може многу прибирам, ама битни ми се неколку фактори: да не е повеќе од 10 кг, да не е од пластика, тркалцата да се гумирани, а не пластични, и поширока внатре, зашто сведок сум на луѓе што 2 пати купија количка, зашто првата, од Chicco, во 3-4 месец му беше тесна од страните на детенцето на пример облечено со јакничка и ќебенце околу него. И сакам да има корпа посебно, онаа што е за новороденче па до кај 6 месеци. Транспортерот немора да го има, и посебно ќе го купам, но никаде нема ДУО варијанта само количка и корпа, корпата секогаш иде во ТРИО Сега ќе видам моделот на Бебе Конфорт колку е во Солун, па со вратено Tax Free колку ќе излезе.
И јас бев цела збркана, едвај се одлучив, затао уживај потполно те разбирам. Јас земав од бебе супер макрет ама гледам ја тргнале од страна, изгледа ги немаат повеќе. Brevi boomerang, 7.5 кила, не се склопува како чадор туку како торба за лап топ Иначе одкако купив потоа ја видов оваа количка и многу добро изгледа на слика. Повели линк https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater Исто провери во грако, другарка ми ја користеше со 2 деца и уште и е како нова
First.Impression кој модел на бебеконфорт го гледате? И моите критериуми се слични (освен што не сум заинтересирана за корпа). Мислам дека сите се потешки во бебеконфорт..поз
Ние го сакаме моделот Streety Plus, зашто го имаат мои роднини и ептен е лесен а во исто време стабилен. И јас од прва не сакав корпа ама кога видов колку е практична и по дома низ други соби бебето си спие во неа, како мини креветче ти е што насекаде можеш да си го носиш. А во транспортерот, што ќе го користам само кога го возам во кола, тој можам да го купам и било каков, има од 2000 ден, а супер се, зашто искрено не сакам да го возам во транспортерот, монтиран на количката зашто ептен е како свиткано бебето и треба да мислам поминал еден саат или не. Иако може е ортопедски како што викаат ама затоа не ми треба транспортер во трио варијанта, зашто не планирам да го местам на количката. Едвај бебето ќе го собере а не и ќебенце и подебели алишта, зашто ќе биде зима. Во БебеКонфорт има и такви транспортери што не се ограничени со време и бебето внатре не е свиткано, и тие се околу 10 илјади (скапи ) Еве овде може да ја видиш количката, роднините мои ја купија во април на промоција беше сите 3 дена 28 илјади, но сега е да не речам дупло - 42 илјдаи е ТРИО варијантата, а само количка 23-4 илјади. Значи ептен скапо. Затоа најдов број од продавницата во Солун, ќе се јавам и ќе израчунам со такс фри колку ќе ми излезе, ако и од таму е многу скапо, ќе се откажам од овој модел и ќе барам друг. http://www.bebeconfort.com/products/pus ... ideos.aspx
И ние ја земавме зелената, супер си е за парите, еднинствено што мене ми пречи се дуплите тркалца кои се малку неудобни кога ја возиш со бебето свртено кон тебе.
Ние кога баравме исто беше проблем да најдеме поголема и поширока знаејќи дека бебушот ќе биде голем. Од тие што ни се свиѓаа и што ни одговараа на џебот како поширока од сите останати модели ни ја посочија Чиполино Оптима. Таа и ја земавме. Основен модел беше 16 000 во Локо Кроко, а во Алф од Прилеп 14 000, и си ја земавме од прилепчаните, со плус 200ден достава. Тежи 11кг, со големи убави тркала кои не пречат во одењето. А од тоа што гледав низ многу продавници, поретко се наоѓаат колички со гумени тркала и амортизери и се поскапи тие модели. Што се однесува до транспортерот да споделам мислење и искуство, нас ни го дадоа, затоа купивме само количка, но од оваа дистанца кога веќе го користиме 3 месеци, освен за превоз во кола за ништо друго не ми е практичен. Толку му е тесно на детето внатре, а материјалот од кој ги изработуваат ужасно ја поти и покрај тоа што ставам под нејзе чаршавче. На него пишува дека е до 13кг, но се размислувам поскоро да купам седиште за во кола, вака не бива. А мислам дека има седишта од 0+ па одлучи си дали ти требаат и транспортер и корпа. Малце офф топик, миризбата во Локо Кроко е од точаците што се во истата просторија со количките, баш и јас истото го приметив и го прокоментирав
Мешиња, ние сме многу среќниии, си купивме количка. Од Енци Менци, ТРИО варијанта , мнјогу лесна за користење и маневрирање, лесна за носење (8кг) и за нас беше супе цена, 20700 сите три дела. Еве ја да ја видите, се мислевме мечу крем и тегет, и на крај земавме тегет, и на мама и на тато омилената боја се надевам ќе му се допаѓа на синко Заборавив да кажам, и торба следува во комплетот, зимска прекривка и прекривка за дожд.