Да секако само германска е странава ако ти врши работа https://www.baby-walz.de/p/joie-chrome-dlx-kombikinderwagen-p1646700/?variantId=P1646700_232938195
Има Joie во Енцименци, али нема толкав избор како во Германија. Нема 2-3 во 1, повеќе се летни и евентуално зимска 1 во 1 Мене многу ми се свиѓаа вака на изглед, здравје да затопли времево да ги видиме во живо па може и ќе земеме некоја летна
Ги немам сретнатно, веројатно заради тоа што моментално барам 2/3 во 1. Со тоа да се опремиме, па ќе мислиме за летна здравје понатаму.
Ние ја имаме Joie Litetrax 4, презадоволни сме. Нешто преубаво и практично. Мислам дека е ова друг модел ама сите на оваа фирма се многу фалени во Англија и Германија. Јас би ја зела
Имав гледано и јас други модели стварно изгледаат квалитетни. Штом се испробани значи да не се мислам
Преубава е мила, со здравје да си ја возите лепотицата во неа! ❤️ ПС: и кученцето ти е преубаво, блазе тебе.
Има некој искуство со оваа количка на Чиполионо? Ја немам видено во живо, да не е мн мала? Ги има ли некаде во Скопје на Чипочино количките?
Оваа баш не,но слична на неа е Мони Гала,таа ја купивме. Ја користевме до 5,6месеци и после купивме летна,а таа ја пензиониравме. Во однос на летната тешка за возење,тешка за кревање,огромни широки тркала. До 3месеци го возев со транспортерот на неа,за тоа ми беше многу практична,го вадам од кола и право на количка. Но кога почнавме во полуседечка и седечка позиција да го ставаме,детево се слекуваше надоле,за седење ич не е удобна корпата. Затоа се решивме да купиме летна количка. Нешто слично на овој тип колички имаше и во Бебе хоум ,модел Кидо џез,само поскапа е околу 18 000. Можеби да ја купевме таа немаше да купиме летна. Вака пак си ги дадовме истите пари.
Моравме да правиме компромис на крај, па одлучивме за макси-кози џиа. Сега уште транспортер. Не е идеална за новороденче ко што сакав, ама тоа е... на почеток ќе се снаоѓаме па од 6+ ќе му е супер.
Ми се направи тотален хаос со количкиве, веќе нзз што да гледам. Малку сме ограничени со буџет, околу 15000 (еве и плус 2-3000 да кажеме). Барам количка со алуминиумски рамки, полна гума тркала што ротираат, да се врти седлото и накај тој што ја вози количката, лесно да се склопува (за да можам сама да ја склопувам), да има колку толку добра амортизација-да не ми се расклати и раскрцка за 3 месеци. Е сега додатоци не ми се неопходни, може и без транспортер да оди, а исто и без корпа може, по коментарите од тука нејќам самото седиште да се прави корпа зошто тие седишта се помали, па да не му висат нозете на бебето (ако постои некоја со нормална големина и добра постсвеност на нозете може и тоа да помине). Постои ли нешто вакво? Некој поискусен да ми даде предлог за ваква количка? Мислам го пукнав сопругот, само кај вас гледам спас